Среда, 02 Декември 2020   
ОСВЕТУВАЊЕ НА ПРВИОТ ГОЛЕМ ДУХОВЕН МАКЕДОНСКИ ДОМ НА СИТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ТОРОНТО (13)

1pop

Во ова продолжение за читателите на порталот „Македонска нација“ ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада, стожерот на најголемиот број активности што Македонците ги развиваат во Торонто, која оваа година слави 55 години од постоењето, за која до]де мигот кој спага во оние најсвечените, вековните, историските, кога се отворија светите порти.

Се беше подготвено, се беше завршено. Луѓето го исчекуваа, веруваа и го дочекаа тој ден, имајќи со што да се гордеат, за што да наздрават и да прослават, за што заеднички да ја споделат големата радост.

За таа пригода специјално од Република Македонија допатува највисока делегација на Македонската православна црква, предводена од блаженопочинатиот архиепископ Охридски и Македонски господин господин Доситеј, која беше толку срдечно пречекана од страна на многу верници и активисти кои дојдоа на аеродромот за да го поздрават Неговото блаженство г.г. Доситеј со неговите соработници. По величественото добредојде, беше упатен заеднички апел, во кого се повикуваат сите Македонци и Македонки, граѓани на демократска Канада, на 18 април 1965 годинада да присуствуваат на осветувањето, на евангелисувањето на МПЦ "Св. Климент Охридски", со што, уште еднаш, како што беше речено, ќе ја докажат својата љубов и приврзаност кон мајката Македонска православна црква во мултикултурна Канада.

И осамна тој долгоочекуван ден - 18 април 1965 година, кога и конечно се предадоа клучевите и се отворија светите лорти за сите верници, за сите добронамерници и љубители на правдата, верата и вистината. Тогаш негово блаженство архиелископот Охридски и Македонски господин господин Доситеј во придружба на неговото високопреосвештенство митрополитот Злетовско-струмички Наум, на протаставрофорите Нестор Поповски и Атанас Попов, протаѓакон Стојан Јанковски и архиѓаконот Кирил Поповски, пред сиот тој насобран народ кој специјално за оваа пригода од многу страни доЈде да го види на дело трудот на своите собраќа, ја осветија новата црква.

2pop

Момент од осветувањето на цркаата "Св. Клнмент Охридски"

Чудесна беше глетката кога по благословот народот си подаваше раце, си честиташе, се бакнуваше, и се прегрнуваше, посакувајќи долговечна мисија и голема радост непрестајно да се излева во него Во тие моменти кон народот свој македонски и кон многуте гости се обрати неговото Блаженство г.г. Доситеј, кој меѓу другото. рече:

Драги сонародници, возљубени чеда на Господа,

Прекусо е времето и прејаки се чувствата за да се зборува, уште повеќе да се даде оценка на големината на делото што денес го извршивме, во спава на Господ Бог, со негова и со помошта на св. Климента, Наума и другите наши светители. Само историјата ќе може да го каже својот збор и да го одреди местото на големото и на Бога угодно дело остварено низ светите молитви, принесени на жртвеникот Божји при осветувањето на храмот "Св. Климент Охридски", во убавото Торонто, во прекрасната и благородна канадска земја. Големината на светиот чин што денес го завршивме се состои во   тоа   што е  изграден и осветен уште еден храм во кој ќе се слави името Божјо. 

Оваа црква е паметник на првоапостолот и патронот на Македонската православна црква, ученикот на светите браќа Кирил и Методиј. светителот и просветителот Св. Климент Охридски Чудотворец, што е создадено свето катче, сврзано со мајката црква и мајката земја. бидејќи во денес осветениот храм Божји е вѕидана - земја од црквата "Св. Климент Охридски“ од Охрид, и во ова катче од денес, на мајчиниот македонски јазик ќе се слави името Божјо, и најпосле што е храмот "Св. Климвнт Охридски" вo Торонто?

Тој е неразделен дел од обновената Охридска архиепископија, Македонската Светиклиментова лравославна црква. Новиот монументален храм, издигајќи ја славата на Македонска православна црква, пред овие и идните поколенија, едновремено ќе биде сведоштво и благодарност за љубовта и за трудот што нашите сонародници кои го изградија и се вградија во Божјиот овој храм. 

3pop

Од пречекот на поглаварот на МПЦ г.г. Доситеј со делегацијата во Торонто

Мили мои чеда во Господа,

Осветувајќи го својот храм Божји, во кој од денес на родниот мајчин македонски јазик ќе се молите, ќе се слави името Божјо, вие не можете, а да не им заблагодарите и на сите оние при кои досега ctq ги задоволувале вашите духовни потреби. Признанието и благодарноста се одлики на нас Македонците. Co изградувањето и осветувањето на нашата Македонска православна црква во Торонто вие исполнивте само еден долг пред вашите дедовци и татковци, пред црковната и националната историја на македонскиот народ, Пазувите на обновената Светиклиментова Охридска архиепископија се широко отворени за да ги примат и да ги прегрнат сите Македонци. 

Осветениот храм Божји, нека внесе мир, љубов и единство меѓу сите сонародници - Македонци, нека низ искрените молитви кон Бога лродолжи духот на св. Климент и нашите дедовци кај сите вас, наши мили сонародници. Денешниов ден и светиов чин на осветувањето на македонската црква, длабоко верувам, ќе биде забележан со златни букви во нашата историја. Тоа е големо дело што ќе служи на чест и слава", рече во својот говор г.г, Досиетеј.

Солзи радосници се лиеја по образите, а прегрнати и среќни луѓето си заветуваа дека ќе сторат се да придонесат пред се за свое добро и за иднината на своите дечиња. Во името на генерациите цјто доаѓаат, сите заедно се заколнија дека ќе го чуваат овој храм како најсакан дар, а кој отсега, па во иднина ќе биде незаобиколното место на нивното секојдневие. Тука ќе се развива еден широк, богат, значаен и потребен духовен културно-просветен, образовен и друг живот.

Тука ќе се внесе дух старокрајски кој во еден спој со новото, тукашното - канадското, ќе значи ем врска и незаборав на корените и македонското потекло, ем еден голем центар во кој ќе доаѓаат луѓе од сите возрасти и генерации, на свој начин ќе се прави спојот меѓу двете татковини - Македонија и Канада.

Продолжува 

1slave 1 
Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

 

На прво место

News image

Заев наместо да купи, моли за вакцини

Срамота е што несуден нобеловец и самопрогласен лидер на регионот како Заев да не може да обезбе...

Историја

News image

Словенското писмо го изучив од татко ми Димитрија Македонски, зашто сме Македонци (1846 година)

„Да се знае кога  селаните од моето родно с. Радибуш, Криворечка Паланка, ме главија за учител ...

Иселеници

News image

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

ДЕМОКРАТИЈА НА АМЕРИКАНСКИ НАЧИН

Култура и туризам

News image

Одење по невестата во Зубовце

Во неделата наутро, младиот девер, со зојачката карта и со тапаните оди да ги покани кумот и старосв...

Фељтон

News image

БАЛКАНОТ И МАКЕДОНИЈА (56)

ЗНАЧЕЊЕ НА ПОИМИТЕ „ХЕЛЕНИЗАМ“ И „МАКЕДОНИЗАМ“

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.