|
|
Потребни реформи на ЕУ и НАТО и здрави лидери |
Пишува: Јанко ТОМОВ
Срамота за водењето на неадекватна политика на НАТО, како на самитот во Букурешт, а уште повеќе на самитот во Чикаго, во 2012 година. Не е голем срамот за раководството на НАТО, затоа што не ја прими Република Македонија како член со нејзиното уставно име, туку е поголем срам и недоследност на демократските принципи, затоа што не ја прими Република Македонија со званичното привремено име согласно ОН, за кое Хашкиот суд кој е Меѓународен Суд на Правдата на Обединетите Нации (ОН), донесе решение: Република Грција да не го попречува зачленувањето на Република Македонија во НАТО со привременото име. НАТО, бидејќи претставува членство од преставници на нации и тие како нас македонците, кои сме доброволни помагачи за остварување на НАТО-вата воена одбрамбена активност и чување на мирот во светот, треба да ги усвојува и задоволува потребите од своите пријатели, кои го даваат свој допринос за таа светска безбедност. Многу е мистериозно однесувањето на одреденото раководство за планирање и организирање на дневните редови на самитите на НАТО! Ово јасно се виде на овој самит на НАТО во Чикаго. Пред самитот, Владата на Република Македонија, специјално премиерот Никола Груевски, лично и преку своите дипломати и министри, а и посебно претседателот Ѓеорге Иванов, водеа демократска, досега невидена активност, да ги придобијат и запознаат повеќето претседатели, премиери, дипломати на држави и преставници на НАТО со пообемни правни, историски и современи факти, да влијаат за нашето зачленување. Од поголемите сили во светот, а и од нас Македонците, се очекуваше да се оствари ветувањето на претседателот Барак Обама кој го очекува блискиот ден, кога ќе ја види Република Македонија како членка на НАТО! Потоа, изјавите на Велика Британија, дека ќе не поддржат 54 Американски Конгресмани, кои пред самитот испратија писмо со своите рачни потписи до Барак Обама, за да се завземе за прием на РМ. Потоа, највлијателните нации и наши пријатели, сите од врвот на Република Турција, со својата организација во дијаспората во САД, ветија и се обидоа да се стави на дневен ред зачленувањето на Република Македонија. Потоа, почесните 5 Конзули на Република Македонија во САД и други наши пријатели, вршеа несебични контакти, организирање и изнаоѓање на пријатели за помош за зачленување во НАТО. Сето тоа добро и добронамерно го организираше ОМД од Вашингтон. Од сето тоа не се случи ништо позитивно за нас. Смислено и недолично на НАТО, ништо не беше дозволено од неговото раководство да се постави на двевниот ред на овој самит, освен многу одамна поставените задачи. Однапред, пред отпочнување на самитот беа изготвени заклучоци, пред да се дадат на дискусија, со кои за Република Македонија со едн збор се рекло, дека важи решението кое било донесено во Букурешт, во 2008 година. Значи, некоја сила командува со НАТО и глуми правда или демократија на самитите на НАТО! Тоа е јасно, бидејќи не дава право за предлози и дискусија на свои членови на НАТО, користејќи ги однапред искажаните вета за неприем на Република Македонија од страна на Грација, преку консензус кој не е правилно и правно разјаснет, дефиниран и поставен. Ако не беше Грција, тогаш ќе беше Бугарија која не го признава македонскиот идентитет. Ако не беа Грција и Бугарија, тогаш ќе беа Албанците за кои НАТО поставува нови услови на Владата на РМ, сметајќи дека 40% албанско малцинство, живее во некои поголеми западни градови на Република Македонија и дека треба републиката да стане мултикултурна држава, а не држава на Македонците!? За сето тоа и ние Македонците сме криви, зошто недоволно сме активни, на пример, не ги полниме Пармалентите и институциите на власта каде што живееме во дијаспората со историска постоечка литература за нашето праисториско постоење како народ и нација, до денес, со пригодни предавања на катедрите по историја на универзитетите, прикажување на постоечките македонски образовни и уметнички филмови со повеќе настапи на македонски светски актери и уметници по светските метрополи, со поцелосни информации за македонските природни и историски богатства, воедно со цел и за афирмација за туризмот во Македонија и сл. Што е многу значајно, македонската емиграција не е никако вклучена и не се нуди за помош на постоечките партиски активности, каде би се здобила со лични пријателства. Ние, македонското иселеништво, повеќето жители на западните демократски држави, кои учествуваме во избор на политичари, парламентарци, конгресмени и останали лидери на политички организации и партии во нашите локални, државни и федерални тела и парламенти, за кои нас не претставуваат, треба да настојуваме да се сменат на наредните избори, ако не ни ги исполнуваат нашите, македонски желби. Нашите настојувања и барања за нивната замена, треба да биде организирана, како што тоа го прават другите етникуми, преку своите лоби групи. Со користење на наши потребни добро дефинирани барања, кои преку прикладни, правилни образложенија и силни факти во мултикултурните општества целта ќе ја постигнеме. Горното се однесува само за наши избраници во државите низ светот каде живееме, кои не се залагаат конкретно за зачленувањето на нашата Република Македонија во НАТО и ЕУ, пред се` со Уставното име на Македонија и македонскиот национален идентитет. |