Среда, 29 Јуни 2022   
ГОРДАН ЈОРДАНОВ – НОВ ДИРЕКТОР НА ОМД ЗА МАКЕДОНИЈА

1mm2

Нов директор на „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, САД за Македонија е назначен Гордан Јорданов, кој покрај тоа што ќе ги надгледува операциите на ОМД во Македонија и програмата Birthright Macedonia, Јорданов ќе ги покрива партнерствата на ОМД со македонските малцински заедници во Албанија, Бугарија, Грција и другите земји од Југоисточна Европа. Тој ќе биде личноста за контакт за Европа на ОМД. 

Според досегашниот претседател на ОМД, Методија А. Колоски, Одборот на директори на ОМД го направи вистинскиот избор на Гордан Јорданов за нов директор на „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, САД за Македонија, бидејќи тој е страствен, професионален, добар говорник и најдобрата личност за работата на ОМД во Македонија, со цел да ги застапува ставовите на македонската дијаспора и да ја поврзи дијаспората со Македонија и Македонија со дијаспората.   

Гордан Јорданов е роден во Велес, Македонија. Во делот на неговите активности е забележано дека уште од 11-годишна возраст е активен волонтер во организацијата „ЦИСВ – Детски меѓународни летни села“, каде што најголемиот дел од својот адолесцентен период го помина ширејќи ја македонската култура низ светот.

Исто така, во неговата биографија е забележано дека Гордан Јорданов 10 години професионално играл одбојка во ВК Борец во Велес, а бил и одбојкар за Македонската одбојкарска репрезентација до неговата 23 –та годишна воздраст.

Своето високо образование го продолжил во Солун како студент на додипломски студии на Американскиот универзитет во Солун, Грција и се стекнал со диплома за меѓународни односи и дипломатија и диплома за управување со човечки ресурси.

Додека живеел во Солун, Јорданов активно работел на активирање на младите во јавните служби и правата на малцинствата, со што станал првиот македонски претседател на Асоцијацијата на студентска влада. За време на неговите универзитетски денови, тој бил постар практикант во Центарот „Мајк и Кити Дукакис“, работејќи на планот за интеграција на градот Солун и процесите на социјализација на мигрантите во Северна Грција. Учествувал и во Програмата за практикантска работа во Министерството за надворешни работи на Македонија.

По враќањето на Гордан Јорданов во Република Македонија, тој работел во приватниот сектор координирајќи различни проекти за меѓународни организации, како и помагајќи да се основа невладина организација фокусирана на политичката транспарентност. До неодамна, тој работел како менаџер за човечки ресурси во една од најголемите компании за производство и дистрибуција на прехранбени производи во балканскиот регион.

По изборот за нов директор на „Обединетата македонска дијаспора“ (ОМД) од Вашингтон, САД за Македонија на Гордан Јорданов, кој покрај тоа што ќе ги надгледува операциите на ОМД во Македонија и програмата Birthright Macedonia, Јорданов ќе ги покрива партнерствата на ОМД со македонските малцински заедници во Албанија, Бугарија, Грција и другите земји од Југоисточна Европа, меѓу другото, го изјави следното:

„Особено ми е драго што јас ќе бидам личност за контакт за Европа на ОМД. Можам да речам дека со живеењето во странство научив многу за ширењето на македонската култура на глобално ниво.  Научив дека ние Македонците поседуваме огромни квалитети и голем број искуства кои можат да ни ги залечат раните што нашата татковина ги доживува во овие тешки периоди. Со прифаќањето на оваа функција, сигурен сум дека мојот придонес успешно ќе ги претставува целите и вредностите на ОМД во Македонија и ќе послужи како мост меѓу татковината и македонските заедници ширум светот. Секој може да ми се јави на мојот меил Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите “, рече Јорданов.

1mm23Инаку, Организацијата „Обединета македонска дијаспора“(ОМД) се смета за водечка меѓународна организација која ги застапува интересите на Македонците кои живеат надвор од Македонија - ширум светот. Од формирањето во 2004 година, со седиште во Вашингтон во САД до денес таа има постигнато завидни резултати. 

ОМД е првата и моментално единствената македонска организација во центарот на светската политика – Вашингтон. Таа ја отвори својата  прва канцеларија во 2008 година, во срцето на Вашингтон на само неколку чекори од Белата куќа и Конгресот. Притоа, основаше програма преку која нуди стипендии за студенти и дипломци да дојдат таму и да се здобијат со искуство во меѓународните односи. 

