|
|
Спаско Трпоски-Спасе, еден од патриотите кои не се забораваат |
Еден од незаборавните патриоти е почнатиот Спаско Трпоски, познат меѓу нас како Спасе, за кого јас Јанко Томов, кој заедно со Панко Спамковски и Јонче Трајчевски од Австралија, го раководевме координативното тело на ДПМНЕ за диаспората-Австралија, во соработка со оснивачот Драган Богдановски, го давам почитот према овој голем Македонски патриот. Желбата за донесување на демоктатскиот поредок во Македонија, од западната демократска диаспора-Австралија, како и за оформување на помагателна гранка-Задграничен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Сиднеј, Нов Јужен Велс, Австралија, му се оствари на Спасе Трпоски, со личната дозвола од оснивачот на ДПМНЕ и на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Богдановски.Така на 27 Јули 1990 година, во Сиднеј, Спасе Трпоски, со група македонски патриоти, на 27 Јули 1990 година, формира Иницијативен Одбор за огранокот на ВМРО-ДПМНЕ, со ополномоштувањето од Драган Богдановски, од Шведска и со договор со Панко Стамкоски, од Австралија. Истовремено, Јанко Томов од Перт, Западна Австралија, имајки доверба во Пеце Талевски, тогашен претседател на Поткомитетот за Македонски човекови права (МЧП), за Нов Јужен Велс и потпретседател на АМКЧП, му испрака инструкции и материјали, за да му ги предаде на Спасе Трпоски или на Ристо Попов, за да им послужат, за Оснивачкото собрание. Оснивачкото Собрание, на тој огранок, се одржа на 24 Август 1990 година во просториите на црковната општина “Св. Петка”, Рокдал, Сиднеј. Пред голем број на македонски иселеници,за претседател е избран Ристо Попов, поранешен претседател на организацијата “Обединети Македонци” од Нов Јужен Велс, а за секретар Спасе Трпоски. Раководството на огранокот го сочинуваа и познатите активисти на Македонското движење, како Ацо Шапкаревски, од Канбера-Квинбирјан, Димче Џајковски, од Сиднеј и други. За поголем број на видни Македонски патриоти, кои во Македонското движење, во диаспората, го даваа својот драгоценет придонес, кон Македонското дело, нема доволно лични податоци. За Спасе ке ги користиме податоците. од неговиот брат Иван Трпоски, познат Македонски публицист и поет на голем број публикувани дела, како и библиотекар на Македонското културно просветно друштво од Сиднеј, Австралија “Григор Прличев”. Имено братму Иван е автор на книгата: “Спасе Трпоски-живот и дело”, ИСБН 978 0 9804813 2 7, Сиднеј 2008. Спасе е роден во село Волино, Охридско, Македонија на 19 Мај 1947 година, од татко Наум и мајка Љуба Трпоски, по постарите негови браќа Диме и Иван, како и сестраму Ристана. По Спасе се раѓаат и неговите помлади брака: Ангеле и Трпе. Спасе Трпоски завршил осмолетка и во градежништвото добил звање на полуквалификован Тесар. Во 1967 Спасе заминал за Грингила, Австралија. Неговиот брат Диме му гарантирал за влез во Австралија и му нашол работа. Од тогаш, Спасе, на 20 годишна возраст, се до неговата прерана смрт, неколку пати се врака во родната Македонија, која ја сака неизмерно. При тој “Бумеранг”, одење и враќање во Австрлија, Спасе доживува чести судири со тогашните комунистички и социјалистички власти на Македонија. Соселанецот на Спасе, Сергија Секуловски, од Вулонгонг, Австралија, познат во тоа место како Македонски патриот, го упатува во ДООМ, а покасно му овозможува и добивање на патриотското списание “Македонска нација”. Во Спасе се будат патриотските чуства и сознанијата за Македонската вистина, добиени од лидерите на ДООМ и страданите Македонски патриоти на Република Македонија, од комунистичкиот и социјалистиски системи на владеењето. Спасе, со таквите патриотски сознанија ги запознава своите најблиски и најдобрите пријатели. Спасе тоа го прави-демонстрира, на свој, донекаде боемски –специфицен начин, кој сите што го познаваа му завидуваа за неговата храброст. Драган Богдановски, во времето на излагање од 11 годишен затвот, во идризово-Скопје, Спасе се поврзува со Костадин Диневски-Динката и со Борис Змејковски во Охрид. Динката беше тој кој го поврза Змејковски со Драган Богдановски, кога излезе од затвор од Идризово во 1988 година. Во тоа време Спасе се запознава со Богдановски и во една прилика го превезува Богдановски во Куманово за да се види со неговите браќа. Подготвените материјали, за публикување на својата биогравска книга, Драган Богдановски, му ги дал на Спасе, да му ги предаде, на Панко Стамкоски, заменик претседател на Координативното тело на ДПМНЕ, за диаспората и уредник на неделното списание “Македонија”, од Мелбурн. Спасе беше верен на ВМРО-ДПМНЕ и неверуваше во друга нова ВМРО-вска партија. При покушајот за формирање на расцепничката ВМРО-ДП, од страна на Владо Голубовски, во Охрид, Спасе Трпоски, со своите пријатели, го растури овоа недолично формирање. Пред самата прерана смрт, Спасе Трпоски, се обратува, со поопширно писмо, до Јанко Томов, од Перт Западна Австралија, поранешен член на Координативното тело на ВМРО-ДПМНЕ, за диаспората, да неговите архивски материјали, за оваа организација, се овозможати користат за формирање на музеј, во родното Волино, Република Македонија, од страна на централата на републичката ВМПО-ДПМНЕ. Вечна му слава на Спасе Трпоски, поборник за македонската демократија и за создавање на самостојна Македонска држава, преку ВМРО-ДПМНЕ, која политичка партија е најблиска до современиот демократски западен поредок и до светите Илинденски идеали на Македонската борба. Јанко Томов |