Четврток, 24 Ноември 2011   
ЕДМОНД ТЕМЕЛКО Е ДЕМОКРАТ, А НЕ МАНИПУЛАТОР!

Во дневниот весник ДНЕВНИК на 22 ноември 2011, година на првата страница објавен е текст со наслов „Единствениот градоначалник Македонец во Албанија, се пресели во Македонија“, поднаслов „Едмонд Темелко сe втемели во Ресен, го запусти Пустец“.

Текстот не е потпишан, што наведува на заклучок дека е редакциски коментар. Останува енигма изворот на дезинформациите со кои авторот се послужил за манипулација со јавноста во Македонија и Македонците во Република Албанија.

Кога редакцијата веќе си зела за слобода неосновано да обвинува, во согласност со основните права на исправка и одговор, бараме да го објавите следниот демант на Вашиот коментар.

gradonacalnikЕдмонд Темелко не е единствениот градоначалник Македонец во Република Албанија, како што ДНЕВНИК пренесува. Едмонд Темелко е прв градоначалник од Македонска партија во Република Албанија. Има најмалку десетина градоначалници Македонци во Република Албанија, во областите Голо Брдо и Гора, како и во други општини на целата територија, но тоа се градоначалници од албански партии кои работат за нивните партиски интереси.

ДНЕВНИК пренесува наводно „големо незадоволство на жителите на Пустец и претставници на Владата во Скопје“ од работата на Едмонд Темелко. Прво, Едмонд Темелко не е избран од Владата во Скопје, туку од Македонците во општина Пустец. Дали некому во Владата во Скопје му се допаѓа или не Едмонд Темелко, е негов личен проблем, а не на Македонската партија ниту на Македонците во Република Албанија.

Второ, Едмонд Темелко е избран за градоначалник на општина Пустец за првпат во 2007 година, додека пред четири месеци во мај 2011 година е реизбран со втор мандат во општина Пустец, земајќи 75% од гласовите на гласачите за разлика од неговиот противкандидат, исто така Македонец, но кандидиран од албанска партија. Со 75% од вкупните гласови, Едмонд Темелко беше единствениот градоначалник во Република Албанија кој на овие локални избори успеа да победи со толкава голема разлика. Ако постоеше незадоволство, како што тврди ДНЕВНИК, избирачите немаше по вторпат да гласаат за Едмонд Темелко за градоначалник.

Едмонд Темелко повеќе од десет години престојува во Ресен, Македонија, одалечен 25 км од Мала Преспа. Тоа воопшто не смета во извршувањето на својата работа, бидејќи како градоначалник секој ден е на работа а тоа жителите на Мала Преспа го гледаат, неговото (не)присуство не може да се крие.

Што се однесува на констатацијата дека селата во Мала Преспа се празнат поради емиграција по работа во Македонија и Грција, тоа не е вина на Едмонд Темелко, бидејќи општината има ограничени надлежности и речиси никаков буџет. Владата е таа која прави развојна политика, која отвора работни места, привлекувајќи инвестиции и стимулирајќи фирми за инвестирање.

Општина Пустец има буџет од 30.000 долари за инвестиции годишно! Со ограничените надлежности општината Пустец се обидува на секој можен начин да им помогне на жителите во општина Пустец.

Општина Пустец беше запуштена со децении, а не поради мандатот на Едмонд Темелко. Дел од тие проблеми за првпат се разрешија токму во мандатот на Едмонд Темелко. Тој што порано ја посетувал Мала Преспа, знае каков макадам и дупки газел тогаш, а по каков асфалт се вози денес. Националниот пат Корча-Горица-Стење е асфалтиран, а тоа ги отвора перспективите за развој на општината, посебно на туризмот.

Благодарејќи на коалицијата на Македонската партија со владеачката Демократска партија, општина Пустец успеа да асфалтира неколку локални патишта кои ги поврзуваат селата со националниот пат. Во речиси сите села се инвестира во водоводи и канализации.

За првпат во историјата на Република Албанија, со сообраќајната сигнализација на македонски и албански јазик обележани се сите улици, плоштади, јавни установи и села во Мала Преспа, со настани и личности кои оставиле белег во македонската историја.

Општината Пустец традиционално почна да го организира Македонскиот Фолклорен Фестивал, да го празнува националниот празник Илинден, како и позначајни празници поврзани со историјата на македонскиот народ, 24 мај - Денот на сесловенските и семакедонските просветители светите браќа Кирил и Методиј и 8 септември - Денот на независноста на Македонија.

