|
|
Одбележа 30 годишнината од печатењето на „Народна Воља“ |
Во организација на општина Прилеп, во Домот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп, се одбележа 30 годишнината од печатењето на првиот број на весникот на Македонците во Пиринскиот дел на Македонија „Народна Воља“... Учесниците на јубилејот положија свежо цвеќе на Могилата на непобедените и на споменикот на првиот претседател на Македонија Методија Андонов Ченто. Весникот „Народна воља“ го презентира Драги Башески, а пред присутните за весникот „Народна воља“ зборуваа уредникот Ѓорѓи Христов алијас Јан Пирински од Благоевград, проф.д-р Георги Радулов - Радуле од Софија и поетот Димитар Иванов од Шумен, кој истовремено прочита стихови од поетесата Златка Дамјанова од Варна. Во име на градоначалникот на општина Прилеп Марјан Ристески, присутните ги поздрави Илија Шаторов. Нродна воља прерасна во глас на Македонците во Бугарија, бедем за одбрана на вистината за Македонија и Македонците во Бугарија, мост за македонско-бугарското братство, затоа што основата и на Бугарија е Македонија. Таа вера во победа, таа борба за права и слобода, ги обединува Македонците во Бугарија, дека еден ден и тие слободно ќе зборуваат, ќе се организираат и собираат, на македонски ќе се информираат и во својот Господ на македонски ќе веруваат, на македонски ќе му се исповедаат и богослужат. И можеби затоа, поттикнат сум да кажам, дека сите каде и да сме, сплотени сме, во единствената мисла која е молитва за Македонците во светот: Македонците се за пристапување на Македонија во сојуз со Европската Унија и НАТО-Алијансата, но само како Македонија и како Македонци со македонски јазик. Се друго е велепредавство и геноцид врз македонскиот народ! Се друго е против меѓународното право и претставува злосторство против човештвото кое не застарува! ...Македонците имаат длабока традиција на демократија, имаат силна вера во Господа, припаѓаат на цивилизација на мирот и љубовта како основа на Нова Европа! Македонците знаат дека власта доаѓа и заминува, но останува името на државата што идентитет на нацијата значи, што територијалниот интегритет на ова свето парче земја го одржува и силно, каде и да сме, не обединува! Без Македонија, ќе не нема, без неа на Балканот војна ќе има! Само таа и единствено таа, со сите разлики не обединува! Само таа е решение за траен мир на Балканот меѓу сите! Македонија е решението на се уште отвореното македонско прашање!.. ..Изразувам искрена благодарност до Ѓорѓи Христов, главниот и одговорен уредник на весникот Народна Воља за неговото животно дело: весникот Народна воља и битката за правда и слобода, за Македонците и за Македонија! Истовремено, во името на Светскиот Македонски Конгрес имам чест, пред сите Вас, да му го врачам највисокото семакедонско признание на господинот Ѓорѓи Христов, почесната титула Македонски сенатор, истакна меѓу другото во својот поздравен говор, претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров.
|