Среда, 29 Април 2020   
ДАНА СКЕНДОВА – СКОТЛАНД БРАНИТЕЛ НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА ВО КАНАДА (2)

2.9

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНСКИ ИСЕЛЕНИЧКИ МЕРИДИЈАНИ“ – КАНАДА

Судбината Дана Скендова Скотланд била, да ја напушти Македонија во немирните времиња исполнети со прогони, неправди, страв и се’ она што може да го донесе војната и недемократските системи. Таа од родната Македонија го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа до крајот на животот

Животот на Дана Скендова-Скотланд започнал во Битола во 1944 година, во градот на конзулите и градот на културата и образованието, за потоа во 1951 година заедно со родителите да замине во Канада каде и сега живее. Таа од родната Македонија го понесе единственото чувство дека е Македонка и дека ќе остане тоа до крајот на животот.

Нема поблагородна работа од чувството да се осветли историската вистина за една Македонка и нејзиното поколение како што е Дана Скендова-Скотланд. Проникнувањето во индивидуалните хоризонти на Дана ја откриваат сликата за судбината на Македонеците од библиска Македонија, особено за прогонетите од своите дедовски корени од егејскиот дел на Македонија.

Судбината Дана Скендова Скотланд била, да ја напушти Македонија во немирните времиња исполнети со прогони, неправди, страв и се’ она што може да го донесе војната и недемократските системи. Патот ја однел на повеќе балкански простори, за на крајот  да се пресели во Канада, каде Дана со своето семејство живее повеќе од педесет години. 

Меѓутоа, иако ова доблесна Канаѓанка од македонско потекло со семејството живее во демократска Канада, во нејзината втора татковина, таа остана доследно на својата вековна македонска национална припадност и на своите дедовски корени во Македонија.

3.0

Битола

Со право може да се рече дека Дана Скендова Скотланд е голем приврзаник и почитувач на втората татковина–демократска  Канада и родната Македонија и дека таа е  еден вид мост меѓу Македонија и Канада. Тоа се потврдува со зборовите на Дана, дека треба човек да се бори за својата иднина, да ги чува семејните обичаи, традициите, религијата, мајчиниот јазик, културата и сите други придобивки, со  цел  да  остави  трајни  белези  за  идните  генерации, кои треба    да ги продолжат древните македонски вредности.

Животната приказна на Дана Скендова-Скотланд е, истовремено и еден вид сторија и историска вистина на Македонија, а преку неа и на македонското иселеништво. Тоа е особено изразено со нејзината Автобиографија за нејзиниот животен пат, каде сублимирано се проектира најновата фаза на историјата на една скромна иселеничка која е на распетие меѓу Македонија и Канада. Со тоа  значењето  на оваа автобиографија, која ја подготви авторот на овие редови Славе Катин, ги надминува рамките на обично дело за животот на едно македонско семејство надвор од Македонија.

Инаку,  автобиографијата „Сеќавања” на Дана Скендова-Скотланд, е огледало на нејзиниот животен пат, судбина, минато, сегашност, дел од нејзините лични и семејни постигнување, како и дел од иднината на  нејзиното семејство. Затоа може да се каже дека со оваа автобиографија во куси црти се проектира еден дел од македонската историја. Таа е интересна и претставува вечно дело на едно скромно македонско семејство од Егејска Македонија.

Во оваа книга даден е  дел од  сликата за Дана и нејзиното семејство Скендови, младото поколение, нејзиниот сопруг Блер Скотланд, нивната животна прикаска и судбина, нивниот заеднички живот  и постигнувања. Во автобиографско дело, на  многу  интересен, наративен  начин, на англиски и на македонски јазик се презентирани историскиот, животниот, семејниот, иселеничкиот и творечкиот опус, пред сè на Дана Скендова–Скотланд.

