Среда, 25 Март 2020   
85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (4)

63

ЈАКОВЛЕСКИ – ОД ЗУБОВЦЕ ДО ИСТАНБУЛ

Според кажувањата на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски  приказната за нивните предци е мошне интересна. Имено, нивниот дедо  Петко бил печалбар  во Истанбул, Турција. По професија бил пекар, работел во  фурната на стрико му Илко, кој подоцна со трите деца, двете ќерки и синот Јане го напуштил Истанбул и  се иселил во Чикаго (САД).

Меѓутоа, прадедо им Петко останал во Истанбул, каде се наоѓа и неговиот вечен дом. Тој ја дели судбината на бројни Македонци кои заминале во Турција на печалба. Имено, при крајот на XIX и почетокот на XX век печалбарството во Македонија станало масовна појава.

Голем број население од селата масовно ја напуштале Македонија и меѓу другите градови, заминувале за Цариград и други градови во границите на Турција. Така, по неколку илјади од Леринско, Преспа и Костурско секоја година оделе во Цариград и Смирна. Поголемиот број биле како сезонски работници, а одреден број останувале засекогаш на тие простори. Така, денес има околу 200 семејства, кои повеќе од пет генерации, главно, се наоѓаат во Истанбул и се со православна вероисповед. Верската одредба е една од главните компоненти што ги одвоила од средината во која живеат и ги одржала како компактна етничка група сѐ до денес.

Исто така, преселничките движења на турското население од Република Македонија кон Турција, во периодот од стотина години се одвивал со различен интензитет и претрпел големи трансформации. Меѓутоа, периодот на шеесетите години се карактеризира со интензивни иселувања на Турците, чија бројка изнесувала околу 200.000. Според некои неофицијални податоци денес во Турција има околу еден милион Турци и Македонци муслимани.

Како севкупен економски-политички и културен центар во турското царство, Цариград одиграл значајна улога и за развојниот пат на македонското население. Градот привлекува многу граѓани од разни земји и значаен е не само како економски и трговски центар, туку одиграл значајна улога во просветно-културната и верската христијанска активност што се одвивала во него. За жал, македонските иселеници во Турција биле и се заведени како Бугари, како странски државјани, или како турски државјани - христијани.

73 74

Вечниот дом на Петко                         Црквата Христово Спасение во Истанбул

Верската активност што словенското население, а меѓу него и населението од Македонија ја вршело во Цариград била пресудна за Македонците доселеници да го добијат атрибутот Бугари и до денес да го носат тоа име. Тоа е време кога словенското население, поради заедничките интереси за одвојување од Грчката православна црква и создавање самостојна словенска црква, се зближува со надеж за успешно остварување на целта.

Под притисок на елинизацијата и грчката црква, населението од Македонија во Цариград често е нарекувано и грчко, поради што и се приклучува кон тогаш единствено осамостоената словенска, Бугарска егзархија во чие создавање, всушност, активно учествувале и Македонците.

Во Турција верата е идентификувана со етничката припадност и поради тоа само оние народи кои имаат своја црква можат официјално да се наречат со етничкото име. Затоа, повеќето Македонци во Истанбул се заведувале како Бугари.

Немајќи своја држава и друг избор во тоа време, и заштитувајќи се да не станат Грци, македонското население се определува како бугарско, зачувувајќи го на тој начин барем своето словенство.

Повеќето од постарите граѓани од заедницата на преселниците од Македонија во Истанбул при денешното декларирање се изјаснуваат како Македонци, а мал број како Бугари-Македонци, притоа, објаснувајќи го своето потекло и некои од причините за настанатите промени.

Меѓутоа, одреден број од помладите генерации, непознавајќи ги доволно историските факти, временски и просторно доволно оддалечени од татковината на своите предци, за жал, се изјаснуваат како Бугари. Меѓу другите, најголем „придонес“ за ова, секако, има влијанието на црквата и бугарските училишта.

Бугарското училиште во Истанбул постоело сѐ до 70-тите години на минатиот век. Граѓаните со бугарско државјанство можеле да го посетуваат од првиот до седмиот клас, додека, пак, оние кои имале примено турско државјанство, првите четири години оделе во турско училиште со право следните три години да го продолжат во бугарското. Кога децата со соодветно државјанство станале малубројни за оформување паралелки, бугарското училиште се затворило.

75

Железната црква во Истанбул

По укинувањето на училиштето, за подучување на најмладите се организирале курсеви за учење на бугарското писмо и јазикот, а преку дипломатските претставништва се обезбедувале книги и печатен материјал, но подоцна и оваа активност замрела, за во поново време повторно да се интензивира.

Денес во овој град, според некои податоци, живеат околу 200 семејства, од кои освен неколкумина, сите по потекло се од Македонија, а ги има и од Ресенско-преспанскиот крај, Гостиварско-кичевскиот крај и од Скопје. Меѓутоа, најмногубројни се од Егејска Македонија од Костурско, од селата Загоричини, Олишта, Бобишта, Бамбуки, Черешница и Петеле. Тие се дојдени од крајот на XIX век како и од 20-тите и 30-тите години од XX век. Неколку семејства се доселени претежно во Истанбул по Втората светска војна.

Некогашните градинари, пекари, цвеќари и воденичари од Македонија, денес се или сопственици на дуќани, каде што се продава зрнеста храна, жита, семиња, хемиски препарати и помагала за земјоделството, или, пак, се трговци на големо. Поранешните гостилничари имаат модерни ресторани или таверни, некои од нив се многу прочуени во градот.

Во поново време, има златари, лекари, електроинженери и архитекти. Исто така, ги има и во дипломатски претставништва, странски компании, туристички агенции и слично. Овој факт се чини е значаен, бидејќи укажува на добра имотна состојба, што им овозможува школување во странски колеџи во градот или школување во странство.

Во етничката група на Македонците во Истанбул одржувањето на традицијата се јавува непрекинато, особено кога станува збор за верските обичаи што се и пресудни во народното опстојување. По правилата на верските одредби се славеле и се слават не само големите празници како: Велигден, Божиќ, Богородица, туку се слават и многу други денови на светци.

Исто така, и сите значајни мигови од животот, почнувајќи од раѓањето, крштевањето, стапувањето во брак, венчавањето и погребувањето се мигови кои отсекогаш се правеле и до денес се прават по православните верски обичаи.

Македонците во Истанбул  често ја посетуваат црквата „Свети Стефан“, позната уште како „Железна црква“. Таа е под јурисдикција на Бугарската патријаршија. Црквата е изградена од железо во 1849 година и со повеќе финансиски средства од Македонците во Истанбул.. Таа била осветена во 1898 година од егзархиски владици. Таму и денес Македонците, претежно од Егејска Македонија ги извршуваат своите религиозни потреби.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Овој човек е главата на фармацевтската мафија во Македонија! Поврзан е со Филипче и Заев?

АФЕРА ФАРМАГЕЈТ (3): Овој човек е главата на фармацевтската мафија во Македонија! Поврзан е со Фил...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (60)

Манојил Мане Јаковлевски со својот патриотизам, со својата љубов кон Македонија, како и со своите ...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС...

Култура и туризам

News image

НАРОД, ЛУЃЕ БЕЗ ИСТОРИЈА

Марија Емилија Кукубајска

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (27)

ЕКСПЕДИЦИЈАТА НА АРГОНАУТИТЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.