Среда, 08 Јули 2020   
ОСВЕТУВАЊЕ НА ТЕМЕЛИТЕ НА ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ ВО БЕРЛИН

2.1.6

85 ГОДИНИ ОД ЖИВОТОТ И ДЕЛОТО НА ГОЈКО ЈАКОВЛЕСКИ, АЛИАС ГОЦЕ МАКЕДОНСКИ (19)

Во донесената Одлука, меѓу другото, се вели дека Управата на македонска православна парохија при црквата „Свети Климент Охридски“, Западен Берлин – Германија, потпаѓа под канонска јурисдикција и под директна управа на Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква со седиште во Скопје.

Истата, за своите потреби ќе се обраќа  до Светиот архијерејски синод, и ќе се управува според Уставот на Македонската православна црква и според правилата кои Светиот архијерејски синод ќе ги пропише за таа македонска православна црква.

Светиот архијерејски синод едногласно го потврдува и го официјализира  предложениот состав: Гоце Јаковлески, за претседател, Спасе Трпевски, за потпретседател, Стеван Доневски, за секретар и Јордан Јаневски, за благајник.

За жал, оваа желба и барање не се оствариле за формирање на црковната општина „Свети Климент Охридски“ и покрај тоа што сите подготовки биле направени за отпочнување на црковниот живот.

За среќа, Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“конечно била формирана на 17 мај 1991 година во Берлин, по поминати 18 години од првата благородна црковно-патриотска иницијатива на Гоце Јаковлески. Овој пат нејзин прв претседател на црковниот одбор бил Маноил Јаковлески – Мане брат на Гојко Јаковлески, алиас Гојко Делчев-Рафкин – Гоце Македонски.

Инаку, на 27 јануари 2002 година на Годишното собрание, на предлог на надлежниот епархиски архијереј Неговото високо преосвештенство господин Горазд, Гојко Јаковлески со акламација е прифатен за доживотен претседател на црковната општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин.

Во организација на Македонската православна црковна општина „Свети Климент Охридски“ во Берлин, на „Осдорфер штрасе“ 16, во местото Лихтерфелде, со благослов на митрополитот на Европската епархија, господин Пимен, биле поставени темелите на црковниот објект - Крштилница, што ќе биде составен дел на Македонската православна црква во Берлин.

2.1.7 

Како што соопшти Амбасадата на Република Македонија во Берлин, со чинот на осветувањето на земјиштето за изградба на црква, купено пред две години, и со поставувањето на темелите на придружниот објект, Македонците во Берлин го остварија својот долгогодишен сон да имаат свој сопствен црковен објект, како место каде што ќе го негуваат својот македонски идентитет, култура и верски обичаи.

На свеченоста на која присуствувале околу 1.000 Македонци од Берлин и од другите црковни општини од Германија и од Европа, како и многубројни Германци, пријатели на Македонија, се обратил амбасадорот Ѓорѓи Филипов.

Тој истакнал дека Македонија во последните 10 дена била присутна во германската јавност со три значајни настани. На 10 септември во Охрид на поранешниот германски претседател д-р Роман Херцог му било доделено највисокото  државно признание орденот „8. Септември“ за неговиот придонес како член на Бадинтеровата комисија, давајќи позитивно мислење за меѓународното признавање на Република Македонија, а пред една недела, на покана на сојузниот германски претседател д-р Хорст Келер, во неколкудневна посета на Берлин престојувала македонска делегација предводена од претседателот Ѓорге Иванов.

- Чинот на осветувањето на местото за изградба на Македонска црква и поставувањето камен-темелник на придружниот објект Крштилница, исто така, е голем настан. Со ова почнале да се реализираат долгогодишните заложби  на Македонците во Берлин, со заеднички сили и со разбирање да изградат сопствена црква, истакнал Филипов кој им оддал признание на митрополитот на Европската епархија, Пимен, на претседателот на МПЦО „Свети Климент Охридски“, Стојмир Костадиновски, на сите сегашни и поранешни членови на управните одбори, како и на сите Македонци кои живеат и работат во Берлин, кои со своите финансиски прилози, но и со многу верба и труд придонеле за почнувањето на градежните работи за Македонска црква.

Да се навратиме малку во историјата, за да видиме дека оваа убава вест денеска  за сите Македонци од Германија, поконкретно од Берлин, всушност е продолжение на една поранешна иницијатива, која гледаме како успешно се развива.

Во 1991 година, Македонците во Берлин меѓу првите во Германија основале црковна општина, а за патрон бил избран свети Климент Охридски, светител, учител и просветител. Истата година бил  избран и Црковен одбор на чело со  господин Мане Јаковлески.

2.1.8  2.1.9 

На 12 мај 1991 година, тогашниот митрополит брегалнички, а сега архиепископ охридски и македонски господин господин Стефан, ја посетил црковната општина во Хамбург. Македонците од Берлин го поканиле да ги посети во Берлин и да ги поучи во словото на вистината. Митрополитот Стефан, како некогаш, светиот апостол Павле во Троада, кој имал видение во кое видел пред него човек - Македонец, кој дошол да го покани апостолот да ја посети Македонија и Македонците, ја прифатил поканата и го посетил Берлин.

На 17 мај 1991 година во просториите на Македонскиот клуб „Гоце Делчев“ се одржало основачко собрание и се одбрал Црковен одбор од 16 членови. Оттогаш, Одборот работи активно и веќе наредната година во ноември, митрополитите Тимотеј и Стефан дошле во Берлин и го осветиле иконостасот, во преполнетата црква од верници Македонци. Од тогашната глетка на присутните во црквата, може да се заклучи дека навистина не има доста, дури и повеќе од 4.000 Македонци.

Од 1991 година до денес, богослужбите ги извршуваме во црква во Берлин - Њеддинг.

Во јуни 2007 година, сегашниот одбор на чело со господин С. Костадиноски купил место за изградба на наша Македонска православна црква. Задачата на сегашниов одбор, како и на другите во иднина, е да најде средства да го финансира овој проект заедно со нашите браќа и сестри и да ги обедини сите Македонци на едно место.

Денес во Берлин функционираат Црковната општина „Свети Климент Охридски“и Фудбалскиот клуб „ Македонија 1970“. Ако имаме црква со помошни простории, тогаш сите активности би се одвивале на едно место.

Храмот Божји не е само место за молитва, туку наше македонско катче за сите наши средби, разговори, свечености, празнувања…

Продолжува

 1KatiN
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

ПРОТЕСТ, утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ со автомобили до Влада

Христијан Мицкоски: Протест сега, за да не биде предоцна!  

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.