Среда, 11 Март 2020   
85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (2)

31

ИСЕЛУВАЊЕТО НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕВРОПА

Кога се пишува за Гојко Јаковлески неопходно е да се напише за македонската емиграција во европските земји, денес Европска Унија, бидејки Гојко е значаен дел од судбината и вистината на Македонците на стариот континент. Тој беше и е во центарот на збиднувањата на македонската емиграција педесеттина година како активист и донатор.

Инаку, покрај малубројното иселувањата на Македонци во западноеропските земји во текот на  XX век, во аналите на раселувањето на емигрантите од логорите во Грција, Италија и Австрија е забележано дека започнало во 1951 година, кога Македонците биле испраќани главно, во Австралија, Нов Зеланд и Јужна Америка (Бразил и Аргентина). Од 1957 година, Македонските „логораши“ биле испраќани во Белгија, потоа во 1958 и 1961/62 во скандинавските земји. Во седумдесеттите години, пак, се засили бранот на иселување кон Европа на работните со статус на привремена (стална) работа и престој во странство.

Исто така, се проценува дека во Европската Унија (Германија, Шведска, Данска, Норвешка, Франција, Белгија, Швајцарија, Австрија, Италија, Велика Британија, потоа во Словенија, Хрватска, Чешка Словачка, Полска, Унгарија, Романија, Украина, Русија и други земји) живеат околу 200.000 граѓани од македонско потекло. Според неофицијални податоци има и десетина илјади Македонци од Беломорска Македонија и помал број од Пиринска Македонија.

Овој број на Македонците во Европа во последните години речисн е непроменлив, или варира со помали осцилации.

По Втората светска војна, особено по поразот на Демократската армија во Граѓанската војна во Грција, на чија страна масовно учествуваше и македонското население од Егејска Македонија, со надеж дека конечно ќе ги добие своите национални и социјални права, иселувањето во прекуокеанските земји осетно се засилило. Исто така, со либерализацијата на политиката за одење на работа во други земји од поранешна СФРЈ, дошло до иселување на голем број граѓани на тогашна Социјалистичка Република Македонија.

Меѓутоа, големината, динамиката и карактерот на преселничките движења од почетокот па до денес, се различни и по форма и по содржина и соодветствуваат на фактите на општествено-економскиот и политичкиот развој на Македонија, како и на промените во миграциските политики на земјите на доселувањето.

Поради миграциските движења и поради зголемувањето на наталитетот и други фактори, бројот на македонските иселеници расте од година во година. Не постојат целосни и попрецизни податоци за Македонците на Балканот и за македонските доселеници во прекуокеанските земји, Европската унија и во други земји. Официјалните  статистички податоци, пак,  за бројноста на македонските доселеници низ светот, се нереални од многу причини.

32

Според Министерството за надворешни работи на Република Македонија (МНР на РМ) во Сојузна Република Германија има 40.400 со регулиран престој (Централен статистички уред на СРГ, 1999 година, во Швајцарија 53.907, со регулиран престој, во Белгија 2.059 со регулиран престој, во Холандија 577 (Холандско биро за статистика), во Големото Војводство Луксембург 358, во Италија 21.988 (според МВР на Р.М., во Полска 150 македонски семејства (според МВР на РМ, а во поранешна Република Југославија 47.200, според официјалниот попис. Според еден австриски извор, пак, во етничка Македонија во почетокот на минатиот, (XX) век  живееле околу седум милиони луѓе.

За жал, Македонија нема прецизна база на податоци за бројот на своите иселеници и етнички Македонци кои живеат како малцинство низ други држави во светот. За гласање во странство при македонски избори се пријавуват околу 150.000 Македонци, а Агенцијата за иселеништо користи статистички податоци на земјите во кои се смета дека има значителна концентрција на етнички Македонци или иселеници, и според податоците околу 500.000 Македонци денес живеат во другите држави.

