Среда, 06 Јули 2011   
Репортажа за Мала Преспа објавена во албанското неделно списание МАПО

Македонците од Преспа  по леб во три држави

Од: Бен Андони

За домородците од македонското малцинство не постои сомнеж: Преспанските села се како Венеција. Всушност ништо не наликува на Венеција освен чамците кој спијат на брегот на Преспа, празните цркви и природната убавина. И до таму, додека се реши патот на Националниот Парк, ќе треба добра кола и време.

Последново е оправдано кога одиш во селата со две имиња (македонско-албански), кои секој ден се иселуваат поради емиграцијата за подобар живот. жителите бегат една сезона во Грција, после во Македонија и останатото време во Албанија.

reportazh-ben-prespa

Тука завршува времето…

Повеќето од жителите на Преспа се занимаваат со сезонски работи во емиграција во Преспа во Грција. Таму повеќето се вклучени во произдвотството на грав и неговите услуги. Одат и се враќаат. Нема ни 7-8 километра ни кажува градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко. После одат во Македонија и се занимаваат со јаболката. Се враќат после во Албанија и градат. Тие се познати како зидари со нивната работа во Грција и Македонија.

На кратко, како и во секој агол на Албанија, во 9-те села од Преспа, емиграцијата останува главен извор, потоа доаѓа риболовот, земјоделството и сточарството, со кои едноставно се задоволуваат домашните потреби. Ова е суштината од репортажата  за општина Пустец, населено 100% со Македонци.

Тука времето како да е застанато и ова се потврдува ако прашате некој повозрасен човек, сите ке ви одговорат исто: Незнам арнаутски!

Албанија одамна не се вика Арнаутистан, но жителите од македонското малцинство имаат ваква перцепција таму, околу 200 км одалеченост од Тирана. Приказната останува  убава, кога го фаќаш патот за суперстрадата кој те носи во Капштица. После вртите на лево кај Сонблак, го искачувате планинскиот предел  Ѕвезда, каде последно време се работи и се асфалтира, и после малку по малку, после еден планински пат каде една табла означува Преспа Парк, одеднаш се појавува на хоризонтот Пустец,  а над него Шулин. Пред нас се наоѓа Леска и островот Мали Град. Новите покриви, што ги имаат заменето старите, многу го имаат променето урбаниот изглед на областа.

Васил Стерјовски, висок дечко, кој има превземно задача како директор на водоводот во Корча  е нашиот водич. Јасно ни ја опишува областа и во ниту еден момент не се досадува од прашањата што му ги поставуваме. Освен добар државен службеник останува познат активист за своето македонско малцинство. Го потсетувам за една декларација кога јавно се произнесе дека: “Декларациите на грчкиот конзул се неприфатливи и на штета на сите малцинства во Албанија. Грчкиот конзул се меша во внатрешните работи на  Албанија и прави асимилација на Албанците, Македонците, Ромите и Власите тука. Реален попис е единствен начин да се спречат овие напори…”.

Полека се доближуваме до Шулин. Васил ме остава да разговарам со жителите. Едно село речиси напуштено со малку луѓе кој го прават секојневието. Едно натоварено животно, едно момче кое работи и три старци кој што одат во различни правци. Се разделуваме, Васил оди да се сретни со најстариот жител на селото, јас ја сретнувам Крста Трајко, 71 годишна жена, која живее сама. Децата му имаат направено голема куќа на три спрата, додека таа живеа на страна од убавата куќа. Не поканува, ако ја разбрав добро ми вели дека има четири момчиња и три девојки и дека живее со една пензија од 4000 леки. Од неколкуте зборови што ги разбирам , често ги мешаме сите. На почеток за децата, потоа за животот и местото. Шулин е село кое се гледа дека е останато со старци, каде лицето на странец остава голем впечток. Има малку нешта што можи да се забележат освен емиграцијата. Сите си одат. Младите, кој се останати се малку индиферентни со новодојдените.  Со старата стануваме пријатели кога почнуваме да се разбираме. Тежок е животот за неа, но и со толку колку има, му е благодарана на Бога. Триесетина минути подоцна, Васил за среќа, не чека во дворот на селската кафана со Богдан Никола. Вториот, роден во 1918 година, е сведок на сите настани на Албанија, кога ова почна да ги средува границите. Има дебели наочари и тој ми објаснува појасно за селото. Останат е вдовец, затоа што сопругата му е почината од поодамна, додека ќерка му е таа, која што доаѓа секоја вечер кај него и го гледа. Добро зборува албански и често го меша со македонскиот. Стариот ми ги кажува фамилиите на Шулин: Грозданој, Кореј, Доневци, Печовци, Трповци, Коствоци, Ристовци, како живеат и како го издржаа социјализмот. Тој навистина има живеано едноставен живот и Господ до сега му има дадено здравје. Селото, се сеќава стариот, порано имаше 600 жители. Сега, состојбата е сиромашна од иселувањето и тешкотиите на животот. Сега на групата ни се придружува и старата која му вели на Богадан да ни објанси убаво оти таа незнае арнаутски.