Присуството на ОМД во Вашингтон е од исклучително значење што може да се види по политиката на Америка спрема Македонија. Пред основањето на ОМД интересите на различни групи во Америка имаа значително влијание врз креирањето на американската политика спрема Македонија.

Од своето основање, организацијата работи на воспоставување односи со членовите на Конгресот на кои би им ја акцентирале важноста на пријателските односи помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Пред 2004 година Македонија и Американците со македонско потекло немаа голема поддршка во Конгресот. Тоа се промени во 2011 година кога за првпат во историјата на односите помеѓу Македонија и Америка беше создадена групата на пријатели на Македонија и Американци со македонско потекло во Конгресот којашто од неодамна брои 15 членови. За првпат една организација на членови во Конгрес во своето име го содржи името „Македонија“ и „македонски“, реафирмирајќи го правото на  самоидентификација и  самоопределување на нашата нација.

Една од главните цели на ОМД е обединување на македонската дијаспора ширум светот. Почнувајќи од 2009 година, ОМД организира годишна конференција за македонската дијаспора. Во 2009 година успеа да собере  над 1500 претставници од 23 земји ширум светот како би ги дискутирале проблемите и предизвиците со кои се соочува македонскиот народ. Покрај тоа, ОМД повикува на активно учество на дијаспората во креирањето на иднината на Македонија.

Од досегашните активности на ОМД треба да се споменат оние во САД, каде се реализирани повеќекратни средби со амбасадорот на ОН Метју Нимиц на кои се акцентираше ставот на македонската дијаспора во врска со името.  Меѓу другото, ОМД ја предводеше проектната коалиција на Американците со македонско потекло за пописот во САД во 2010 година; организираше состаноци помеѓу македонската дијаспора и челното раководство на Република Македонија.

Досегашните активности на ОМД во Европа се од големо значење. Меѓу другото, предводена е делегација во Европскиот парламент во Брисел во 2009 година; координирани и испратени се повеќе од 3 милиони електронски писма во 2006 година до пратениците во Европскиот парламент протестирајќи за дискриминацијата на македонското малцинство во Бугарија; достигната е застапеност во пет европски  земји и друго.

Затоа може да се рече дека ОМД е формирана  бидејќи имаше недостаток од професионална организација во светот, која активно на дипломатско ниво и во важни политички кругови, ќе ги претставува интересите и потребите на македонскиот народ надвор од Македонија. 

ОМД не е паралелна организација на никоја друга организација и не сака да биде видена како паралелна. Секоја македонска организација во светот придонесува кон доброто на Македонија и македонскиот народ.  Членовите на оваа организација се среќни и задоволни што вратите во Соединетите Американски Држави, Канада, Австралија и Европа и’ се отворени за комуникација и дијалог. ОМД, чиј член е и авторот на овие редови, активно работи на тоа да се едуцираат повеќе аналитичари и политичари за состојбите и предизвиците на Македонија и македонскиот народ, особено во соседните земји.

„Обединетата македонска дијаспора“ организира различни конференци, собири и други активности, кои на академска основа се занимаваат со прашања поврзани околу Букурешкиот договор од 1913 година, како и што се случило со Македонија и македонскиот народ од тогаш до денес, со цел да се потсетиме сите ние во државата и во дијаспората каде водат недоразбирањата, со цел да извлечеме  поука како да продолжиме понатаму и кои се можностите за развој на Македонија.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

СТРАЗБУР ЈА ПРИФАТИ АПЛИКАЦИЈАТА НА РАТКО ДИМИТРОВСКИ ЗА „ПОШТЕНСКА БАНКА”

Обвинетиот чека правда од Европскиот суд за човекови права

Иселеници

News image

ЕРУСАЛИМ – ГРАДОТ НА ЕВРЕЈСКАТА ВЕЧНОСТ (15)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ИЗРАЕЛ И МАКЕДОНИЈА“ НА СЛАВЕ КАТИ...

Култура и туризам

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ МОНОГРАФСКОТО ДЕЛО „СИЛЈАН МИЦЕВСКИ“

Излезе од печат монографијата „Силјан Мицевски“ која се однесува на животот и делото на  бизн...

Фељтон

News image

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ИСТОЧНО - ЕВРОПСКИТЕ ЗЕМЈИ – ДЕЛ I (10)

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.