Дана, покрај тоа што е вљубеник во Торонто, во канадскиот живот, демократските процеси и слободи, таа е голем роднокраен поборник и вљубеник во македонскиот поетски пишан збор, во македонското духовно живеење и македонската заедница. Во исто време со своето скромно поетско постигнување е позната, докажана и призната  во македонската заедница во Торонто, особено преку Литературното друштво „Браќа Миладиновци” што е во рамките на МПЦ „Свети Климент Охридски” во Торонто.

3.1 3.2

Во автобиографијата на Дана Скотланд се прави обид  да се фрли светлина врз нејзиниот животен пат. Трудот е компониран во неколку  дела, во кои секој има по повеќе глави, претставувајќи хронолошка и тематска заокружена целина, иако во основа тие меѓусебно се надоврзуваат и се дополнуваат. Во делото се поместени голем број фотографии и други материјали кои треба да придонесат за поцелосно запознавање на нејзината многустрана значајна личност.

За авторот на овие редови посебно значење е и еден друг факт. Тоа е познанството, пријателскиот однос и добрите релации на нашите родители од пред педесетина години до денес. Затоа и мојата лична благодарност кон Дана и нејзиното семејство за укажаното внимание и чест да ја уредам, преведам и отпечатам оваа значајна автобиографија, дело со дел од интересната животна сторија на Дана Скендова-Скотланд и нејзиното почитувано семејство, која се чита во еден здив.

Исто така, во монографијата се дадени податоци за нејзиниот сопруг Блер Атол Мур Скотланд кој бил роден во болницата „Свети Јосиф” во Торонто, на 26 јуни 1940 година, и бил помладиот син на Џорџ Скотланд и Елена Харви Скотланд. Брат му Џон е постар шест години.

Неговиот татко Џорџ кој бил роден во Пертшир, Шкотска, при крајот на   XX век, бил единствено момче во семејството со четири сестри. Играл фудбал во клубот „Свети Џонсон” и во 20-тите години на  XX век, од далечната Шкотска дошол во Канада во потрага по подобар живот.

Блер учел во државното училиште „Свонси”, но ја имал таа привилегија да го посетува колеџот „Свети Андреј”, приватно училиште за момчиња во Аурора. Колеџот „Свети Андреј” бил во интернат и секое утро учениците морале да стануваат рано, да го наместат креветот, да ги светнат чевлите, да одат на молитва во капела, а потоа да појадуваат. Секоја недела учениците оделе в град да присуствуваат на служба во некоја црква по нивен избор.

Уште од рана возраст Блер имал дарба за спорт и токму тука имал можност да учествува и да игра во многу спортски тимови како што се:  крикет, ватерполо и фудбал. Амбицијата на Блер во тоа време, според писмото од директорот, била да стане одбранбен играч во фудбалскиот тим. Морал да оди на лекарски преглед пред да учествува во каква било спортска активност и откако утврдиле дека има срцев шум, не му дозволиле повеќе да спортува.

За Блер немало здравствени правила што ќе го спречат да учествува во кој било спорт бидејќи тој е роден спортист. Во младите години играл хокеј каде бил голман. Учествувал на спортските натпревари „Хамберсајд” и бил одбранбен играч во фудбалската екипа на средното училиште и шампион во пинг-понг. Преку бизнисот, членовите на неговото семејство биле членови на „Вестон голф” и „Кантри клуб” и како јуниор Блер бил брилијантен во голф и ветувал голема иднина, но, за жал, го напуштил интересот за овој спорт, но продолжил да игра колку што можел почесто. 

Блер живееше и дишеше за спортот и имаше радиофоничен спикерски глас. Можеше да ги рецитира составите на тимовите и статистиката за секој играч во Големата лига, бејзбол, фудбал, хокеј, и за тековните и за многуте години наназад. Секогаш зборуваше за неговата желба да стане спортски коментатор.

Сепак, по завршувањето на средното училиште, Блер се приклучил во семејниот бизнис на татка си и брат му и останал таму додека компанијата не се продала во 1984 година. По продажбата на компанијата, Блер работел во фирмата „Декорал пеинтинг”, како менаџер на канцеларијата, во „Симпсон” со скратено работно време, а потоа 25 години работел во „Сеарс”до неговото пензионирање во јуни 2012 година.

