Петок, 10 Јули 2020   
МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

1075МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПОДОБРА СУДБИНА ОД ОВАА ШТО ЈА ИМА СЕГА

Во период на предизвици, кога светот се соочува и справува со пандемијата на ковид-19, Македонија дополнително се справува со политичката криза, предводена од паријата на власт.
Власт која наместо да придонесува кон економски напредок, таа ја доведе Република Македонија до тотален колапс и банкрот,

Потпишувањето на поразителниот договор со Грција на штета на Република Македонија.

Со овој договор не само што се смени името на државата, туку се создаде нова, полусеверна држава, со ново име, со нов внатрешно-правен и меѓународно-правен идентитет.

Но членството во ЕУ не следува по автоматизам, без вистински реформи, без борба против корупцијата, без борба против партискиот елитизам и клиентелизам, нама членство во ЕУ.

Во 2011 година за првпат беше спроведено гласање на македонското иселеништво во Дипломатско-конзуларните преставништва, и после неколку изборни циклуси, не се најде решение кое ке го олесни гласањето на дијаспората.

На 15 Јули во Македонија треба да се одржат предвремените парламентарни избори, но на македонските иселеници ова право загарантирано со устав и беше ускратено, под изговор на недоволно исполнет цензус на пријавени гласачи.

Но, знаеме дека  кон сето ова свесно се пристапи за да може да и се ускрати гласањето на дијаспората.

Но и во овој период на предизвици дијаспората ќе ја искористи секоја можност да ги употреби своите можности да и помогне на Република Македонија.

Почитувани Пратеници и политичари, (иаку многу од нив не би ги ставиле во почитувани), дијаспората е значаен сегмент и нераскинлив дел од Р. Македонија!

Македонија има повеќемилионска дијаспора која може на многу начини да помогне. За целосна соработка помеѓу Р. Македонија и наредната власт треба да го стави на дневен ред прашањето за отварање на министерство за дијаспората кое би работело во корист на Македонија.

Едно вакво Министерство за прашања со дијаспората би било задолжено за македонското малцинство во соседниоте земји и македонските иселеници ширум светот. Министерството за дијаспората би имало за цел да го заштити македонскот идентитет, јазик и култура, како и да влијае позитивно врз надворешната политика во државите каде живеат македонските иселеници.

Големи пропусти од страна на политичките партии кои ја доведоа Македонија потчинета и понижена од страна на своите соседи.

Затоа да застанеме и да се обединиме сите против злото кое ја води нашата земја во целосен колапс и пропаст,  на 15 Јули дадете го својот глас за спас на Македонија и нејзин опстанок!

Затоа што Македонија го заслужува својот опстанок, затоа што ние резервна држава немаме.

Сузана Сурловски-Ѓеоргиевска

 

На прво место

News image

ПРОТЕСТ, утре во 18 часот, од СЦ „Борис Трајковски“ со автомобили до Влада

Христијан Мицкоски: Протест сега, за да не биде предоцна!  

Историја

News image

Извештај за бомбашките напади на Солун во американскиот весник „The St. Louis Republic“ од 9 август 1903 година

„Сцена на улица во Солун веднаш по поставувањето динамит на Отоманската банка. Овој криминал, како п...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФИЈАТА „СЕМЕЈСТВОТО ВИДИНОВСКИ“ ОД ТОРОНТО

Во издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Ско...

Култура и туризам

News image

ОД ИЗРАЗОТ МЕСИЈА – ПОМАЗАНИК – ДО ИЗРАЗОТ МУЗИКА (25)

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе ги претставиме имињата, з...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (48)

„ЕВГЕНИКА“ ВО СПАРТА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.