Среда, 29 Април 2020   
85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (9)

2.6

ГОЈКО - СТУДЕНТ НА ШУМАРСКИОТ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ

Во разговорот со Гојко Јаковлески дознавме дека заминувањето во странство на специјализација, односно, на размена на студенти во тоа време се вршелo преку една интернационална организација наречена ИАСТ-е. Подоцна тој разбрал зошто не му дозволиле да ги полага последните два испита: Анатомија на дрвото и Буици, испити кои тој веќе ги имал подготвено за полагање.

Наводно, причината била да биде мотивиран за да има повод повторно да се врати во Tатковината, или како што Гојко вели: „Во титовиот социјалистички рај и така нареченото работничко самоуправување, кое за сите беше голема непознаница и никој реално не знаел како функционира“. Ова го асоцирало и потсетувало на еден виц, шега или вистина.

Имено, кога претседателот на Турција, како што вели, мисли дека бил  Еџевит, бил во посета на СФР Југославија, и функционерите од тоа време го шетале да ги разгледува фабриките како се организирани, на долго и на широко му раскажувале за „работничкото самоуправување”. Но кога дошло време да си замине, на аеродромот го запрашал својот советник или службеник вработен во турската амбасада во Белград во врска со „работничкото самоуправување“, а тој рекол: „Сѐ разбрав, но не можев да сфатам што значеше тоа „работничко самоуправување“? Тогаш, неговиот советник на кратко му објаснил и му рекол: „Господин претседателе, тоа ви е нешто како баши бозук, ала бала. На тоа Еџевит одговорил: „А, сега разбрав!“

Дошол денот Гојко да замине од неговото родно Зубовце во Германија, а тоа било на 19 јули 1961 година. На железничката станица во Гостивар го испратиле домашните и неговите другари и пријатели со песната: „Ајде Радо, дојди, испрати ме, оти јас ќе одам многу надалеку, ееееееј, за Германија“. Сите кои го испраќале му посакале среќен пат со ветување дека ќе го чекаат набргу да се врати жив и здрав.

2.7

Свети Кирил и Методиј

Свети Од Гостивар со возот дошол во Скопје. По пристигнувањето во Скопје, вечерта, се качил на возот за Белград. Случајно во истиот воз патувал и Вељо Симоновски, претседател на организацијата која се грижела за соработката на студентите во странство (ИАСТ), а бил одговорен за Македонија. На 20 јули, во утринските часови, пристигнале во главниот град Белград. Тогаш  Симоновски се понудил да му помогне да се снајде околу визата, која, како што му било речено во Скопје, ќе треба да ја побара во Белград.

Веднаш по симнувањето од возот, тој го однел во канцеларијата на ИАСТ за да се информираат дали е пристигната визата за Западна Германија. Одговорот бил негативен. Бидејќи повеќе денови Гојко добивал ист одговор, дека визата сѐ уште не пристигнала, бил принуден да остане во Белград повеќе денови отколку што планирал.

Гојко останал во Белград, во градот за кој често се вели дека е крстосница на Балканскиот Полуостров и пошироко, меѓународна комуникациска метропола, чии патишта водат на сите страни во светот и од светот, како по сувоземен, така и по воден и по воздушен пат. Тоа се должи на неговата местоположба, комуникациските врски, природните услови, територијалниот развиток и други карактеристики.

Самата местоположба на Белград му дава вонредно и стратегиско значење. Неговата историја најубаво се гледа во имињата што ги носел, а тоа е историја на една значајна гранична тврдина, место за војување и помирување, место за кое се бореле и Авари и Словени и Австроунгарци и Турци и Бугари, Византијци, Унгарци, Германи...

Во разговор Гојко нѐ информираше дека во текот на престојот во Белград спиел кај сопругот на баба му Вексима, ќерка на неговиот прадедо Маноил, а сестра на дедо му Петко. Тој бил симпатичен човек со широко срце. Многу бил среќен што Гојко му дошол на гости. Бил сам, бидејќи баба му Вексима тие денови не била во Белград. Со него поминал прекрасни часови. Тој му раскажувал за неговиот живот, за проблемите што ги имал. Со еден збор бил пријатен соговорник и драг роднина.

Во текот на престојот во Белград се нашол и со Петко, чија мајка се викала Горица, а немал татко. Тој му бил пријател од Зубовце. Петко работел во угостителство, бил одговорен во самопослуга за брза храна, на улицата „Балканска“, која се наоѓала во близина на Теразије и хотелот „Москва“. Петко одвреме-навреме од самопослугата му давал храна без да плати, што за Гојко била голема помош. Еден ден Петко го однел дури и на плажа на Ташмајдан, а еден дон Гојко сам отишол да се капе на Дунав, меѓу стариот и новиот мост.

