Четврток, 06 Септември 2012   
Дуото Рибарски со настапи во Корча и Пустец

Nastap_vo_Pustec_1-001Кирил и Милица Рибарски во Корча и Пустец  ја одбележаа 35- Годишнината од својата концертна дејност

На 4 септември 2012 година, во културниот дом “Ванѓуш Мио” во Корча,  ДУО РИБАРСКИ -Милица Шперовиќ Рибарски, пијано и Кирил Рибарски, тромбон, во Корча, одржаа  концерт за клисична музика.

Љубителите на музиката во Корча имаа можност да присуствуваат на прекрасната изведба на Кирил Рибарски, еден од најпознатите македонски и светски тромбонисти, за кого велат дека е Паганини на тромбон. Тој, во придружба на својата сопруга Милица Шперовиќ-Рибарски, ги изведе Танц на огнот" од Де Фаља, Хабанера" од Морис Равел, Соло Мио" и др. Милица Шперовиќ-Рибарски ги изведе Врата вино", Огномет", Фантазија импромити оп.66, цис-мол од Ф.Шопен и др.

Nastap_vo_Pustec

Како гостин на концертот настапи и Емил Рибарски, пијано со Етида оп.10 бр.9 во еф-мол од Ф.Шопен и Етида оп.8 бр.2 во фис-мол.

Корчанската публика беше водушевена од настапот на Дуото Рибарски кој уште еднаш покажаа дека се вистински амбасадори на Македонија.

Исто така, на 5-ти септември 2012 година Дуото Рибарски настапи во Пустец, Мала Преспа во рамките на чествувањето што општина Пустец го  организираа по повод 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Концертот се одржа во просториите на Гимназијата “Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски” во Пустец, каде освен настапот на Кирил Рибарски, тромбон и Милица Шперовиќ Рибарски пијано, настапи како гостин и Емил Рибарски, пијано.

Ова е втор концерт за класична музика во Пустец. Првиот концерт се одржа пред четири години каде и тогаш настапија Кирил Рибарски и Милица Шперовиќ Рибарски по повод прославата на 8-ми септември, Денот на независноста на Република Македонија.

Оваа година ДУОТО РИБАРСКИ ја одбележува 35- Годишнината од својата концертна дејност.

Дуото  Рибарски, Кирил Рибарски тромбон, и Милица Шперовиќ-Рибарски пијано,  формирано е во 1977 година. Досега настапувале во триесет земји на Европа,  Азија, Северна и Јужна Америка во најпознатите музички центри како Париз, Виена, Рим, Москва, Лондон, Брисел, Њујорк, Монтреал, Прага, Краков, Шангај, Бело Хоризонте, Рио Де Жанеиро, Токио.

Nastap_vo_Pustec_1

Nastap_vo_Korca

 

На прво место

News image

Петрушевски: Криминалот во Лотарија се шири, Груби и Перпарим злоупотребиле многу повеќе од 8 милиони евра

Договарани се тендери за набавка на телевизори, принтери и компјутерска опрема, кои по спроведенит...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.