Среда, 04 Август 2021   
ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ ВО ЉУБОЈНО И ДОЛНО ДУПЕНИ (19)

1sub123

ДЕЛОТО „ИЛИНДЕН ВО ЉУБОЈНО И ПРЕСПА“

Овој текст и наредните продолженија во порталот „Македонска нација“ се дел од монографијата која е насловена „Илинден во Љубојно и Преспа“, издание на „Македонска искра“ од Скопје и на Македонско друштво „Љубојно“ од Детроит, отпечатена во 2013 година, на 320 страници на македонски и на англиски јазик.  чиј автор е Славе Катин, а коавтор е Бошко Рајчовски – Пелистерски од САД. Делото е посветено  на Илинден и на илинденските иселенички средби во Љубојно, како и на други теми и дилеми поврзани со Љубојно и етничка Преспа

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“ е сведок на судбини на Љубојно, на Преспа, на Македонија. Во делото е изразена силната љубов кон родната земја, особено на оние кои го напуштиле родното дедовско огниште, но се поврзани по семејна или друга врска со тој убав, борбен, патриотски и значаен дел на етничка Македонија.

Монографијата претставува значаен прилог и придонес на публицистичкото творештво. Таа е огледало и свидетелство на убавиот збор и откривање на судбината на печалбарскиот крај Преспа. Монографијата е документ за голем број луѓе, настани, појави, интелектуалци или вљубеници во дедовскиот крај, во Преспа. Всушност, тоа е дело особено за настаните во овој крај по повод „40-те Љубански илинденски иселенички средби“ и „Фолк – фест Преспа 2013“ кои се одржаа токму на ден Илинден во Љубојно.

Исто така, во оваа монографија се презентирани преспани кои живеат насекаде по светот, како и голем број факсимили од различни текстови и фотографии кои ја збогатуваат содржината на делото.

1l123Плажата „Dupeni Beach “ во Долно Дупени

Монографијата „Илинден во Љубојно и Преспа“, на Славе Катин и на Бошко Пелистерски со сета скромност е огледало за начинот на комуницирањето, особено на иселениците во дијаспората, а преку нив и за нивниот живот и дело што ќе останат вечни и поттик за идните генерации да не ги забораваат трагите на вистината за Љубојно, за Преспа, за Македонија.

Во монографијата се вели дека да се пишува за минатото и сегашноста за Љубојно, за Долна Преспа, за Македонците од поделена Македонија е одговорна задача, но истовремено причинува големо задоволство. Во ова време на светска глобализација прекрасно е чувството кога ќе се најде на едно место најголемиот и најзначајниот дел од една историска вистина и судбина за настаните, личностите, за минатото, сегашноста и иднината на еден убав македонски крај од незаборавот.

Илинден, Втори август е запишан со крупни позлатени букви во историјата на македонскиот народ, особено во историјата на Долна Преспа. На тој ден во 1903 година избувна Илинденското востание, а на истиот тој ден, односно на 2 август во 1944 година Македонија се конституира во држава, во лицето на Народна Република Македонија.

Во ова продолжение ќе посветиме посебен простор на Иселеничките средби во Долна Преспа. Имено, иселеничките средбо кои се одржаа во Љубојно по 40 - ти пат беа повод слични средби да се организираат и во другите долнопреспански села: Долно Дупени, Брајчино и Штрбово, како и во други села во Преспа и во Мала Преспа.

И овие средби, главно имаат иселенички карактер. Средбите ги организираат иселениците од дијаспората и месното население. А целта е да се вратат иселениците во своите родни огништа, да се видат со своите најблиски, со роднините и пријателите, да имаат пријатни мигови во родните огништа и сето тоа да остане незаборавно и да има повторни видувања.

На иселеничките средби во Долна Преспа покрај другарувањата во родното село, кое со невидена сила ги привлекуваат иселените повторно да се вратат на дедовските корени, се паметат долгите ора накитени и со младо и старо и се вијат сред село, прекрасната атмосфера и моментот кога селото е живо како во поранешните времиња. На иселеничките средби сите се дел од многубројните случувања кои остануваат за паметење во родното село под Пелистер.

1l124Дел од Полената во Долно Дупени

Една од првите иселеничката средба во Долно Преспа започна да се одржува во Долно Дупени во 1989 година. По иницијатива на иселеници од Долно Дупени кои живеат во Торонто: Ѓорѓи Ристевски, Михајло Николовски - Мајорчето и Васил Ангеловски се одлучи да се одржуваат слични средби како во ЉУбојно. Така, иницијаторите решија финансиски да ја поддржат средбата и заедно со претставници на Месната заедница да ја организираат.

Иницијативата да се организира првата манифестација од ваков вид во Долно Дупени наиде на широк одејќи кај населението. Првата иселеничка средба се одржа на 14 јули 1989 година во чест на „св Кузман и Дамјан - св Врач“, селската слава. На тој ден се собраа голем број мештани како и дојденци од Канада, САД, Австралија и од поранешните европски замји, туристи, намерници и бројни посетители од соседните села. Се пееше, се играше и се пиеше на „Полена“ и по домовите Тој е денот сите ја изразија својата љубов кон Долно Дупени, кон својот народ и кон Македонија.

 Повеќе од дваесет години традицијата продолжи „Долнодупенските иселенички средби“ да се негуваат и средбите да се организираат на викендите најблиску до празникот „Св. Кузман и Дамјан“. Иселеничките средби се одржуваат во недела и траат еден ден. Според програмата се одржува духовна богослужба во храмот посветен на светците чувари на селото, потоа на сред село, на „Полена“ одбраната музика и естрадните уметници ги забавуваат присутните до доцна во ноќните часови.

 На иселеничките средбите во Долно Дупени се организираат и културни манифестации. Меѓу другото, во 1990 година беше промовирана значајната и единствена монографија за Долно Дупени, чиј автор е Владо Јовановски. За ова дело пред многубројната публика зборуваше проф. д-р Петре Георгиевски.

Исто така, на средбите настапиле културно - уметнички друштва и голем број естрадни уметници, меѓу кои: Гоце Арнаудов, Блага Петревска Петар Нечовски, Ламбе Алабаковски и многу други. Тие помогнаа со песни и ора, со весели мигови, иселеничките средбите во Долно Дупени да останат незаборавни. 

Продолжува

1slave 9Пишува СЛАВЕ КАТИН 

 

На прво место

News image

Поддршка од премиерот на Унгарија, Виктор Орбан за ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски и државата

Денес Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски и потпретседателот на партијата, ...

Историја

News image

Билтенот „Лист на ВМРО-ДПМНЕ“

Со своето неколку месечно постоење ВМРО-ДПМНЕ се афирмира како авангардна национална и демократска п...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА МАКЕДОНСКИТЕ ПРОГОНЕТИ ДЕЦА – БЕГАЛЦИ (21)

Дo 1959 година, Грциjа преземала екстремни мерки да ги затвори своите граници со Албаниjа, Jугосла...

Фељтон

News image

АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ ВО ДЕЛОТО „ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ОД АНТИЧКИОТ ПЕРИОД ДО ДЕНЕС“ (1)

Тоа е дело на „Македонска искра“, Скопје, 2008, на 500страници, на македонски јази...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.