Блер ги сакаше и почитуваше својот брат и снаата Мерилин, како и нивното семејство. Тие му беа единственото негово семејство во Канада. Блер како личност беше многу чувствителен и внимателен, беше длабоко погоден од разделбата на своите родители кога имал само седум години и од прераната смрт на мајка си. Единствениот подарок што му беше многу драгоцен од мајка му беше еден прекрасен сино-сив џемпер-палто и секогаш кога не се чувствуваше добро, ќе го облечеше бидејќи тоа му даваше утеха. Тој исто така беше тажен и огорчен од прераната смрт на неговиот внук Блер Андреј (Дру) кој беше крстен по него.

3.3

Блер и Дана Скотланд

Блер не знаеше ништо за Македонија и за македонскиот народ. За една недела, направи истражување и набргу доби низа сознанија за историјата на македонскиот народ. Поради неговата љубов кон Дана, Блер го прифати народот, културата и религијата. Се запиша во македонско училиште и две години учеше со професорката Софија Росовска и таа навистина беше импресионирана од неговата трудољубивост.

Научи да чита и пишува македонски, но јазикот му беше предизвик. Уживаше во музиката и играше ора. Имаше голем апетит и ја ценеше храната, посебно домашно вино и зелник. Работеше во градината и, освен цвеќињата, научи како да сади пиперки и домати, главни продукти во секој македонски дом, а исто така  во нивниот дом растеше и здравец (цвеќе што носи здравје во куќата). Всушност, Блер  стана вистински амбасадор за Македонија.

Бидејќи Дана немаше привилегирана можност да оди на училиште во Македонија, нејзиниот македонски речник е ограничен, но се обидува да пишува најдобро што може и тоа доаѓа од нејзиното македонско срце, од нејзината душа.

Нејзината поезија се темели на нејзината филозофија, од тоа што таа го чувствува и таа вели: „Она во што верувам во срцето е мојата верба во Бога: да се живее  смирено, со љубов и со почит кон човештвото и самиот живот”.

Таа е член на Литературното друштво „Браќа Миладиновци”. Објавила поезија на англиски и на македонски во делата „Корени”, „Литературна мисла”, „Незаборавени” и „Носталгични воздишки”

Дана Скотланд е медицинска сестра и е хуманист, човекољубец, помагач и волонтер во многу организации. Така, таа, меѓу другото, е Член во Комитетот за контрола (архивски секретар) на црквата „Свети Климент Охридски”, Член на Женската секција на Македонската православна црква „Свети Климент Охридски”, во “Македонски детски фонд,, член на Организацијата „Обединети Македонци”,на Македонско историско друштво на Добротворното друштво „Неволјани” и на Женското здружение „Неволјани”. Дана Скотланд, меѓу другото  е добитник на Награда за волонтирање 1993 - 10 години од Канадско-македонското здружение.

Продолжува

d5 

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Се претвора ли македонското здравство во неетички проект на „Ангелот на смртта“, германскиот лекар Менгеле?

Траумата на родилката од Дебар која што отиде на породување во Струга кај гинекологот Муха...

Историја

News image

Стефан во Христа Бога верен цар македонски

Скоро целосно е непознато кај нас, но уште повеќе кај Србите, Бошњаците и Црногорците, дека во доцни...

Иселеници

News image

ПРЕТСЕДАТЕЛИТЕ НА ЦРКОВНИТЕ УПРАВИ И НИВНАТА УЛОГА – ДЕЛ II (19)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска...

Култура и туризам

News image

14 jануари, стара нова година

На 1 јануари според стариот (односно 14 јануари според новиот) календар македонскиот народ празнув...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (55)

ДВОЈАЗИЧНОСТА,  РЕЛИГИЈАТА И СИМБОЛОТ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИТЕ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.