Среда, 18 Август 2021   
СО ПЕСНА ТАГАТА Е ЛЕСНА – „ФОЛК-ФЕСТ ПРЕСПА“ ДЕЛ II (21)

 

1les11На првиот „Фолк-фест Преспа“ настапија следните интерпретатори на народни песни и по овој редослед: Влатко Алексовски, Јованка Житарова, Бобан Јаневски, Анета Мицевска, Ристо Краповски, Томислав Маниќ, Ламбе Алабаковски со „Јовано, Јованке“ вон конкуренција, Петре Нечовски, Ирена Спасовска, Левко Блажевски, Владко Миладиновски, дуетот Ани Малинкова и Ристо Краповски, Блага Петревска и Војо Стефаноски.

На крајот од фестивалот интерпретаторите беа наградени со аплауз, а продукцијата „Сенатор“ од Битола предводена од директорот Весна Ангеловска му додели „Златна плакета“ на познатиот интерпретатор на македонски народни песни Војо Стојаноски. Директорот, пак, на „Фолк-фест Валандово“, како награда за интерпретацијата на Левко Блажевски му овозможи директно да учествува на наредниот фестивал во Валандово.

По завршувањето на „Фолк-фест Преспа 2008“ се создаде пријатна атмосфера на Полена, каде интерпретаторите кои учествуваа на фестивалот, заедно со публиката заиграа македонско народно оро. Тоа беше повод илинденското празнување да продолжи до доцна во ноќта со убави македонски ора и песни изведувани од групата „Молика“ од Битола.

 Вториот „Фолк-фест Преспа“ се одржа во Љубојно во текот на илинденското празнување во 2009 година. Имено, „36..љубански илинденски иселенички средби“ започнаа во попладнето на 1 август на просторот кај „Воденицата“. Бројните гости беа поздравени од покровителот на средбите, директорот на Агенцијата за иселеништво Васил Наумов, како и од иселениците: Снежана Стефановска од САД, Кичо Нивички од Канада, Фоте Ложенковски од Австралија и Ванчо Попјаневски од Шведска.

Во делот од културата, најпрво, беше отворена изложба на ликовни творби на академската сликарка Сунчица Станковска. Потоа, беа промовирани романот „Сарафин“ чиј автор е Јосиф Грежловски-Гандето и делото „Охридско- преспански стопански хоризонти» од м-р Јонче Филиповски. Промотори за првата книга беа Владо Димовски и Менка Карапашовска, додека за втората книга зборуваше проф. д-р Јосиф Андреевски. Потоа, следеше читање на поетски остварувања и илинденскиот рецитал - монодрама во режија на Бошко Рајчовски-Пелистерски и коктел во просториите на „Воденицата“.

1les112  1les113

 „Љубанските илинденски иселенички средби“ продолжија со дефиле по љубанските улици од Чифлик до Полена. На чело на колоната беа играорците на културно-уметничкото друштво „Гердан“ од Охрид, кои беа облечени во народни носии, кои со одбрани македонски народни ора настапија на Полена.

Во вечерните часови беше свеченото отворање на „36. љубански илинденски иселенички средби“, на кои гостите и учесниците ги поздравија: претседателот на средбите Васко Томулевски, новиот градоначалник на Општина Ресен, Михајло Волкановски, надлежниот архијереј на Преспанско- пелагониската епархија, митрополитот Петар, директорот на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија, Васил Наумов и претседателот на Светскиот македонски конгрес господинот Тодор Петров

 Манифестацијата „Фолк-фест Преспа 2009“ ја прогласи за отворена Бошко Рајчовски-Пелистерски. На оваа втора средба настапија 24 естрадни уметници, меѓу кои: Гоце Арнаудов, Анета Мицевска, Левко Блажевски, Ламбе Алабаковски и други. Народната веселба во која учествуваа неколку илјади присутни, заедно со естрадните уметници траеше до доцна во ноќта.

Во неделата на 2 август на празникот се одржа илинденското дефиле од Чифлик низ улиците на Љубојно до црквата Свети Илија, каде имаше празнична богослужба. Исто така, беше положено свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци на Илинден кај куќата на Калајџиовци, а потоа започна веселбата на Полена со настап на КУД „Македонка“ од Охрид. На попладневната народна веселба учествуваше групата „Молика“ и Анета Мицевска, како и естрадните уметници. Ламбе Алабаковски, Гоце Арнаудов, Левко Блажевски и други..

