Среда, 07 Октомври 2020   
ПЕЧАЛБАРСКОТО СЕЛО ВЕЛУШИНА, БИТОЛСКО (3)

1veluСемејството Јановски потекнува од убавото потпелистерско печалбарско село Велушина, Битолско За ова потпелистерско село се напишани бројни текстови, меѓутоа книгата „Велушина" од многупочитуваниот мој колега и пријател д-р Александар Стерјовски заслужува посеоно внимание иреспект.

Според објавените податоци вo монографијата „Велу-шина", меѓу другото, се вели дека селото Велушина се наоѓа на 10-тина километри на југ од Битола, од десната страна на патот што води преку Драгош за Егејска Македонија, во Грција. Тоа е сместено во зелениот засек што паѓа директно од планинскиот масив на Баба Планина.

Селото Велушина се наоѓа на еден километар од главниот пат. Заради раскошните крошни на високите дрвја, cenoтo останало тајновито и човек треба сосема да се доближи до него. така-речи до првите куќи, па да открме дека тука е расгослана развиена населба со бројни, убави по архитектура куќи. Локалниот асфалтен пат што се одвојува од главниот, врви низ средината на Долна Маала исе искачува на ридот. каде е сместен манастирот Св. Ѓорѓи.

Инаку ова значајно светилиште на Македонската православна црква се забележува и од патот и од полето. Овој пат велушинци го викаат Широкиот пат, за разлика од оној што врви покрај црквата Св. Богородица и кој е под калдрма и наречен Улица. Се тврди дека Улицата е дел од главната римска магистрала Виа Игнација, која се смета дека токму тука врвела. Улицата е во употреба, особено за оние што посакуваат директно да стигнат до црквата, без да влезат во селото, Таа, всушност, е втора сообраќајница што поаѓа и од главниот пат за селото.

Селото Велушина се наоѓа на 720 метри надморска височи-на. Според местоположбата, климата и градбата на куќите тоа е типично македонско планинско село, Низ него врви Стара Река. која подолу, во Породин и во полето е позната како Велушка Река. Таа извира од планмната Баба и често обилува со големо количество вода, Затоа, во невреме прави големи штети. Така, во 1932 год, била предизвикана една од најтешките поплави што ја памети селото кога постоела опасност да биде уништена црквата Св. Богородица.

2veluМанастирот Св.Ѓорѓи во Велушина

При посетата на селото, на сред село, во Месната канцеларија и во разговор са неколкумина од селото слушнавме дека во минатото селото Велушина било напредно и богато село. Неговите земјишни имоти се простирале до источниот пат што води од Битола кон Меџитлија. Покрај тоа. околните ридишта биле полни со крупен и ситен добиток кој се напасувал од сочните треви на атарот на Велушина, кој има 807,4 ха квалитетно земјиште.

Во тоа време во селото живееле околу 1.200 жители. Меѓутоа, денес, за жал, во селото се останати 20-тина семејства. Многу катинари се закачени на високите порти, што е знак дека сопствениците одамна не влегле во своите домови. Насекаде во селото и околу него царува гробен мир, разрушени авлии и куќи. Дури и вечерната бледа светлина на електричните ламби од високите бандери ја оцртуваат судбината на куќите направени одкамен. Во зима, пак, гладни волци не ретко слегуваат и до празното село.

Според зборовите на Алексо Јановски, велувци се најмалубројни во своето село, но ги има во Битола, во Австралија, во Канада. во Америка и на други места. Натурализираните седумдесетина битолски семејства од Велушина не можат да му одолеат на повикот на земјата. Така, многумина на земјата во Велушина која е оставена од дедо - прадедо, садат зеленчук, држат no некоја кошница пчели или едноставно, доаѓаат да се надишат чист планински воздух.

Исто така, велувци најмалку двапати годишно доаѓаат во селото на заеднички собири. Во минатото. а и во денешни дни, најмногу се собирале на патронот на селото, св. Ѓорѓи (6 мај) и на 28 август, кога е денот на св. Богородица. Тогаш гипосетуваат своите куќи исвоите гробишта, што се наоѓаат покрај Св. Атанасија во Горна Маала и на Ридот, до црквата Св. Илија, вo Долна Маала.

3veluУчилиштето во Велушина

За постоењето на селото Велушина има голем број податоци, меѓутоа најсигурни се оние од XV век, Имено, во пописот што го направила турската администрација на населението во Турското царство во 1468 година, a co кој е опфатена и Битолската нахија, селото е запишано со името Велушино. Истото име се среќава и во следниот попис сто години подоцна Во турските документи покрај првото е забележано и другото име - Велушина. Ова име станало стандардно и се наоѓа во сите битолски кадиски документи.

Освен во турските документи, името на селото се споменува и во словенските писмени споменици. Co имињата Велушино и Велушина е регистрирано во Слепчанскиот кодик од XVI век и во Продромскиот поменик. Собирачот на народни песни и етнографски материјал од XIX век Стефан Верковиќ, пак, селото го регистрирал со името Велушјани, Ваквите колебања меѓу двете имиња на селото продолжиле и понатаму. Така, еден Прусиец кој поминал низ Македонија и низ Битолско вo есента 1862 година и кој, со восхит говори за Велушина, селото го открива со името Белошина.

Сиве овие непрецизности иколебзња веројатно доаѓаат од различното регистрирање на почетниот изговор на велувци. Тие своето село, иако тоа денес насекаде фигурира какоВелушина, го именуваат и како Велујшна,

Тоа го лотврдивме во разговорот со браќата Васил, Марко и Петре, кои за името на Велушина ми ја раскажаа легендата според која: „се смета дека личното име на оној што му го дал името на селото Велуша, се викал Вело. Така, Велуш како име е произлезено од Вело: кое, пак, доаѓа од морфемата вели, која има значење на голем.

Велушин, претставува произведено име од личното име Велуша. Исто така и народните преданија ги поткрепуваат ваквите тврдења. Така, според нив се пренесува дека во селото дошол некој војвода кој бил прв доселеник и кој му го дал името. Според нив тој се викал Велуш и по неговото име го завикале селото Велушина".

Cnopeд народните предан-ja, селото не ја имало сегашната локација како трајна од памти-века. Најрана локација била онаа во близина на патот Битола -Лерин. Тоа место велувци денес го викаат Маклине. или со уште едно име - Кај ановите.

Доаѓањето на Турците османлии на овие простори, а кое се совпаѓа со последните децении на XIV век и за Битола и за околните села, посебно крајпатните, значи почеток на насилно напуштање на старите огништа. Обемот на преселбите бил масовен и драматичек, Пописот од 1468 година посредно тоа го открива и потенцира.

Тој зборува дека најмалку 14 села од Битолската околија, и тоа крајпатни, добиваат нови називи, односно нови локации. По правило тие сега не се повеќе крајпатни. туку под или во самите планини. Така, старото село Лија (Лига) сега станало Брусник и се доселило од Брусничката населба, непосредно под пелистерската шума. Старата локација ја напушта и соседното село на Велушина, Граешница, Нејзиното првобитно име било Црешево. Облаково се викало Калуѓерица итн.

Продолжува

4 slave katinПишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид

„Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.