Среда, 04 Ноември 2020   
ОБНОВУВАЊЕТО НА СВЕТИКЛИМЕНТОВАТА АРХИЕПИСКОПИЈА НАИДЕ НА СИЛЕН ОДГЛАС МЕЃУ ИСЕЛЕНИЦИТЕ ВО КАНАДА (9)

1isel

Во 2020 година се навршија 55 години од осветувањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто и пошироко и претставува мотив повеќе за изразување на љубовта и почитта кон родната земја Македонија

По повод 30-годичнината од осветувањето излезе делото „Македонски вознес”, чиј автори се Славе Николовски-Катин и Фиданка Танасков.Тоа е едно од значајните изданија на Македонската православна црлва „Свети Климент Охридски“, од Торонто, кое е отпечатено во 1994, 1-232, (на македонски и англиски јазик).  Монографијата е исполнета со  интервјуа, писма, документи заедно со статии од весници, списанија, публикации  и други материјали. Таа е исполнета со информации, фотографии, документи и другите писмени материјали од управите на црквата „Свети Климент Охридски“.

Особен придонес за монографијата беше помошта со материјали на тогашниот претседател, г-дин Никола Стојановски, кој ја започна идејата за објавувањето на оваа дело. Исто така голем е придонесот и на другите членови на управите на црквата, особено на женската секција, другите групи и голем број Македонци од Торонто, Потоа за одбележување е тоа што членовите на управите на црквата за годината 1993/94 имаа разбирање да се финансира објавувањето на монографијата.

Исто така, треба  да се потенцира придонесот на многу други добронамерници и пријателите на Македонците во Торонто. Нивниот ентузијазам и поддршка придонесоа многу за иднината на црквата „Св. Климент Охридски“ и на Македонската  православна црква во целина. На тој начин тие придонесуваат за благосостојбата на Македонците во новата средина водемократска  Канада, како и на земјата на нивните предци, етничка Македонија.

2iselОхрид

За делото „Македонски вознес”, се организираше промоција во Соборната црква на Аме­риканско-канадската македонска православна епархија „Свети Кли­мент Охридски“ во Торонто на патрониот ден на црквата, а на која зборуваше митрополитот г. Кирил. Исто така, ова дело беше промовирано и во Соборни­от храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, од г.г. Михаил и проф. д-р Ве­­ра Стојчевска Антиќ, кои истакнаа дека делото претставува значајна алка во синџирот на Светиклиментовата традиција во светот и во Македонија.

На овој настан, во Гласникот на Институтот за национална историја се осврнува и историчарот д-р Александар Тра­јановски, кој ова дело на читателите им го препорачува како ре­ли­квиум, кој претставува нов придонес во македонската црковно-на­цио­нална историографија. Свечена промоција оваа монографија доживува и во Стру­мица, каде што за неа во Домот на културата зборуваа про­фе­сорите д-р Вера Стојчевска Антиќ и д-р Димитар Керамичиев, во своиство на претседател на Матицата на иселениците од Македонија.

Инаку веста, долго исчекувана, барана и со голема љубов дочекана за обновувањето на Светиклиментовата архиепископија, македонска, проструи брзо и беше поздравена како голем чин, и како голем празник на северноамериканскиот континент, среде многубројните македонски колонии, на сите страни каде што живеат и работат Македонци.

Дојде времето да се има своја црква и да не се оди веќе so туѓи - те бугарски, те грчки, те српски па и во други. Тешко поправливо беше она што е сторено со градбата и со потпаѓањето на црквите, изградени од Македонците под туѓа јурисдикција. Но, тоа што беше, беше и заврши. Сега се отвори нова страница, се сврте нов лист и почна ново поглавје во духовното организирање и постоење на Македонците во Канада.

Патриотската организација "Обединети Македонци" набргу реагираше со писмен потпис до раководството на Македонската православна црква и заедно со честитката за големиот светол и свет момент, веќе ја обелодени намерата и лотребата за формирање своја црква и побара таа национална гордост што е вгнездена и предолго носена во срцата за обновување на Охридската архиепископија, сега да се преточи во собирање во свои македонски цркви, а тоа значеше дефинитивно извлекување од канџите на туѓите политички и црковни пропаганди.

Згасна стравот дека новите духовни храмови што ќе никнуваат од вредните раце, во туѓина далечна, ќе бидат под црковна Јурисдикција на балканските соседи, кои дотогаш присвоија за себе голем 6poj духовни храмови, градени со пари на Македонците.

3isel

Фреска од црквата „Света Сифија“ во Охрид

Во резолуцијата на "Обединети Македонци" за формирање Македонска православна црква во Канада и во САД меѓу другите пораки е и оваа "Црквата е најбитниот клуч за разрешување на проблемот на македонското единство... а законското право за градење   иакедонска   црква    денес     постои    благодарение   на создавањето на Охридската архиелископија. Значи, дојде времето во Торонто како и на други места во светот да никнат Светиклиментови храмови, да се градат македонски православни цркви.

Абери за вакви нови светилишта веќе доаѓаа и од Австралија и од Америка. Силно се покрена иселеничкиот етникум, бидејќи дојде моментот да и се покаже на канадската јавност дека Македонците се газди на своето, дека довербата во својата родна црква и во својата мајка Македонија е бескрајно голема.

Заедништвото на Македонците стануваше се поцврсто и поцврсто. Блискоста исто така, а решеноста да се помага и во добро и во зло беше секојдневна. Сето тоа некако одеше заедно со раѓањето на идејата за изградба и воопшто околу подигнувањето на свет храм. Браќата и сестри Македонци и Македонки, та дали беа од Костур, Воден, Битола, Прилеп, Лерин, Охрид, Ресен, Скопје, Куманово, Крива Паланка, Струмица, од Петрич. Драма, Кавала, Џумаја, Тетово, Штип. Серез, ги вкрстија желбите и рацете и како да зедоа заклетва дека мора да успеат и нема веќе нешто на овој свет што може да им застане на тој пат.

Решеноста беше бескрајна и многу значајна, Дојде времето во Канада да се стават темелите на еден од најубавите храмови Светиклиментови, дадени и благословени со божјата милост над кои   kg  ce   вишнее   македонски   храм   кој   ќе  биде   најголемото собиралиште во денешните канадски простори.

Продолжува 

1Slave Katin 1Пишува: СЛАВЕ КАТИН    

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.