Среда, 14 Октомври 2020   
ЦРКВАТА „СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ – ЧУВАР НА ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ТОРОНТО (6)

1crkvaВо 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

Мајката македонска земја, која низ вековите толку многу била поробувана, парчосувана и ограбувана, никогаш не потклекнала пред теророт, пред клетите тирани и пред освојувачките походи. Нејзините синови и ќерки - гордите Македонци и Македонки се бореле и гинеле, но останале простум да им пркосат на сите неправди и зла.

Суров и крвав е данокот што е платен и со кого е натопена македонската земја и за време на Самоила и за време на Илинден, и за време на балканските и на светските војни. Недоброени храбри чеда ги оставија својата младост и животот за слободното само едно наше парче, Вардарско, Македонско.

Поробувачите, тортурите, војните, претешкиот суров живот под стегите на непријателските чизми, натерал илјадници Македонци да ги напуштат своите татковски и дедовски огништа и да тргнат по патот на печалбарската неизвесност.

Тешко, речиси невозможно е точно да се каже кога тргнала големата македонска печалбарска река во прекуокеанските континенти, но, вистина е дека првите стапки на канадско-американската земја од Македонците се пречекорени некаде пред 100 лета. Значи, уште пред еден век кога од разни краишта тргнале со параходите на долгиот пат, најпрво малку, а потоа е побројно и се помасовно.

Канада станува и останува привлечна, некаква "ветена земја" за Македонците, со својата големина, богатство и можност за заработувачка и за подобар живот. Па не биле малку оние што во себе ја носеле мислата, откако ќе заработат нешто, еден ден сепак да се вратат дома. Некои така и сториле, се вратиле. Други дошле и останале засекогаш сами, а трети ги повлекле и своите најблиски.

Според одделни податоци, се смета дека по Илинденското востание, од Македонија кинисале по светот околу 30.000 луѓе. Дури во своите писанија и истакнатиот револуционер и борец за правата на својот народ Ѓорче Петров, во далечната 1903 година вели дека на Северноамериканскиот континент заминале седум до осум илјади лица, во 1904 година, меѓу девет и десет илјади, следната 1905 година бројот на иселените е 10-15 илјади. Најголем дел кинисале од своите села, од цела Македонија, десетина проценти од нив биле занаетчии и учени луѓе, а од сите, близу половината останале во далечниот свет и таму се и денес тие или нивните потомства.

2crkvaЗначи, прапочетоците на иселувањето на Македонецот се некаде во втората половина на минатиот век, кога првите дојденци во новиот свет биле оние храбри што решиле да ги минат океаните и да бараат заработувачка и спас од сиромаштијата.

Вториот преселнички бран се врзува со Илинденското востание, со времето пред и по него, кога судејќи според бројките, тој бран е доста голем и продолжил се до балканските војни и поделбата на Македонија. Тогаш, причините за напуштањето на Татковината се и политичките мотиви, политичките валкани игри околу Македонија и теророт над сите нејзини три дела.

Значи, следи третиот период кој е сврзан токму со парчењето на Македонија, кога во нејзините села и градови газдувале српските, бугарските и грчките деспоти и крвници со сите тешки злодела, што и ги нанеле на разделена Македонија. Тоа што се случувало во Македонија, се пренесло и во преселничките држави, каде на Македонците не им се давал мир. Притоа, туѓите пропаганди непрестајно ровареле среде иселеничките етнички заедници и пуштале прсти секаде каде што тоа било можно.

Од непризнати и негирани, без никакви права и без свое национално име, во егејскиот и во пиринскиот дел, а во вардарскиот дел стегнати во менгемето на жандармеријата и асимилаторските канџи, голем број Македонци кинисувале на долгиот пат, знаејќи дека е неизвесен и тежок и дека туѓината е пуста јабана.

Гордоста и желбата да се зачува името свое македонско била посилна од се а неможејќи да го поднесуваат тој невиден терор, Македонците ги напуштале родните свои огништа и бегале или биле прогонувани по белиот свет.

Примерот со Беломорска Македонија е еден од најцрните и најтаговен што ги познава цивилизираниот свет. Овде некако се надоврзува и четвртиот период, оној за време на Втората светска војна и на Граѓанската војна на Грција. Масовниот егзодус, на 28.000 дечиња и многу, многу патриоти и храбри борци, кои биле прогонети од диктаторските режимочувари на Грција, а кои се раселени на сите страни во светот, е трагична страница во историјата на човештвото. Голем дел од нив свој животен пристан и среќа најдоа овде во Канада.

Bo годините no Втората светска војна, а посебно no поразот на Демократската армија во Граѓанската војна во Грција, иселувањето е вистинска река. Само во Леринско за десетина години, од 1950 до 1960 година, биле издадени околу 10,000 иселенички визи, па кога ќе ги додадеме и другите региони во сите три дела на Македонија, тогаш статистиката е поразна.

