Среда, 18 Ноември 2020   
СЕМЕЈНИ И СЕЛСКИ СЛАВИ ВО ВЕЛУШИНА (9)

1velj

Значаен сегмент од севкупното живеење на велувци биле семејната и селската слава. Затоа, секое семејство во Велушина има свој, семеен светец, чија икона виси кај еден агол од домот. Најчести семејни слави во селото се оние што се поврзани со празниците: Сввета Богородица (Пречиста), Петковден, Свети Архангел, Митровден, Свети  Ѓорѓи, Свети Никола, Света Петка и други.

Семејството што го слави својот ден врши темелни подготовки. He само што ја уредува, чисти и украсува куќата, ами прави и обреди наречени „кревање леб". Всушност, се меси специјален леб од бело брашно кој заедно со вино се носи да се cnee во црквата, Од ваквиот леб се кршат парчиња и им се даваат на децата, но ина другите домашни - „за здравје",

Селската слава во Велушина, е позната како „панаѓур", односно „панаир". Неа ја слави целото село. Познати се три: Свети Ѓорѓи, Света Недела и Света Богородица (Голема). Првата, Свети Ѓорѓи е попозната и таа, всушност, се смета за „Ден на селото". Двете други, Света Недала и Света Богородица ја немаат популарноста и посетеноста на првата, но се одбележуваат. Во минатото, откако настанаа споровите со монасите од манастирот, дури и средбите на Св. Богородица го засенија „Денот на селото“.

Неколку години, заради специфичниот начин на живот на монасите во манастирот, беа откажани сите прослави таму. Имаше дури и непријатни сцени меѓу двете групи, оние што сакаа да продолжи традицијата, славата да се одбележи во манасттрот, и оние што го поддржуваат монашкиот интегритет Тоа е причина „Денот на селото да се замени со прославата на Успение на Св. Богородица (Пречиста) и денот на оваа црква да ги добие сите обележја на славата на манастирот.

2velj

Свети Ѓорѓи и

2svetСвета Богородица 

Инаку според кажувањата на велувци по зааршувањето на Втората светска војна, во Велушина беа покренати активности за обнова на селото со изградба на мостови, задружен дом, електрификација, водовод, продавници и други зафати од интерес за животот на месното населенме. He изостана ни обновата на основното училиште и пошумувањето на околината на селото.

Според кажувањата тоа било време на кое велувци со гордост се сеќаваат, бидвјќи селото се здобило со голем дел од објектите неопходни за еден подобар живот. кој не беше далеку од животот во градот. Но, таквиот подем на Велушина и неговата атрактивна позиција во убавата природа на Баба Планина и Пелистер, беше повод за доселување на нови луѓе, не само од Македонија, туку и од други републики на тогашна Југославија.

Така, во 70-тите години на минатиот век, во селото веќе биле доселени 15 семејства од општината Трговиште, пo национзлност Срби. а десет години потоа доселувањето продолжи со луѓе од Западна Македонија. Така започна и процесот на албанизација на Beлушина, односно на иселувањето на неговите жители, најпрвин во Битола и Скопје, а потоа во САД, Канада и Австралија. Денес староседелците на ова село можат да се избројат на грсти, бидејќш станува збор за стари луѓе кои нема никаде да заммнат, со тага на душата раскажува мојот пријател Алексо Јановски, кој живее во Битола.

Според Алексо, Велушина живнува во лето, кога иселениците доаѓаат во стариот крај, да го посетат старото родно огниште. се фотографираат покрај куќите во кои се родиле и живееле и повторно заминуваат. Според него единствени што се враќаат во селото се иселениците во Битола, со единствена цел, да изградат викендички во убавата природа на Велушина или да ги обноват старите куќи.

Олштата слика на Велушина денес е навистина жална. Населбата пропаѓа, старите куќи наликуваат на сеништа, без покриви и со разурнати ѕидови, освен куќата на семејството Јановци, која се наоѓа на најатрактивното место во селото, со позиција кон југ и објекти околу неа, кои говорат дека во неа живееле луѓе со смисла за урбан живот.

3veljКуќата на Јановци во Велушина

Фотографијата на Петре и неговата сопруга Софка се’ уште виси на еден од ѕидовите во собата на катот, потсетувајќи на бурното минато на нејзините жители. Куќата е релативно зачувана и уредена благодарение на Алексо Јановски, кој се грижи за имотот на свопте блиски роднини колку што може. Toa e уште еден доказ дека семејството Јановци се домаќини, луѓе кои знаат да го ценат трудот ичија чесносг и способност им служи за пример на велувци.

Претставата за Велушина ќе остане посиромашна ако не ги споменам петнаесетте воденмци на водите на Стара Река, од кои половина беа на Јановци, а денес работи само една, додека другите речиси и не постојат. Како што, впрочем, полека исчезнаа земјоделието и сточарството, кои пред војната беа основни дејности на Велушина. Го снема блеењето на илјадниците овци и мукот на крупната стока, но и викот на селските момчиња што трчаа по Ридот, галени од ладното пелистерско ветерче.

Полека го снемува големиот Тапанџиски камен, на кого во времето велувци се искачувале како на вистински голем тапан, со вдлабнатина ео средината исполнета со сол за стоката. Како да исчезнаа и јазовите и буките, со врвулиците од луѓе и деца и вревата на собраните луѓе пред занаетчиските дуќани, од кои денес нема ни трага.

Алексо Јановски се сеќаваат и на рудникот за кварц, со површински коп, сега веќе исцрпен, на „Кооперацијата" од која се снабдуваа со артикли, а ми  раскажа и за „Сокарата“, која покрај сокови произведува и велушка минерална вода, иако се работи за погон од понов датум. На овие сврталишта на велувци се разменувале најновите вести од земјата и светот, се разонодувале со некаква игра или се договарале за некаква заеднмчка акција.

Но, за велувци во иселеништвото сигурно е новина фактот дека во 1984 година во Велушина била формираа Ликовна колонија. во која секоја година no петнаесетина уметници гостувале со своите штафелаиг создавајќи ликовни дела од старата селска архитектура на селата Драгош, Граешница, Лажец, Породин, Канино и Велушина.

Уметниците биле сместувани вo конакот на велушкиот манастир Свети Ѓорѓи. Колонијата работела пет години, помогната од државата, за потоа да згасне.

Продолжува 

1Slave Katin 3Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Добро чуваната тајна за производство на свила, во Европа ја пренесува Јустинијан I

Денес свиларството е изумрено во Македонија. Сепак, по повеќе децении постојат поединечни обиди да с...

Историја

News image

Одлука за кревање на востанието – прво и второ Софиско советување

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Го...

Иселеници

News image

ДЕЛ ОД ПЕЧАЛБАРСТВОТО НА ЧЛЕНОВИ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ (11)

Co стапувањето во брак на Толе со Доста Јановска, семејств...

Култура и туризам

News image

Александар ДОНСКИ : ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ РОМАНОТ „КУРБАН“ ОД ВЕЛИКА ЏАНГАЛОВСКА ГАТСИС

Деновиве во издание на МЛД „Григор Прличев“ од Сиднеј (со издавачот Душан Ристевски) излезе од печ...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (49)

ГОЛЕМИ ПРЕСЕЛБИ НА СКИТИТЕ-ПРАСЛОВЕНИТЕ НА БАЛКАНОТ - НОВО ПРЕОБЛИКУВАЊЕ НА ПРАИСТ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.