Среда, 01 Јули 2020   
ДЕЛ ОД СЛИКАТА НА ПМЦ „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

1.9.4

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (18)

Македонските православни цркви и црковни општини (МПЦО) во Европската Унија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини, пред сѐ, имаат добиено широка поддршка од домашните влади и од мајката - Светиклиментовата црква.

Со формирање на црквите и црковните општини во Европа, во голема мера се придонело да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на македонските доселеници во Европската Унија, без разлика од кој дел на Македонија, и со какви патни исправи се дојдени во новите средини.

Преку МПЦО, преку членување во тие духовни домови, добивале документи што сведочат дека се Македонци, а со тоа стекнувале право да избираат и да бидат избрани во црковно-општинските тела. Така, тие добивале крштеници, венчаници, смртовници, и други документи кои се официјални и законски пред тамошната админстрација.

Со поголемиот прилив на емигрантите во Европа, во последните педесетина години, се зголемил бројот на православното население, чиј број е за неколку десетици илјади поголем во споредба од пред Втората светска војна. Затоа има мешање на православните со луѓе од другите религии. Сето тоа доведува до брзи промени во општеството каде што припаѓаат и македонските православни верници. Македонската православна црква, како и другите православни цркви што дејствуваат во Европската Унија, има своја Епархија што е значајно духовно и културно просветно тело.

Европската епархија на МПЦО ги штити, ги организира и ги афирмира сите македонски црковно-патриотски интереси и потреби, овозможувајќи им на Македонците од сите делови на Македонија да ја чувствуваат националната и црковната слобода. Епархијата обезбедува услови за сѐ поголема афирмација на целокупното културно наследство и современиот напредок на македонскиот народ. Тоа е потврдено и од Европската Унија, која Македонците ги смета за одделен народ со свој национален идентитет и со големи заслуги за културниот развој и на другите народи и претставува жив мост за пријателските односи меѓу Македонија и новите татковини.

1.9.5

Св. Климент на Плаошник

Со зголемувањето на бројот на македонските православни црковни општини во западноевропските земји, денес Европската Унија, се појави потребата од формирање на нова епархија на Македонската православна црква. По примерот и начинот на работењето на Американско-канадската и Австралиската епархија, започна да се размислува за организираноста на македонските православни црковни општини и во Европа во една епархија што ќе го носи името „Европска епархија на МПЦ“.

Така, оваа идеја беше искористена во текот на посетата на високата делегација на МПЦ предводена од поглаварот господин господин Михаил, прва од таков вид во Германија, во февруари 1994 година. Тогаш се формирал и голем иницијативен одбор за основање на Европска епархија.

Имено, на 27 февруари 1994 година во Мајнц се собрале претставници на МПЦО од СР Германија, Шведска, Данска и Швајцарија, при што биле прифатени одлуките на Црковно-народниот собор на МПЦ од 4 до 6 декември 1993 година за основање на европска епархија. Потоа било избрано времено тело што ќе ги врши сите работи околу основањето на епархијата, а бил формиран и фонд на име на Епархијата. Посебна важност и време делегатите посветиле на прашањето околу пополнувањето на црковните општини со редовни свештеници. 

Реалноста говори дека Македонците во западноевропските земји своите верски празници ги прославуваат во клупските простории, или, пак, во изнајмени црковни објекти, обично на Католичката, Методистичката и Евангелистичката црква во Германија, кои за среќа, секогаш им излегувале во пресрет. Меѓутоа, Македонците сѐ повеќе сакаат да се организираат во свои цркви во кои ќе се одржуваат богослужби на македонски јазик, крштевки и други активности поврзани со црковниот живот. Затоа било неопходно да се формира Европската епархија.

