Среда, 13 Октомври 2021   
Зошто изумираат јазиците

gospelИсторискиот развој на светските јазици е приказна за себе која се` повеќе се сведува на загуби отколку придобивки. Јазикот кој се учи од раѓањето, скоро во сите земји на светот е познат како мајчин јазик. Првиот јазик има големо значење во градење на личниот, социјалниот и културниот идентитет на човекот. Мајчиниот јазик е како благослов и водач на човековата мисла. Чистина во искажаната мисла може да се постигне само со богат речник, односно со одлично познавање на мајчиниот јазик. Некој може да биде слаб по други предмети во текот на школувањето, но ако мајчиниот јазик не е на завидно ниво, тогаш и способноста за изразување, искажување на своите мисли е блокирана.

Денес во светот постојат 6.500 светски јазици, а според некои проценки, 6.970. Податокот за тоа дека 8 000 години пред новата ера, имало 20.000 јазици во светот јасно укажува дека денес многу од нив се изгубиле. Иако јазикот е најзначајно обележје на еден народ, сепак голем број на светски јазици се во опасност да исчезнат.

Секоја година исчезнуваат по 25 јазици. А зошто се губат јазиците? Некои и ќе прашаат, возможно ли е да се изгуби еден јазик? Дали еден јазик живее и меѓу младите генерации или го користат само постарите генерации? До 2100 година се смета дека половината  и од овие 6.900 јазици ќе исчезнат или ќе бидат сочувани во некои архиви да сведочат дека постоел тој јазик. Ако не се пренесува јазикот на младите генерации, јазикот изумира. Оние што знаат два јазици најчесто избираат да го користат само тој што е доминантен во средината каде живеат.
При учењето на друг јазик освен мајчиниот луѓето се соочуваат со разновидни проблеми. Повеќе се заборава отколку што се памти. Нормално е за некои јазици да позајмуваат зборови од туѓи но не и да претераат во позајмувањето. И тоа е една причина за изумирање на јазикот. Лесно е да се зборува за бројки и факти околу јазиците но зад секој од нив постојат вистински луѓе. Последниот човек кој зборувал сириски починал во 1998, а со тоа исчезна и јазикот. Без луѓе не може нити да се чува ни пренесува едно јазично богатство.

Се смета дека најчеста причина за исчезнување на јазиците е глобализацијата, односно присвојување на слични културни практики низ целиот свет. Трговијата меѓу државите исто така влијае на занемарување или  губење на мајчиниот јазик. Луѓето кои живеат надвор од својата земја мора да учат друг јазик па со тоа настанува претопување на првиот. Сега се` повеќе се користи англискиот како меѓудржавен  јазик, a го зборуваат 1.8 билиони луѓе. Стана многу популарен не само во бизнис сферата туку се рашири и во технологијата, медиумите, медицината и музиката. Така се` почеста е практиката за роденден да се пее Happy birthday, наместо Среќен роденден, а за време на новогодишните празници и Божиќ, се пеат Silent night, Merry Christmas.

Доколку свеста за почит кон своето е доволно развиена и јазикот да биде заштитен со закон во една држава, тогаш туѓите влијанија не би можеле да го истиснат. Тоа секако не би требало да влијае на користењето на мајчиниот јазик. Во денешно време повеќето луѓе познаваат неколку јазици и секако дека тоа не е причина да си го отфрлат и заборават својот мајчин јазик. И зошто би го отфрлиле својот кога можат да зборуваат неколку јазици без никакви проблеми. Луѓето од разни причини емигрираат во земја каде некој друг јазик е доминантен па така “мајчиниот јазик“ се истиснува и придобива друг статус. Но се` додека има луѓе треба да живее и јазикот со нив. Македонскиот јазик во Австралија со гордост треба да се пренесува на новите генерации. Тоа е едно богато културно наследство, пренесувано со векови од генерација на генерација. Иако англискиот е прв и доминантен, не треба да се игнорира и значењето на македонскиот.

Треба да се одржува тој контакт со јазикот било да е преку музика, тв, радио, книга, разговор или посетување на училиште за јазик. Познавањето на уште еден јазик претставува спој со културата, историјата на една земја и е од суштинско значење за успех во глобалниот свет, за чувството на припадност, потеклото и идентитетот. Ако во минатото успеале да го сочуваат во услови на туѓи ропства и окупации, денес не би требало да се дозволи потценување и истиснување на јазикот. Европските лингвисти сметаат дека македонскиот јазик не е во опасност да исчезне, но треба многу повеќе да се афирмира како дел од мозаикот на светски јазици.

Штом изумре јазикот, се губи и знаењето и чувството на припадност.

gordana-dimovska
Гордана Димовска

 

На прво место

News image

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

СВЕТИ КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ – ЧУДОТВОРЕЦ - 8 XII/25 XI

Историја

News image

Автономна Македонија (белградски весник)

АвтономнаМакедониjа (La Macédoine autonome). "Балканотнабалканскитенароди - МакедонијанаМакедонците"...

Иселеници

News image

ПРОМОЦИЈА НА ДЕЛА НА ДУШАН РИСТЕВСКИ - МАКЕДОН ВО ТОРОНТО

Во организација на Литературното друштво „Браќа Миладиновц...

Култура и туризам

News image

Легенди и верувања: Од минатото на селото Арвати

Легендите и митолошките верувања се често застапени сред луѓето кои се интересираат и сакат да знаат...

Фељтон

News image

БИТКАТА КАЈ СУСА И ИДНИТЕ ОСВОЈУВАЊА НА АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ (ВЕЛИКИ) – ГОСПОДАРОТ НА АЗИЈА (12)

Александар пристигнал во градот Суса на 15 декември 331 година пред Христа и бил п...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.