Фактички, Албанија ја има заборавено Преспа и нејзините убавини, со кои може да се гордее секоја друга земја.

И вистина тука има многу атракции: како пештерската црквата Св.Богородица која  се наоѓа на островот Мал Град.

На бреговите на Преспанското езеро се наоѓаат пештерски цркви кој датираат од 12 и 13 век како пештерката цркава Св.Благовештание до село Глобочени, пештерската црква Архангелчето на 3 километри од Пустец идр. И ако уште додадеш дека тука била престолнината на Цар Самуил и пат од Виа Игнатиа, како и подводна населби кај Туминец…тогаш сами можи да процените за важноста.

Во вториот мандат ке го асвалтираме патот кој води за село Туминец. Имаме проект од вредност од 200.000 долари. Проектот е одобрен, се чека само да се одржи тендерот. Исто така подготвуваме проекти за Глобочени, Горица…” додава  градоначалникот во Пустец неколку минути далеку од Шулин. Градоначалникот е од редовите на Македонска алијанса за европска интеграција, партија која по вторпат ке се обиде да ја освои областа за време на локалните избори. Првиот пат беа во коалиција со Социјалистичка партија додека овој пат се во коалиција со Демократската партија. Од Бериша имаат земено ветување кое сеуште не е исполнето за враќање на македонските имиња на селата во Општина Пустец. Македонската партија се формира пред четири години после многу одлагања. Денеска, од ова место, мала зграда каде се вее симболот на општина Пустец, шеснаесет-зрачното златно-жолто сонце, ни зборува градоначалникот на општината.

Васил Стерјовски, кој не придружува, самиот школуван при универзитетот Св.Кирили и Методиј во Скопје, додава дека голем проблем  е губењето на јазикот. “Ние кога си заминуваме од тука не ни се признаваат нашите права надвор од Мала Преспа. И нашето заминување од тука е поради лошите услови”, додава тој. Децата учат македонски јазик во основно училиште, но проблем е изучувањето на македонскиот јазик во средното. Македонците имаат побарано учебници од Македонија, и ова последната има покажано разбирање, но малку е направено. Многу млади уште си заминуваат, вели Стерјовски. Додека градоначалникот продолжува дека…”на 8 мај ние излегуваме со јасна програма, каде посебно внимание се обврнува на развојот на туризамот и проекти за развојот на брегот на Пресапнскот езеро. Иако буџетот на општина е скромен досега имаме реализирано повеке проекти од разни фондови, така сликата доста е променета за разлика од порано. Исто така, во соработка и со дирекцијата за земејоделие ке се посвети внимани и на равојот на овоштарсвото и лозарството со конкретни субвенции за земјоделието” -вели Темелко.

Но Македонците не застануваат тука. Васил има превземено една интересна иницијатива за македонското малцинство. “За прв пат во Албанија, има земено иницијатива да македонската заедница да има свој глас во Корча. Го имаме земено ТВ Кристал и преку овој канал имаме почнато со емитување на македонски програми со македонски песни, документарни филмови и емисии за изучување на македонскиот јазик и сега во соработка со УНИЦЕВ работиме на еден проек за ромите, каде ке се крева гласот на ТВ Кристал за проблемите на децата роми.

Нашата цел е да ова телевизја да прерасни во глас на малцинствата и ова ке се направи за прв пат во Албанија. Ова работа треба да ја прави државната телевизја,  затоа што со закон ни е дозволено да се информираме на нашиот јазик, но реално ова не се спроведува. Ние ке бидиме отворени со Ромите, Власите, Грците”. Овој разговор го водиме една вечер во телевизија во Корча, во неговото скромно студио. Знам дека зборовите не завршуваат но и она што го чека е тешко, но Васил пробува и ке успее во својата цел.

….

Неколку часа порано двајцата се враќавме со кола. Тој ми кажува дека има страв од асимилација и ова го чуствува кај образованието на децата. Во Преспа, Голобрдо и Гора не се асимилираме, но кога одиме во градовите се асимилираме, затоа што во школо не го изучуваме македонскиот јазик, ми објаснува горчливо.

Но, сиромаштијата не прашува и тој знае добро дека нештата не се менуваат само со верба туку треба и желба. Тој сам, само што го има започнато патот.

Кон надвор гледаме како работат и како патот се асфалтира кон сонот што се вика Преспа, но што можеби никогаш нема да биди Венеција.

Преведе од албански Ѓорѓи Терпо
 

На прво место

News image

Мицкоски: Гласајте за нас нема да ве изневериме

Дел од обраќањето на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во Охрид

Историја

News image

Титовите слуги измислуваат македонски национализам

На 18 јули о. г. сите дневни весници од Југославија донесоа подолги извештаи од заседанието на Секре...

Култура и туризам

News image

Верувања од Разлошко

Градба на куќа Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работ...

Фељтон

News image

ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ВО САД И ВО КАНАДА – (ДЕЛ II) (28)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.