Петиот иселенички период е од почетокот на шеесетите години и еве трае до овие денешни дни. Време во кое Македонија-првата  татковина  и   натаму  неповратно  се  празни.   Според официјалните  бројки,   според  пописот   на  населението,   од Републиката   во   1971   година  се  иселиле  34.420   лица,   што   е нереално. Според грчки статистички извори по првото тримесечие на 1970 година од егејскиот дел на Македонија се имаат иселено 3.918 лица, а од нив само од Леринско 1.840.

Меѓутоа, вистината е поинаква. Денес се смета дека на четирите континенти се заминати и живеат околу 700.000 Македонци од сите делови на незаборавената и мила родна земја-Македонија.

Исто така, во оваа пригода треба да се нагласи дека во егејскиот дел на Македонија грчкиот режим ја покажа својата вистинска суровост кон македонскиот народ кога испрати многу Македонци во затвор, во затворските логори на грчките острови, едноставно затоа што зборуваа на својот мајчин јазик; единствениот јазик што го познаваа.

Сите балкански држави, соседи на Македонија - Грција, Србија, Бугарија и Албанија - се мешаа во македонските работи и во текот на Втората светска војна и во текот на Грчката граѓанска војна. Но, конечната навреда врз македонскиот народ е зададена кога Грција, во 80-тите години на минатиот век, го воведе Законот за репатријација, кој дозволува само „Грци по раѓање“ да се вратат во своите места на потекло, односно во местата каде биле родени.

Меѓутоа, во Егејска Македонија постои вековно мислење дека тие се Македонци затоа што тие, нивните татковци и мајки, нивните дедовци и баби и многу генерации мажи и жени пред нив, кои биле родени во Беломорска Македонија, биле Македонци, бидејќи земјата на која се родени, во која тие се пораснати и во која почиваат се вика Македонија. На нив не им требаат нивните непријатели да ги дефинираат и да им кажуваат кои се тие, а кои не се. Тие се Македонци бидејќи се Македонци од поделена Македонија, оградена со граници.

Треба да се истакне дека Грција ја користи позицијата дека е мезениче на Англија  и САД и продолжува да блокира, бидејќи  е членка на Европската Унија. Сепак, треба да не се заборави дека таа не е национално хомогена, туку, всушност, е мултинационална држава,  имајќи ги сите потенцијални политички последици. Обврзка е на Грција и на Бугарија, да ја прифатат европската регулатива во врска со третманот на малцинствата и заштитата на нивните човекови и културни права.

Грција, за жал, е земјата од каде што, потекнува зборот "демократија".  Заедно со Македонија е земја од минатото, со надеж дека ќе биде земја на иднината, и, конечно, таа е сосед на Република Македонија, кој треба да биде своевитен генератор, а не кочничар без преседан кон подоброто утре на еден Господов народ.

3crkvaГрадското собрание во Торонто

Општо познато е дека македонскиот народ, според своите карактеристики и обичаи, јазично и етнички и е туѓ на Грција. Од тие причини грчката буржоазија од првиот момент од 1913 година ја проширила својата власт над Егејска Македонија, изградила политика на физичко истребување на македонскиот народ и менување на етничкиот состав во своја корист.

Тоа го направи со доселувањето на православното турско населени (просвиги) во цела Егејска Македонија.  Грчката буржоазија, во намера да го избрише секој белег што потсетува на македонскиот карактер на Беломорска Македонија, во ноември 1926 година донела Закон за замена на македонските топоними со грчки имиња на селата и градовите, називите на планините, полињата, реките итн.

Повеќедеценискиот процес на етничко чистење, елинизација, бришење на македонската историја и нејзиното толкување според елинските големодржавни потреби е процес на бришење на македонскиот национален идентитет и постоење. Особено егзодусот на Македонците од Егејска Македонија, како последица од војните и од елинските (грчките) репресивни режими, спаѓа во редот на најтрагичните етнички чистења направени врз еден народ во најновата европска историја.

Треба да се истакне дека македонскиот и грчкиот народ, без оглед на нивната државна политика, соработувале во добри и лоши времиња. Ова е потврдено во последниве децении со зголемување на соработката   меѓу двете земји и нивните народи на културно и друго поле. Како потврда на ова, на пример, да посочиме дека се направени бројни преводи од македонски јазик на грчки јазик и обратно, а има голема соработка помеѓу фолклорни и забавни групи, театарски и други асоцијации.

Голем број на грчки интелектуалци ги осудуваат политиките и неправдите нанесени на познати и признати македонски граѓани кои потекнуваат од Егејска Македонија. Исто така, мора да се нагласи значењето на грчкиот Хелсиншки комитет и други здруженија за заштита на човековите и други права на секој граѓанин во Република Грција.

Продолжува

4crkvaПишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Повик до сите Канаѓани со МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: ПОДДРШКА ЗА МАКЕДОНСКО-КАНАДСКИОТ КАНДИДАТ ДЕН МАСИН

Македонското Меѓународно Движење за Човекови Права (ММДЧП) ги повикува сите Канаѓани со македонско...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Од борбата за возобновување на автокефална архиепископија на Прва Јустинијана Охрид

„Улогата на идејата за Охридската архиепископија во црковната борба не било едноставно само лирско и...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.