Среда, 10 Јуни 2020   
ВЕЛИЧЕСТВЕНА ИЛИНДЕНСКА ПРОСЛАВА ВО БЕРЛИН

1.4.4

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (15)

Во чест на 73-годишнината од Илинденското востание, во 1976 година, во Западен  Берлин, била организирана величествена прослава. Сѐ било во знакот на Илинден, 1903 година. Тоа било вистинска македонска прослава. За првпат, прослава на најголемиот македонски празник, била одржана без југословенски симболи. Организатори биле браќата Гојко и Манојил Јаковлески, со помош на многу патриоти во Берлин, кои одолеале  на невидените притисоци, вршени од Воената мисија на СФРЈ, во Западен Берлин. За текот на подготовките за празнувањето, притисоците и заканите Манојил вели:

„Брат ми Гојко, имаше голема желба таа, 1976 година, Илинден да го прославиме на вистински македонски начин, без југословенското знаме и химна. Подготовките одеа тешко, бидејќи имавме опструкции од многу страни. За наша радост, мнозинството Македонци во Западен Берлин, ја прифатија идејата за прославата, и ни ветија дека активно ќе се вклучат во организацијата, а со членовите од фамилијата и со пријателите ќе присуствуваат на прославата. Тоа ни беше голема гаранција, дека ќе успееме и во целост ќе ја реализираме илинденската прослава. Пред прославата, го поканивме Јонче Христовски, легендата на македонскиот фолклор и кантавтор.

Знаевме дека како  поранешен член и кореограф, на фолклорниот ансамбал „Танец“ и сестран уметник, ќе може да ни помогне многу во подготовките на програмата, а и да исполни повеќе македонски патриотски песни. Со задоволство ја прифати поканата, дојде и веднаш се вклучи во подготовката на музичката програма. За неколку дена, го подготви хорот и на прославата беспрекорно ја испеа македонската химна „Денес над Македонија се раѓа, ново сонце на слободата...“

Вработените во Воената мисија на СФРЈ, во Западен Берлин, беа максимално ангажирани, да нѐ спречат во нашите настојувања. Ги заплашуваа Македонците, да не учествуваат во програмата и да не присуствуваат на Илинденската прослава. Но, нивните напори, не вродија со плод. Исто така, невиден притисок беше вршен  врз Гојко, да ја откаже прославата, или, пак, ако  сака да се одржи, тогаш тоа да биде под услови, што ќе ги постават тие и според нивно сценарио.

1.4.5

Мотив од ресторанот „Ново Скопје“

И едниот и другиот предлог Гојко, без размислување, ги одбил. Воената  мисија, откако увидела дека со сила не може да успее, по доживеаниот неуспех во преговорите, тактиката ја сменила, кон Гојко почнале да се однесуваат пријателски. Предложиле и тие да учествуваат на прославата, со тоа што ќе го напишат  поздравниот говор, а Гојко да го прочита.

Но, тој  категорички ја одбил понудата, одговарајќи им дека нема намера да чита туѓ говор. Потоа, кон нас беа упатени  закани и уцени. Ни се закануваа, дека ќе ни ја одземат патната исправа и дека ќе не затворат, кога ќе влеземе во Југославија. Не потклекнавме на притисоците и на 2 Август, на Илинден, ја одржавме прославата. На наша покана, како гости  присуствуваа македонски мигранти и од други делови на Европа.

Организиравме и фудбалски турнир, на кој учествуваше и ФК „Хајдук“, од нашето родно село Зубовце. Нашата цел  беше заедничко дружење на Македонците од Македонија, со Македонците кои времено живееја и работеа во Европа. Сакавме   младите да видат, дека не е сѐ така лошо на Запад, како што се проповедаше и како што ги учеа во Југославија. Прославата помина во најдобар ред. Имавме обезбедување од германската полиција, која ни ја гарантираше безбедноста. По нивен совет и ние поставивме наше обезбедување, на влезот во салата. На прославата, беа присутни околу 800 луѓе.

Во Западен Берлин и пошироко во Европа,  дотогаш не беше одржан  така масовен собир на Македонците, на кој првпат јавно беше искажан македонскиот патриотизам, без југословенски обележја. Фудбалскиот турнир, го следеа неколку илјади гледачи и на наше големо задоволство, првото место го освои ФК „Хајдук“ од Зубовце. Гојко Јаковлески на свечената прослава во чест на 73-годишнината од Илинденското  востание одржа дваесетминутен инспиративен говор  пред неколку стотина  Македонци од Западен Берлин и од неколку градови на Западна Германија, кои се наоѓаа на привремена работа и гости од Македонија.

1.4.6

Откако направи осврт на херојската борба на илинденците - за големата велика Илинденска епопеја, за маките и животот на македонскиот народ низ вековите под окупаторите, потенцира дека историјата може да биде фалсификувана, но историската вистина не може да биде скриена од фалсификаторите. „Илинденското востание  не било насочено против  турскиот народ, туку против султанскиот деспотизам, против неподносливиот гнев и жестоката експлоатација на пашите и кајмакамите кои предизвикувале несреќи и страдања не само на македонскиот, туку и на турскиот народ. Како што вели Гоце:

„Јас не ги мразам Османлиите како народ, јас војувам против Османлиската Империја како господаречки систем“. На крајот Јаковлески ќе заклучи дека Македонците се бореле со векови, борбата не престанува сѐ до целосното обединување: „Под знамето на Илинден 1903 година се роди нов македонски Илинден, се роди нова македонска република, како национална држава на македонскиот народ.

За жал, плодовите од тој втор Илинден останаа недостапни за Македонците во Егејска и Пиринска Македонија, кои и денеска уште се наоѓаат под национално ропство, кое е потешко и од турското, бидејќи грчките и бугарските завојувачи плански работат за тоталното истребување на македонскиот народ, односно на македонската нација и на тој начин вршат нечуен геноцид, физичко и морално истребување на цела една нација во тие земји.

Денеска со право може да се каже дека идеалите на Големиот Илинден уште не се остварени, заветите на илинденците уше не се остварени. Тие завети ќе бидат остварени кога сонцето на националната слобода ќе изгрее за сите Македонци, а тоа ќе биде кога сите Македонци и во Пиринска и во Мала Преспа и во Егејска Македонија ќе имаат право да кажат дека се Македонци! Затоа Македонците се бореле  со векови и ден денес  не престануваат да се борат, за целосно обединување на Македонија. НЕКА ИМ БИДЕ ВЕЧНА СЛАВАТА НА ХЕРОИТЕ НА ДВАТА ИЛИНДЕНА!“

Продолжува

 KatiN 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.