Среда, 25 Ноември 2020   
КОРЕНИТЕ НА СЕМЕЈСТВОТО ЈАНОВСКИ ОД ВЕЛУШИНА (10)

11jov

Монографијата „Јановски“ е дело за познатото семејство од Канада, чиј дедовски корени се од селото Велушина, Битолско. Таа е издание на книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, отпечатена во 2002, на 226 страници, на македонски и англиски, чиј автор е публицистот Славе Николовски-Катин. Монографијата е документ за потеклото, животот и судбината на семејството Јановци, во Мзкедонија и во Канада. Таа опфаќа три генерации: постарага (родителите), средната (браќата) и најмладата (нивиите потомци)

Поширокото семејство на Jaновци го сочинуваат над сто члена, од кои повеќе од половината се наоѓаат надвор од земјата, иселени, главно, во Канада, Австралија и Франција, Co еден збор, цело едно племе со строго утврдена хиерархи a во кое владејат правилата напатријархатот, во духот на старата македонска традиција. Меѓутоа, во оваа семејна монографија предмет на разгледување е семејството на Горги и Фанка, нивните наследници, синовите Васил, Марко иПетре и нивните семејстѕа. сопругите. децата и внучињата.

Најподатлив соговорник на оваа тема ми беше господинот Алексо Јановски, близок роднина на Ѓорѓи, кој живее во Битола, Овој способен, чесен и скромен човек ме дочека во Битола со една срдечност и топлинаг каква што може да се најде уште кај добрите домаќини. He ja криеше среќата и радоста што подготвувам монографија за семејството Јановци, така што без збор се согласи да ме одведе во Велушина (а селото го посетив повеќе пати) на лице место да се запознаам со семејната куќа на Ѓорѓи и Фанка и нивните синови, да го доживеам амбиентот во кој тие живееле и работеле пред заминувањето од Македонија. 

111jovДел од куќата на Јановци во Велушина

211jov

Алексо и Катин

Според кажувањето на мојот домаќин Алексо, се претпоставува дека презимето Јановци настанало со доаѓањето на Јане и неговото семејство во селото Велушина (негде кон крајот на XVIII век) од гратчето Прмет, кое се наоѓа близу Корча во Албанија. Велувци во почетокот семејството на Јане го викале „арнаутите", иако по вера биле православни, што во тоа време било и разбирливо, бидејќи дошле од Албанија, од населба so која главно живееле Албанци – Арнаути.

Овој прекар и денес се’ уште може да се сретне кај некои жители од селото Велушина. Меѓутоа, постепено, со текот на времето, жителите од селото, куќата и семејството на новодоселениот Јане, загочнале да ги викаат Јановци, така што тоа презиме е задржано до денес. Освен синот Митре, Јане имал и ќерки, но нема податоци за нив, колку биле и каде биле омажени.

Како што може да се види од приложените шеми на семејното стебло, синот на Јане - Ми-тре се оженил и добил два сина: едниот се викал Наум, а другиот Ристе. Кога синовите на Митре се ожениле, лозата на семејството на Јане се проширипа. Но, и покрај тоа, браќата Наум и Ристе продолжиле да живеат во заедница. Изградиле заедничка нова куќа, која се сметала за една од помодерните во селото. Дел од таа куќа и денес постои, но само половината, додека другата половина е урната во 1945 година, поради изградбата на новата куќа.

Синот на Наум, кој се викал Јован, имал само едно женско дете no име Доста, Co оглед на тоа што немал машка челад, Јован за Доста си земал домазет, по име Толе, кој потекнувал од фамилијата Талевци. Тие живееле во Долна Маала во Велушина и биле познати како угледно семејство. Кога Толе се оженил за Доста и влегол во семејството на Јановци, го променил своето презиме, а го променил презимето на Јановци. Самиот тој факт го потврдува големиот авторитет на Јановци во селото.

Слоред кажувањата на постарите, Јован, таткого на Доста, бил мирен и умен човек, добар домаќин, така што карактерите на еден од браќата - Петре, се споредува со оној на неговиот прадедо. Кога Толе дошол во куќата на Јановци како домазет, сакал да се покаже како способен човек, кој умее за релативно кусо време да го подобри животниот стандард на семејството. Во тоа и успеал, како што успеал иако немал образование и да научи да пишува и да чита.

1111jovСтарата работилница на Марко

Тоа му овозможило, по напорната полска работа, во вечерните часови да чита ккиги и весници, под светлината на газиената ламба. Толе бил искрен и правичен човек, кој не поднесувал неправди, заради што и остро реагирал. Кај месното населеиие се здобил со авторитет, заради што од жителите на Велушина бмл избран за кмет на селото. Оваа функција ја вршел со голем успех, тој бил почитуван и ценет од сите во селото.

Во Велушина имало околу 14 воденици за мелење жито, така што луѓето од повеќе полски села доаѓале наесен со воловски коли да сомелат брашно за леб за себе и крма за стоката, Своја воденица имала и јановската фамилија со капацитет од една четвртина во однос на другите три четвртини на ортачките семејства. Од воденицата се добивал голем приход во жито, бидејќи таа се наоѓала на добра позиција во селото, што овозможувало и поголема клиентела, во однос на другите воденици.

Од разговорите со Алексо, Марко, Петре и Васил добив бројни лодатоци за семејството Јановски, меѓу кои се следнцте:

Првиот братучед на Јован, од Ѓорѓи Јановски, уште во својата рана младост, кон крајот на XIX век бил убиен од Албанци (арнаути) од селото Острец, Целта на овој злостор била да се приграби една од ливадите на Јановци, која се наоѓала покра] Велушката Река, на половина пат помеѓу Велушина и Острец. Поради тоа, семејството на Ѓорѓи останало без заштита. Така, децата на Ѓорѓи Јановски: Диме, Петра и Гела, останале без еден родител. Неговиот прв братучед Јован ја презел целата грижа за семејството на починатиот Ѓорѓи, Интересно е да се истакне дека семејствата на Јован и Ѓорѓи Јановски живееле во заедница, односно во една куќа неподелени, што е уште еден доказ за цврстината на семејните врски наЈановци.

Од друга страна, пак, Ѓорѓи, внукот на Митрета од синот Ристе, бил толку правичен човек што упорно се залагал за вистинско решавање на селските проблеми, особено во доменот на нивните односи со Албанците од Острец. Во сите етнички спорови на овој план бил непопустлив и бескомпромисен, Неговото решително спротивставување во решавањето на споровите била една од причините за неговото убиство од албанските качачки банди.

Продолжува

1slave 6Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Христијан Мицкоски : Нека е честит големиот празник Свети Сава!

Мицкоски со честитка: Св. Сава треба да не обединува во напорите за подобар живот и крај на поли...

Историја

News image

Историски белешки за Мијаците – Св. Јован Претеча (Бигорски)

Во V поглавје од својата „Книга за Мијаците“ (Македонска библиотека No. 12, Софија, 1941), Георги Тр...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОДРАМАТА „ЧЕНТО“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ОД СИДНЕЈ

Во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ и „Австралиско - македонскиот теат...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (57)

УЛОГАТА НА ТОГАШНИТЕ НАУЧНИЦИ 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.