|
|
ПОВИК ЗА КАНДИДИРАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИК ЗА ЕВРОПА |
ЗА КАНДИДИРАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ПРАТЕНИК ОД ВМРО-ДПМНЕ ЗА ЕВРОПА Согласно одлуката на Извршниот комитет (ИК) на ВМРО – демократска партија за македонско национално единство (ВМРО‐ДПМНЕ), а во согласност со статутот на партијата, се објавува повик за кандидирање на кандидати за претеник од ВМРО-ДПМНЕ за Европа. Од голема важност е кандидатите да бидат угледни луѓе, членови на ВМРО-ДПМНЕ кои се активни и добро прифатени од заедницата во која што живеат, како и да имаат визии кои ќе придонесат во насока на јакнење на единството на македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија. Сите оние кои се пронаоѓаат себеси во овој повик на следнава e-mail адреса Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите треба да испратат: 1. кратка биографија 2. програмски текст не подолг од 2 страни 3. копија од важечки македонски пасош или лична карта 4. мотивационо писмо со сублимат на досегашните активности во заедницата и во ВМРО-ДПМНЕ Рокот за доставување на потребните документи е од 19 април 2011 г. до 26 април 2011 г. По доставувањето на кандидатурата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од седиштето на ВМРО‐ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор. Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината. Секој пријавен кандидат ќе биде третиран со строга дискреција, со цел за заштита на кандидатите кои нема да бидат избрани. Се надеваме дека предизвикот да се биде дел од Собранието на Република Македонија каде се носат најважните одлуки за државата, како и да се преставува нашата дијаспора од Европа, како и можноста да се влијае на продлабочување на врската и соработката помеѓу Македонците ширум светот ќе резултираат со голем број на кандидати, кои имаат желба да направат нешто за својата татковина и за својата нација. Со почит, ВМРО – ДПМНЕ
|