Инаку, голем број Македонци од Гостиварско, Тетовско, Битолско, Струшко, Прилепско, Кичевско и од други региони на Западна Македонија доаѓале во Белград на печалба. Тој број уште повеќе се зголемил меѓу двете светски војни, особено по Втората светска војна, кога во Белград немало само фурнаџии, кафеанџии, семкари, слаткари и други занаетчии, туку дошла и плејада познати и признати културолози, политичари и граѓани на светот.

Меѓу двете светски војни голем број Македонци оделе да се школуваат во Бугарија, Русија и бројни европски метрополи. Меѓутоа, по Втората светска војна Белград станал центар за голем број македонски студенти кои се стекнале со високо образование (како еден од авторите на монографијата Славе Катин), за потоа да работат во својата татковина како професори, лекари, инженери, уметници, новинари, правници итн.

Во текот на престојот во Белград, Гојко секој ден одел во канцеларијата на ИАСТ и  прашувал  дали му стигнала визата. Дури испратиле и телеграфско барање во Германија во врска со издавањето на визата која ја чекал. Бил принуден да чека, со што почнал постепено, ден по ден, да се разочарува, но, сепак, бил со добра мисла  дека наскоро ќе патува за Германија.

Додека ја чекал визата, имал доволно време да го посети и Мино Спасевски на Ада Циганлија, кој бил на Сојузна работна акција. Мино пријатно се изненадил кога го видел Гојка, бидејќи мислел дека тој веќе бил заминат за Германија. Во Белград, на 23 јули, стигнал и неговиот драг пријател Раде, кој пред тоа бил некаде на пат. Инаку, со Раде и со  Мино биле побратими. Тогаш Раде му предложил да одат заедно во Нови Сад, во Војводина, бидејќи требало таму да ја однесе ќерка си кај негов роднина.

Гојко со задоволство го прифатил предлогот и тргнале на пат. Патувањето за Нови Сад добро му дошло на Гојко за промена, сакал да види нови места, нови простори. Таму Раде го поканил да го чести во еден ресторан што се наоѓал над реката Дунав. Гостите ги забавувал познат тамошен оркестар. За добро расположение тие нарачале македонска песна, а музичарите им отпеале повеќе што за нив претставувало пријатно изненадување. Ноќта преноќиле кај роднините на Раде, а другиот ден се вратиле во Белград.

2.8

Белград

Инаку, на пат за Нови Сад Раде го информирам Гојка дека во Војводина, поконкретно во Земун, како и во селата Јабука, Качарево, Глогањ и други места живееле бројни македонски семејства, меѓу кои се познатите кичевски фурнаџии кои го одомаќиниле и бурекот и другите македонски специјалитети, како и Преспанци кои го збогатиле овоштарството. Во селото Јабука, кое наликува на град, живееле повеќе од шест илјади жители, од кои 80 % биле Македонци, кои свиле семејни гнезда во рамниот Банат.

Таму, „Кочо Рацин“, „Гоце Делчев“, „Македонија“ биле најчести имиња на културните, образовните, спортските и другите организации. Така, Домот на културата го носел името „Гоце Делчев“, културно-уметничкото друштво на Македонците се викало „Васил Хаџиманов“, а основното училиште го носело името „Гоце Делчев“. Сето тоа зборувало за врската на Македонците во Војводина и пошироко со дедовската земја Македонија.

Исто така, на Гојко му останала во сеќавање средбата кога на Теразије, пред хотелот „Москва“, случајно го сретнал и Тоде Милошески, гостиварец, наставник по музичко воспитување, вработен во ЦОУ „Братство и единство“ во Гостивар.

А, Теразије во минатиот век било мочуриште, а денес таму се возвишуваат бројни културни, просветни и трговски институции. На овој простор се наоѓаат и хотелот „Балкан“, оставнината на Мавровчанецот Јаниќ. На Теразије се наоѓа Палатата „Албанија“ која пред Втората светска војна била највисоката и најубавата зграда во Белград.

Откако се поздравиле Тоде го прашал за целта на неговото доаѓање во Белград. Гојко му одговорил дека бил на пропатување за Германија. На прашањето на Тоде во која Германија ќе патува, Гојко му одговорил дека оди за Западна Германија. Тогаш Тоде го погледнал в очи и му рекол дека тој таму ќе успее. По многу години, Гојко сфатил што учителот Тоде Милошевски сакал тогаш да му каже.

Конечно дошол денот на толку очекуваното и посакувано патување. Од Германија пристигнала информација дека визата била меѓу документите што му ги дале во Скопје. Гојко бил огорчен поради тоа што надлежните од факултетот биле погрешно информирани, па морал цели две недели да лута низ Белград. Истовремено бил многу среќен што ќе патува за Германија.   Заминувајќи за оваа богата  и демократска држава, ги заборавил  сите маки што ги доживеал на тоа патешествие од Зубовце до Белград.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македониј...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.