Во Парламентот на Република Албанија во процедура е закон за враќање на македонската топонимија на селата во Мала Преспа, албанизирани во времето на Енвер Хоџа. Општината со внимание го следи решавањето на ова прашање во Парламентот на Република Албанија, имајќи предвид дека за негово усвојување потребни се гласовите и на власта и на опозицијата, бидејќи се донесува со двотретинско мнозинство од вкупниот број пратеници.

Општината успешно се справи со корупцијата што беше пракса во минатото, за секоја потврда жителите плаќаа мито на општинската админситрација.

Што се однесува до тврдењата на ДНЕВНИК дека Едмонд Темелко четири години не организирал состанок во Македонската партија чиј претседател е, и дека освен во Мала Преспа Македонската партија не функционирала на друго место во Република Албанија, поради скромните резултати на последните локални избори, сакаме да ја информираме јавноста дека Едмонд Темелко е претседател на Македонската партија во Република Албанија во последните две години и за тоа време се случија безброј активности кои пред албанската јавност и светот го поткренаа прашањето за положбата и правата на Македонците во цела Република Албанија. Македонската партија е проширена и надвор од областа Мала Преспа.

Едмонд Темелко во 2009 година наследи партија со градоначалник и неколку советници во општина Пустец. Денес Македонската партија има директор на Јавното водоводно претпријатие во Корча, Македонската партија формира свои ограноци во повеќе градови, областите Голо Брдо и Гора. Благодарение на директорското место во Корча, вработени се неколку Македонци од Корча, што го зајакна влијанието на Македонската партија во регионот. На последните локални избори Македонската партија убедливо ја освои власта во општина Пустец, иако за жал со фалсификување за 20 гласа изгуби во општина Требиште, Голо Брдо. На последните локални избори Македонската партија за првпат доби советници надвор од општина Пустец, Мала Преспа и тоа 11 советници во пет општини, општина Пустец, општина Требиште, општина Пирг, општина Центар Билишта и во градот Билишта, за неколку гласа Македонска партија не доби советници и во други општини.

Македонска партија за време на мандатот на Едмонд Темелко презеде локална телевизија во Корча, која за првпат јавно во етерот на Република Албанија емитува програми на македонски јазик.

Најостро протестираме на тврдењето на ДНЕВНИК дека Едмонд Темелко давал македонски пасоши.

Нив ги издава само Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, ниту Едмонд Темелко, ниту општина Пустец. За волја на вистината Едмонд Темелко и Друштвото Преспа во 2002 година беа најактивно вклучени во помошта, најголемиот број Македонци во Мала Преспа, како и во други делови на Република Албанија, да добијат и македонски државјанства и пасоши.

Ниту Едмонд Темелко дава ученички и студентски кревети во Македонија, но им помага на Македонците да ги решаваат тие свои потреби во Република Македонија.

И за крај, најголемата лага на ДНЕВНИК е дека Едмонд Темелко не бил заинтересиран за последниот попис на населението во Република Албанија.

Напротив, Македонската партија неколкупати реагираше до албанските власти и меѓународните претставници во Тирана, заедно со сите малцински заедници во Република Албанија, вклучувајќи ја и грчката заедница, за пописот и проблемите кои ги засегаат Македонците во Република Албанија.

Така било, така, Едмонд Темелко, општина Пустец, Македонската партија ќе продолжат и во иднина, а срамно е чкртањето лаги во ДНЕВНИК кој го сметавме за сериозен информативен дневник!

Од Службата за информирање

на Македонска алијанска за европска интеграција

во Република Албанија

и општина Пустец

 

На прво место

News image

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните избори

  Муцунски: Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ги усвои победничките листи за парламентарните...

Историја

News image

Гоце Делчев неприкосновен лидер на македонската револуционерна борба

Општонародниот водач на македонската ослободителна борба Гоце Делчев е роден на 4 февруари 1872 годи...

Иселеници

News image

НАЈГОЛЕМО ПРИЗНАНИЕ ЗА АНСАМБЛОТ „Томов“ И ЗА ГЕОРГИ (ЏОРЏ) ТОМОВ (19)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

Велигденски пост

Првичната цел на предвелигденскиот пост била насочена кон огласените, кои се припремале да бидат крс...

Фељтон

News image

АКТИВНОСТИ НА ФОНДАЦИЈАТА ПО СМРТТА НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ – (ДЕЛ II) (25)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.