Третиот „Фолк-фест Преспа“ се одржа во рамките на „37. љубански илинденски иселенички средби“ во 2010 година. За разлика од претходните средби кои траеја по два дена, овие средби се одржаа во период од три дена. Имено, тие започнаа во вечерните часови, на 31 јули на Полена, во центарот на Љубојно. На средбата присуствуваа бројни иселеници, гости, туристи, и други видни личности. Средбите ги отвори и со пригодни зборови до присутните се обрати градоначалникот на Општината Ресен, Михајло Волкановски.

 По свеченото отворање на „Љубанските илинденски иселенички средби 2010“, настапија играорците на КУД „Охриѓанка“ од Охрид, а потоа се одржа првиот дел на „Фолк-фест Преспа 2010“. Оваа вечер беше посветена, главно, на автори и изведувачи од дијаспората. Потоа се одржа народна веселба на која заедно со играорците и естрадните уметници зедоа учество и голем број вљубеници во македонските ора.

 Вториот ден од средбите започна во попладневните часови кај „Воденицата“ со обраќање на поголем број иселеници и видни гости. Притоа имаше промоција на литературни дела и тоа: за делата на познатиот и признат писател Мето (Методиј) Фотев зборуваше Славе Николовски-Катин; за делата на Владо Димовски беше пуштена аудиокасета, делото на Љубица Димовска го претстави Менка Карапашовска, а за делото „Љубојно - љубов моја“ на Стојан Лембо зборуваше Бошко Рајчовски-Пелистерски.

Исто така, пред „Воденицата“ имаше литературно читање, а беше изведена и монодрама. По коктелот присутните заминаа на Полена каде КУД „Кирил и Методиј“ на Македонците кои живеат во Крањ, Словенија изведе прекрасна програма од македонски песни и ора. Со тоа се покажа и докажа дека младите играорци од македонско потекло во дијаспората се вљубеници во македонскиот фолклор и во прадедовската земја Македонија.

Втората финална вечер на „Фолк-фест Преспа 2010“ продолжи во вечерните часови. Вечерта ја отвори Бошко Рајчовски-Пелистерски, а со свои песни настапија следните естрадни уметници: На вечерта беше изведен и огномет. Присутните ги забавуваше оркестарот „Астра“ од Ресен.

Другиот ден на 2 август се одржа богослужба во црквата Свети Илија, а беше изведено традиционалното дефиле од мостот во Чифлик до црквата Свети Илија, како и положувањето на цвеќе на спомениците во Љубојно. Забавата ја изведе групата „Молика“ со интерпретаторката Анета Мицевска, кои ја забавуваа две-три илјадната публика до доцна во ноќта.

Во 2011 година „Љубанските илинденски иселенички средби“ се одржуваа два дена, меѓутоа, од оправдани причини и поради отсуството на Бошко Рајчовски-Пелистерски „Фолк-фест Преспа 2011“ не се одржа.

 Меѓутоа, илинденските прослави започнаа со народна веселба во попладневните часови на 1 август. Гостите ги поздрави градоначалникот на Ресен, Михајло Волкановски. Потоа КУД „Гоце Делчев“ од Битола изведоа поголем број македонски народни ора, а за песната и орото беа задолжени Јошка и групата „Кристали“, кои успееја да ги забавуваат присутните до доцните часови.

Другиот ден на 2 август, на денот Илинден вообичаено голем број љубанци и гости заедно со КУД „Моминок“ од Прилеп учествуваа на дефилето по љубанските улици, а потоа се положија цвеќиња на споменикот кај Калајџиовци. Народната вечерна веселба ја организираа Јошка и групата „Кристал“ заедно со естрадните уметници: Ламбе Алабаковски, Татјана Стефановска, Елена Велевска, Благица Павлоска и Блаже Богев.