Но, оваа бројка уште веднаш се смета за нерелевантна затоа што е познато дека во Грција Македонците немаат можност за етничко изјаснување, а во Бугарија и Албанија се попречувани да го остварат тоа право кое формално го имаат на располагање, но тешко или никако го остваруваат.  

За жал, фицијална бројка на Македонците во Егејска Македонија воопшто не е позната бидејќи грчката држава не признава македонски народ и македонско малцинство, и на пописните списоци не постои графа Македонец. Македонската организација Виножито (Политичка партија на Македонците во Грција) вели дека во Егејска Македонија живеат околу 400.000 Македонци, но немаат правна можност така и да се изјаснат, а голем дел од младото македонско население се асимилира, не зборува македонски јазик бидејќи долг период тој бил забрануван од грчките власти.

Поради репресии и насилните иселувања на голем број Македонци од 1913 до 1922, и населување на грчки колонисти на нивно место етничкиот карактер на егејскиот дел на Македонија се создале големи промени во етничкиот состав на таа територија. Македонците од мнозинство (над 60%), денес се малцинство (со околу 19-20%), и се најмногу населени во западните и северозападните краишта и во близината на границата со Република Македонија. Македонците денес најмногу се населени во градовите Лерин, Воден, Костур и околните села.

Пиринска Македонија, денес во состав на Република Бугарија, го опфаќа крајниот источен дел на етничка Македонија. Според пописите од 1946 и 1955 година, спроведен во Бугарија, како Македонци се изјасниле 177.035 - 70% (1946) односно 178.862 - 63% (1955) од населението во Пиринска Македонија.

По Втората светска војна за време на Георги Димитров Македонците уживале полни малцински права, а Пиринска Македонија по барање на Југославија најпрвин добила културна автономија која, подоцна, требало да прерасне во автономија според барањето на Тито до Димитров да се припои кон тогашната Република Македонија (Југославија) како кон матична држава, во рамките на Балканската федерација.

По смртта на Георги Димитров (1949 година) таа обврска на Бугарија Софија ја отфрла, а оттогаш па до денес Бугарија, според заклучоци на ЕУ, не обезбедува исполнување на основните етнички права и европски етнички стандарди за Македонците во Бугарија. Па така, на пописот во 1992 година само 10.803 граѓани на Република Бугарија можеле да се изјаснат како Македонци, а според официјални податоци пак од пописот во 2011 година, само 1.654 граѓани на Бугарија се изјасниле како Македонци. Организацијата на Македонците во Бугарија, ОМО Илинден - Пирин наведуваат бројка 0д 187.000 лица - етнички Македонци во Бугарија.

Македонците во Албанија најмногу се населени во три области: Мала Преспа, Голо Брдо и дел од областа Гора. Од сите три области само во областа Мала Преспа на Македонците им се признати малцинските права и таму засега официјален јазик е македонскиот, кој се користи во основно образование. Во Мала Преспа живеат околу 6.000 Македонци. Според здружението на Македонците од Гора, Македонците во таа област претставуваат 82% од населението.

33

Во Голо Брдо поголемиот број од Македонците се од муслиманска вероисповед, а последните години бугарските власти се обидуваат со агитација да прикажат дека таму живее бугарско малцинство. Здруженијата на Македонците од Албанија тврди дека во цела Албанија живеат нешто повеќе од 150.000 Македонци. Односот на Албанија кон Македонците и Македонија се гледа и од фактот дека Албанија ја нема признаено Македонија под уставното име, иако во Македонија се остваруваат сите права на етничките Албанци.

Инаку, Македонците кои работат во поголемите центри ширум Европа, уште со доаѓањето имаат организиран живот преку организациите, клубовите, друштвата, црковните општини, печатот и друтите асоцијации. Досега биле формирани околу 40 клубови и лруг вид асоцијации, со македонско национално обележје и тоа: во Германија дваесетина, во Шведска десетина, по неколку во Франција, во Данска, во Австрија итн.

