Среда, 28 Октомври 2020   
НАЦИОНАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА „ОБЕДИНЕТИ МАКЕДОНЦИ“ – ЧУВАР НА МАКЕДОНСКАТА ВИСТИНА (8)

1omd

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

Една од најзначајните организации на Македонците во прекуокеанските земји, секако, е Организацијата "Обединети Македонци" од Торонто Во исто време, таа е прва македонска национална организација во Канада и собира најголем број иселеници од сите делови на Македонија.

Организацијата "Обединети Макадонци" е формирана на 28 април 1959 година во Торонто. На тој ден беше свикано сеопшто македонско национално собрание, чија основна задача беше да се формира комитет во чиј состав влегоа четириесетина истакнати доселеници од македонско потекло, од кои поголемиот бpoj беа од егејскиот дел на Македонија, а кои пред тоа членуваа во разни македонски и Други друштва, црковни општини, културно-просветни и селски друштва.

Формирањето на организациЈата "Обединети Македонци" е настан што одигра вонредно значење во обединувањето на македонските доселеници во Канада и пошироко. Настан што започна да ја афирмира македонската нација на Северно-американскиот континент. Co статутот, кој мошне релјефно го отсликува духот на времето и карактерот, се определени задачите и улогата иа организацијата "Обединети Македонци".

Така, уште на почетокот јасно е зацртано дека Организацијата треба да работи за единството меѓу Македонците на северноамериканскио континент и во целиот свет, вклучувајќи ги и малцинствата кои се родени или се по потекло од Македонија, а кои го признаваат и го почитуваат статутрт на Организацијата. Исто така во оваа македонска организација можат да членуваат лица без разлика на нивната религија, политичките. убедувања или поврзаноста со други организацил или асоцијации.

2omd

Од почетоците на „Обединети Македонци“

Меѓутоа, најзначајно е да се истакне дека организацијата е неполитичка и дека таа не поддржува ниедна политичка партија или систем на владеење. Ваквата платформа овозможува развој на културно-просветно поле и подобро презентирање на богатото национално наследство на македонскиот народ пред канадската јавност. Затоа, една од нејзините основни цели е да организира културно-воспитни програми меѓу младите генерации од македонско потекло, со цел, нив да ги запознае со македонската национална историја, јазикот, културата, традициите, како и да го презентира културно-просветниот развој на Македонија.

Исто така, организацијата го брани и го чува "мето на Македонија и правата загарантирани со определбата на Обединетите нации и Декларацијата за човекови права, како и ги почитува достигањата и успехот на националните слободи, независноста и суверенитет во Република Македонија.

Организацијата "Обединети Македонци" во изминатите три и пол децении посебно внимание посвети на организирањето на Илинденскиот пикник, што е најброен и најзначаен што го организираат Македонците во прекуокеанските земји. И покрај некои осцилации, пикникот се организира многу успешно и на него се собираат од 10 до 25 илјади посетители од сите краишта на Канада и на САД, а учестѕуваат и црковни и државни делегации, како и културни и јавни работници и друштва од Канада и од Република Македонија.

Исто така, секоја година Организацијата ги слави 11 Октомври - Денот на оруженото востание на македонскиот народ, Нова година, раѓањето нп големиот син на Македони|а - Гоце Делчев и Денот на Светите Кирил и Методиј. Во чест на овие значајни датуми на македонскиот народ се организираат пригодни вечери со присуство на голем број посетители, a no тој повод се печати по еден број од весникот "Обединети Македонци". Потоа се организираат "Деновите на македонската култура", на кои учествуваат културно-уметнички друштва, како и трибини и предавања за културниот и за општествениот развој на македонскиот народ.

Една од дејностите на "Обединетите Македонци" е образованието и воспитувањето на младите Македончиња. Во состав на Организацијата работи македонско училиште во кое се учи националната историја, јазикот и географијата, а кое е посетено од голем број Македончиња, родени во Канада, потоа, играорната група "Гоце Делчев", што претставува собиралиште на младите играорци вљубени во македонското оро и песна, a co успех работат фудбалскиот и хокеарскиот клуб, литературната и други секции.

Се чини магнетизмот на Илинден во иселеништвото најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото.

На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Канада се одржуваат во сите изминати години, што значи дека тие се веќе темелно традиционални.

3omdИлинденските празнувања на американскиот континен имаат свој типично македонски концепт, односно функционираат како систем кој го мотивира и стимулира најкреативното кај Македонците од сите делови на Македонија на овие простори. На нив доаѓа до израз исконското, цивилизациското кредо на нацијата, изразено низ вредностите создавани со векови во областа на музиката, фолклорот, везот, резбата и носијата, особено кај средствата за информирање.

Затоа, организацијата "Обединети Македонци", заедно со македонските црковни општини, културно-уметничките друштва и со другите видови асоцијации, претставува најголемо и едно од најзначајните собиралишта на Македонците, е важен фактор во презентирањето, афирмирањето и чувањето на македонското име, на културното наследство и на националните достоинства на македонскиот народ.

Меѓутоа, се чини најзначајно е тоа што членовите на организацијата "Обединети Македонци" се едни од иницијаторите за изградбата на Македонската православна црква "Св. Климент Охридски" во Торонто и на "Св. Наум Охридски" во Хамилтон, што претставува силен поттик за формирање на други македонски православни општини во Канада и во САД

Продолжува 

4omdПишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.