1les114Дел од 46-те  „Љубански илинденски иселенички средби“

 „Љубанските илинденски иселенички средби“ во 2012 година се одржаа во два дена. Така, на свечен начин на 1 август кај „Воденицата“ во Чифлик започнаа „39. љубански илинденски иселенички средби“. На свеченото отворање свои говори, во кои се потенцираше славното минато на македонскиот народ и неговите перспективи во иднина, имаа: градоначалникот на Општина Ресен, Михајло Волкановски; директорот на Агенцијата за иселенништво, Васил Наумов; заменик-министерот за земјоделство и стопанство, Зоран Коњановски; пратеникот од дијаспората во Собранието на Република Македонија, Павле Саздов, а благослов на овие средби даде надлежниот архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, митрополитот Петар

Исто така, на свеченото отворање на средбите беа присутни и: м-р Мартин Треневски, амбасадорот на Република Македонија во НАТО; поранешниот министер во Владата на РМ, Владо Поповски, кој беше прогласен за почесен граѓанин на Љубојно; митрополитот Пимен, надлежен во Европската епархија на МПЦ и голем број истакнати иселеници, гости и туристи.

Пред големиот аудиториум се изврши промоција на монографското дело за митрополитот Кирил, чиј автор е Славе Николовски-Катин, а за кое дело зборуваше проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, која меѓу другото рече: „Митрополитот на Полошко-кумановската епархија, митрополитот Кирил, инаку Преспанец е најстариот архијереј по хиротонија во состав на македонскиот православен епископат.

Тој е единствениот жив потписник на историската Одлука на Светиот архијерејски синод на МПЦ (од 1967 година) за возобновување на целосната духовна и канонска автокефалност на Охридската архиепископија. Митрополитот Кирил е првиот надлежен архијереј на Американско-канадско-австралиската епархија.

 Во ова значајно и по многу нешта карактеристично дело на Славе Катин посебно е претставено севкупното национално-духовно, црковно и културно- просветно опстојување на Македонците во САД, Канада и Австралија“.

Исто така, проф. д-р Вера Антиќ ја промовираше стихозбирката „Украдени мисли“ од Душан Ристовски од Сиднеј, потоа за делото „Гробот на Розмари“ од Јосиф Грежловски-Гандето од Флорида зборуваше Билјана Костова, а за романот „Големата лага“ (на англиски јазик) од Петре Наковски зборуваше Славе Катин. Притоа, за оваа година беа најавени делата на љубанските автори „Нестивнати бури“ од Лилјана Ориверо и „Моето сенешто“ од Слободан Рајчовски, а беше изведен и илинденски рецитал.

Одбележувањето на големиот национален празник Илинден продолжи со дефиле од Чифлик до Полена, каде имаа настап младите играорци од КУД „Македонка“ и „Билјана“ од Охрид. Потоа, директорот Бошко РајчовскиПелистерски и уметничкиот директор Симе Ѓорѓиевски-Бричот од Австралија го отворија четвртиот „Фолк-фест Преспа 2012“, на кој настапија петнаесетина естрадни уметници, меѓу кои: Јулијана, Анета Мицевска, Владо Јаневски, Ламбе Алабаковски и многу други. На големиот вечерен собир присутните ги забавуваа групите „Балкански бисери“ и „Молика“.

На Илинден, пак, се одржа познатото дефиле од Чифлик до црквата Свети Илија на кое учествуваше на „Моминок“ од Прилеп. Во црквата Свети Илија се одржа редовната духовна церемонија, а беше положено свежо цвеќе на спомен-плочата пред куќата на Калаџиовци. Потоа низ целиот ден и во вечерните часови продолжи богатата културно- уметничка програма со учество на групата „Балкански бисери“ и бројни естрадни уметници.

Продолжува

1slave 9Пишува СЛАВЕ КАТИН

 

 

 

 

На прво место

Историја

News image

Христо Узунов

Роден е во Охрид, на 22 февруари 1878 година во Охрид. Уште како ученик на Солунската егзархиска гим...

Иселеници

News image

Зошто изумираат јазиците

Историскиот развој на светските јазици е приказна за себе ...

Култура и туризам

News image

Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен На 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локал...

Фељтон

News image

ПОЧЕТОЦИТЕ НА ОСВОЈУВАЊАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) (4)

Александар пресметал дека со една изненадувачка демонстрација на сила, би можел да...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.