Оваа форма па општествено собирање придонесува за зачувување на националниот и културниот идентитет на Македонците и нивната врска со родната земја. Тука, со различен успех се организираат информативни (печат, радио), културно-забавни, воспитно-образовни, црковно-просветни, спортски и други активности, кои придонесуваат за зближување во новите средини.

Уште со доаѓањето во новите средини во повоениот период, Македонците во западно-европските земји правеа обили да се организираат. Во почетокот иницијатори беа поединци-емигранти декларирани како антикомунисти во прифатните логори. Оние, пак, емигранти во грчките логори кои изјавија дека се Македонци беа изложени на посебен режим на измачување.

Тие беа, главно, членови на Македонскиот национален комитет (МНК), подоцна преименуван во Ослободителен комитет на Македонија (ОКМ), на Движењето за ослобудвање и обединување на Македонија (ДООМ), на Народноослободителниот фронт на Македонија (НОФМ) и други организации. Македонците во западно-европските земји, покрај тоа што се организираа во политички партии, обично се групираа и печатеа информативни гласила, преку кои ја изразуваа својата политичка и национална определба.

Македонците во западно-европските земји, по примерот на прекуокенаските земји, САД, Канада и Австралија, во изминатите пет децении, започнаа да се организираат на црковно-национално поле. Така, уште во седумдесеттие години, најпрвин во Шведска, потоа Данска, Германија, Швајцарија, Австралија, Франција, Велика Британија... Како резултат на силниот подем денес се организирани или се во формирање 28 македонски православни црковни општини кои се во Европската епархија на Македонската православна црква.

Исто така, значајно поглавје во историскиот развој на Македонците во дијаспората е и прашањето со Македонците со муслиманска вероисповед. Нив ги има неколку стотици во Истанбук, Измит, Бурса и во други градови во Турција, како и во европските и во прекуокеанските земји. Тие се дојдени претежно од Дебарско, Реканскиот крај, с. Горно Врановци, Скопско, Тетовско, Гора (во Србија и Црна Гора, односно Косово) и од други места. Карактеристино за оваа македонска популација е тоа што ја примила муслиманската вера, а ги задржала: македонскиот јазик, културните вредности, обичаите и традициите донесени од Македонија.

Карактеристично за оваа македонска популација е тоа што ја примиле муслиманската вера, а  го задржале македонскиот јазик, културните вредности, обичаите и традициите донесени од Македонија. Како резултат на желбите и напорите на Македонците со муслиманска вероисповед да ги зачуваат своите корени во новите средини, тие таму формирале културно-уметнички и други друштва и асоцијации со македонски карактер.

Слични или идентични се случаите со етничките Турци во Македонија, кои носталгично се поврзани со родната земја и местата на своите предци. Тоа придонесува да се јакнат врските на духовен, културен, и, особено, на економски план меѓу Република Турција и Република Македонија.

Постои одреден број дојденци од македонско потекло коишто живеат во Јужна Америка, Египет, Израел, Јужна Африка, Узбекистан и во Турција каде има голем број Македонци-муслимани и етнички Турци од Македонија.

Има Македонци кои живеат и во Пакистан и кои се нарекуваат потомци од војската на Александар Македонски. Имено, на Хималаите, во најисточниот дел на Пакистан, живее племе кое се разликува од сите наоколу. Тие се високи и русокоси. Имаат своја автономна држава која ја нарекуваат Ханза или Ханза-кут, а говорат бурушевски јазик и себеси се сметаат за Македонци, потомци на Александар Македонски.

Во Уставот на таа хималајска држава пишува дека се потомци на Александар Македонски и неговите генерали. Знамето им е црвено, со златно сонце со осум зраци. Во поново време, малкумина ја прифатиле исламската религија, но си ги чуваат своите стари традиции.

Продолжува

B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Овој човек е главата на фармацевтската мафија во Македонија! Поврзан е со Филипче и Заев?

АФЕРА ФАРМАГЕЈТ (3): Овој човек е главата на фармацевтската мафија во Македонија! Поврзан е со Фил...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.