Среда, 06 Мај 2020   
85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (10)

4.5

ВО „НЕПОЗНАТИОТ СВЕТ“ -  ГЕРМАНИЈА

Патувањето од Белград  до Западна Германија му останало на Гојко Јаковлески како во магла. Додека патувал со возот имал многу време да размислува, да планира, да се радува, а во исто време и да тагува. Постојано си ги поставувал прашањата: како ќе се снајде во „непознатиот свет“ - Германија, колку ќе му значи специјализацијата, што потоа... Многу дилеми и прашања без одговор.

Германија, европскиот и светскиот џин и водечката сила во Европската Унија, е примамлива дестинација во која се доаѓа, се гледа, се шета или се работи и се заминува, а патеписецот останува со извонредни впечатоци за минатите времиња и времињата што доаѓаат.

Германија, или како службено се вели Сојузна Република Германија, втората татковина на Гојко Јаковлески е сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин. Во Берлин човек во поголема мера се соочува и со германската историја - со објекти и споменици на Прусија и на Германското Царство, со архитектура на Вајмаровата Република, со докази за Третиот рајх со места од кои се вршени прогони на Евреите, со докази за едно поинакво време и настани. Ова соочување со минатото, исто така, може да предизвика политичарите на новата генерација да бидат предводници на сосема друг курс во модерните текови и предизвици.

Според пишаните информации, Германија покрива површина од 357.021 км² и, главно, има умерена сезонска клима. Со речиси 90 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки лидер во многу полиња.

Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа.

4.6 

Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризирала германското општество.

Во историскиот развој на Германија се вели дека како и многу простори во Европа, така и Германија била окупирана за време на Наполеонските војни.

Тогаш се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871 година, кое било предводено од Прусија. По Германската револуција од 1918-1919 година, а потоа и военото предавање во Првата светска војна, Царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот мировен договор. Во текот на Големата криза, Третиот рајх бил прогласен во 1933 година. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна.

По 1945 година, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна  и Западна Германија. Во 1990 година, Германија повторно се обединила и била еден од основачите на Европската заедница во 1957 година, а во 1993 година станала членка на Европската Унија. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 година е членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа.

4.7 

И не само тоа, татковината на Гојко Јаковлески, Германија е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на материјални добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита.

Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.

Врз основа на законот Берлин/Бон, донесен на 10 мај 1994 година, Берлин повторно станал главен град на обединета Германија, додека Бон го добил уникатниот статус на Bundesstadt (сојузен град), задржувајќи некои сојузни министерства. Преместувањето на владата било завршено во 1999 година. 

Од нејзините корени, културата во Германија била обликувана од главните интелектуални и популарни струи во Европа, како религиозни, така и секуларни. Германија била нарекувана - земјата на поети и мислители, при што сојузните покраини се задолжени за културните институции.

Во Германија постојат 24- субвенционирани театри, стотици симфониски оркестри, илјадници музеи и повеќе од 25.000 библиотеки низ цела држава. Овие културни можности се користени од многумина: годишно има повеќе од 91 милион посети во германските музеи; 20 милиони лица секоја година одат во театар и опера; 3,6 милиони лица секој година ги слушаат симфониските оркестри. Под заштита на УНЕСКО има впишано 33 објекти како светско природно и културно наследство.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Македонија е убедливо најлош пример на борба со епидемијата во Европа

Тормозењето на граѓаните не значи дека СДСМ има стратегија и мерки против епидемијата. Македониј...

Историја

News image

Илинденските топчиња изработени од монасите на Бигорскиот Манастир

За „Македонска нација“ ги изнесе своите сеќавања 93 годишниот Блаже Јанкуловски-24 Јуни 2009 г.

Иселеници

News image

Сеќавање: 30 години од смртта на Јован Кокаловски

ПОЕТ, НОВИНАР И ОПШТЕСТВЕНИК На 30 мај 2020 година се н...

Култура и туризам

News image

ПРВИОТ РИМСКИ ИМПЕРАТОР ШТО ГО ПРИЗНАЛ ХРИСТИЈАНСТВОТО

3 јуни е празникот на светите рамноапостолни цареви Константин и Елена. 4 јуни е празникот на св...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (23)

КОЛОНИЗАЦИЈАТА НА ТЕБА ОД ФЕНИКИЈЦИТЕ - ДЕЛ I

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.