Среда, 23 Март 2022   
РАДИО ДРАМАТА „ПРЕПОЛНЕТАТА ЧАША – ЛОКДАУН“ ОД ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ПОСТАВЕНА НА АВСТРАЛИСКА ВЛАДИНА ВЕБ-СТРАНИЦА!

1Donski Александар ДОНСКИ

Неодамна во издание на Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј излезе од печат радио-драмата „Преполнета чаша – локдаун“ од познатиот и реномиран драматург и поет Душан Ристевски.

Драмата е објавена на англиски и на македонски во хартиен формат, а симена е и како радио драма во продукција на South Eastern Sydney Local Health District and Shopfront Arts Co-Op, во изведба на членови од  Австралиско-македонскиот театар од Сиднеј, а во режија на Душан Ристевски - Македон. Всушност, оваа радио драма претставува адаптација на драмата „Преполнета чаша“ која беше поддржана од програмата на Georges River Council COVID-19 Recovery Grants Program во 2020 г.  Радио драмата е поставена на австралиска владина веб-страница и истата може да ја слуша на: NSW Multicultural Health Communications Service website

Во оваа драма Душан Ристевски – Македон повеќеслојно ја обработува, скенира и анализира состојбата во едно македонско семејство од Австралија од аспект на нивното справување со пандемијата со вирусот Ковид – 19.

Семејството  се состои од три генерации (баба и дедо, мајка и татко и брат и сестра) кои живеат заедно и како такви ги затекнува пандемијата која мошне сериозно ја погоди Австралија што резултираше со строги карантини (lockdown).

Авторот умешно прави психолошка анализа на сложените односи помеѓу ликовите, т.е. нивните карактери кои се целосно издржани, во кои доминираат судирите. Овие судири исто така се повеќеслојни и сложени и тие содржат: генерациски судири, судири помеѓу двата пола, судири помеѓу оние што се ЗА и оние што се ПРОТИВ вакцинирањето, судири поради ставот кон сериозноста на самата болест и придржувањето кон мерките за заштита и т.н. Секоја од страните во овие судири рамноправно е претставена со своите аргументи, така што на читателот останува да заклучи која страна е во право. Како стилски украс на сето ова е и повремениот хумор, што е составен дел од многу драмски творби на искусниот драматург Душан Ристевски - Македон. 

Освен судирите, авторот убедливо ги прикажува и обработува и останатите појави поврзани со карантинот: паѓањето во депресија, па дури и желба за самоубиство, стравот од смртен исход на болеста, физичката неактивнист што резултира со дебелеење, материјалните загуби (отпуштањето од работа, откажувањето на веќе закажани настани и другите финансиски удари како директна последица од „локдаунот“), носталгијата по времето од пред пандемијата, но и обидите за прилагодување на состојбата преку забавни игри и вежбање. Иако драмата конкретно опишува македонско семејство кое живее во предградие на Сиднеј, таа има универзална димензија и вредност и слободно може да се однесува за кое било слично семејство во светот за време на оваа светска пандемија. На крајот, по бурните расправии, дилеми и дискусии, сите членови на семејството донесуваат одлука да се вакцинираат. И во овој случај авторот се покажува како добар психолог поради тоа што како мотив за ваквата одлука кај секој поединечен член на семејството наведува лични причини, а не некоја идеалистичка „борба против пандемијата“, што впрочем апсолутно одговара на вистината за најголемиот број вакцинирани  во светот. Со ова „преполнетата чаша“ на ова македонско семејсво од Сиднеј сепак не претекува. Во секој случај пред нас имаме уште една успешна драма од Душан Ристевски - Македон -  драма во која преку навидум секојдневните реплики и конверзација на нејзините ликови, студиозно е обработена сериозната тема посветена на внатрешните премрежја низ кои поминаа и сѐ уште поминуваат стотици милиони луѓе ширум светот.

 

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Иселеници

News image

ОД ПРЕСПА ПРЕКУ БИТОЛА ДО ЛЕРИН ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (17)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

Фељтон

News image

СТИВ ПЉАКАС – ПРОМОТОР НА АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА (2)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.