1.9.6

Инаку, Македонците во Германија се организирани во три заедници: Македонска заедница за Северна, Средна и Јужна Германија. Седиштето на Македонската заедница е во Лацен и во неа се вклучени следните асоцијации: со име „Македонија“ постојат клубови во градовите: Берлин, Биелефилд и Бремен, со името „Гоце Делчев“ во Берлин и во Вилхемшафен, со името „Јане Сандански“ во Брауншвајг, „Илинден – 1903“ во Хамбург и Лацен, „Никола Карев“ во Оберкирхен, „Македонска зора“ во Офенбург, „Вардар“ во Синделфинген, „Изгрев“ во Сан Георген, „Свети Кирил и Методиј“ во Улм, „Пелистер“ во Елванген, „Малеш“ во Манхаим, „Македонско сонце“ во Карлсруе, „Скопје – Балкан“ во Дозенхаин, „Александар Македонски“ и други.

Меѓутоа, за Македонците во Берлин најзначајна духовно – национална институција, секако е Македонската православна црква „Свети Климент Охридски“. Иницијатори за формирање на оваа црковна општина се членовите на Македонскиот клуб „Гоце Делчев“, на чело со Гојко Јаковлески. Иницијативата за формирање на црковна општина датира од 13 ноември 1972 година, кога Гоце Македонски испратил писмо до Светиот архијерејски синод на МПЦ со барање за формирање на македонска црковна општина под име „Свети Климент Охридски“ во Берлин.

Идната година во јануари 1973 година, првиот поглавар на Македонската православна црква, архиепископот охридски и македонски – господин, господин Доситеј испратил делегација во која биле протојерејот Петар Јорданов и Доне Илиевски, кои престојувале како гости кај Гоце Македонски.

Исто така, архиепископот Доситеј  му испратил одговор на писмото на Гојко, во кое, меѓу другото се вели: „Со поднесените информации, делегацијата не извести и во детали не запозна со Вашите настојувања и ангажирања за поуспешно организирање на црковниот живот за Македонците, верници на нашата Светиклиментова македонска православна црква. И овој пат Светиот архијерејски синод Ви ја испраќа својата архипастирска порака да бидете поврзани со искрена братска љубов, да ги сакате и христијански да се однесувате со сите луѓе со коишто живеете и работите, да ги негувате позитивните државни и црковни законски норми на земјата во којашто живеете. Нашиот човек отсекогаш бил трудољубив, чесен и покорен на државните закони.

Западна Германија е земја што се раководи од демократски и хумани традиции, кои легнале длабоко во нејзиното законодавство. Наша желба е Вие чедата на Македонската православна црква со своите дела и со својот живот да ја манифестирате припадноста на еден чесен народ и на една црква која со векови не раководела во духовниот живот според евангелиските принципи.

На своето последно заседание, одржано на 8 март 1973 година, Светиот архијерејски синод уште еднаш го разгледа Вашето писмо и едногласно донесе одлука и ја потврди веќе организираната македонска православна парохија „Свети Климент Охридски“. Свети Климент Охридски е основоположник и патрон на Македонската православна црква и на сѐ што не карактеризира како одделен народ.

Кон писмото ја приложуваме нашата одлука, со која Ве примаме во Македонската православна црква. Вие сте составен дел на Македонската православна архиепископија и ќе бидете под директно раководење на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква.

Ви го испраќаме нашиот архипастирски благослов и Му се молиме на нашиот Господ Бог и спасител Исус Христос, на свети Климент Охридски – да бидат секогаш со Вас, да ги просветуваат и да ги осветуваат Вашите души и срца, за да го прославувате името Божјо и да го следите патот на свети Климент и на сите оние што работеле и се бореле за доброто и за духовното издигнување на македонскиот народ.

Продолжува

 B3

Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

 Слободан Томиќ Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени... Полит...

Историја

News image

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (62)

Маноил Мане Јаковлевски својот живот го посветил на македонската кауза. На тој пат него го следат ...

Култура и туризам

News image

СЕДУМ ГОДИНИ ОД УПОКОЈУВАЊЕТО НА МИТРОПОЛИТОТ КИРИЛ

Митрополитот полошко-кумановски г. Кирил почина на 10 јуни 2013 годинаа, а бешероден како Никола П...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (29)

ПОТЕРА ПО АРГОНАУТИТЕ И НИВНОТО ВРАЌАЊЕ – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.