Иселеници и Регион
Среда, 20 Март 2013 03:01   
Mакедонско друштво „Илинден“ - Тирана

ilinden-tiranaМакедонското друштво “Илинден”-Тирана и Mакедонско друштво "Илинден" огранок Голо Брдо го поздравуваат донесувањето на Законот за враќање на Mакедонското етничко име на општина Пустец – Мала Преспа, од страна на Парламентот на Република Албанија. Со тоа неправдата е исправена. Задоволството е дотолку поголемо што за овој историски Закон гласаа сите 120 пратеници.

Повеќе...
 
Понеделник, 18 Март 2013 21:05   
СОБРАНИЕТО НА АЛБАНИЈА ГО ДОНЕСЕ ЗАКОНОТ ЗА ВРАЌАЊЕ НА ИМЕТО ПУСТЕЦ
pustecСобранието на Република Албанија со 120 гласа “за“, едногласно, го донесе Законот за враќање на македонското име на општина Пустец.
Повеќе...
 
Среда, 13 Март 2013 03:22   
Мумба парада во Мелбурн

mumba-parada-240Настапот на Македонците на Мумба парадата е иницијатива на Гордана Димовска во соработка со КУД Александар Македонски.

Стотина илјади посетители го проследија настапот на 35 етнички групи и над 1400 учесници на  Мумба парадата во Мелбурн. Ниту пеколните жештини не ги спречија учесниците и посетителите да докажат по којзнае кој пат дека знаат да го промовираат својот град, и да ја покажат својата креативност.  Под мотото Мелбурн е креативен, организаторите имаа за цел да го истакнат најдоброто од областа на уметноста, филмот, музиката, театарот, културата, архитектурата и образованието.

mumba-parada-1

Исто така на овој настан се поздравуваат делата на најзаслужните мелбурнчани и појава на популарни лица од спортот и телевизијата.Кралската круна овојпат ја заслужија единиците на противпожарните екипи, амбуланта и викториската полиција кои беа поздравени со бурни аплаузи и извици од публиката со “Благодариме, благодариме“.

Во креативноста не изостана ни претставникот на Македонската заедница КУД Александар III Македонски и членови на македонската играорна група Весели Македонки. Публиката се интересираше за традиционалната музика и преубавите носии на играорците.

Честитки за учесниците и организаторите на овој настан. Мумба парадата е последниот чин од четиридневниот Мумба фестивал кој опфаќа голем број активности, музички настани во самиот град. Уште една прилика да се покаже убавината на Мелбурн и мултиетничкиот соживот.  За наредната година заинтересираните треба да поднесат апликации во септември за да си обезбедат учество на најекстравагантната парада во светот.

mumba-parada-2

mumba-parada-3

mumba-parada-4

Македонска нација

 
Среда, 13 Март 2013 03:16   
Седма македонска модна ревија во Виндзор

modna-revija-vindzdor-240Во чест на Интернационалниот ден на жената 8-ми Март, Македоскиот Културен Центар “Свети Никола” од Виндзор, Канада, ја организираше седмата годишна модна ревија на 7-ми Март 2013 година во една од своите банкетни сали. Во елегантно декориран амбиент група од 38 манекенки и манекени волонтери под водство на кореографот Лилјана Ѓуровиќ ги презентираше пролетните колекции на одела, свечени фустани, венчаници и костими за капење од светски познатите Nygard, Sears, Hugo Boss како и на локалните дизајнери Ana Stulic Design, Victoria Boutique, Gabriela's Boutique, Monty Formal, Bridal Gallery итн.

Повеќе...
 
Среда, 13 Март 2013 03:11   
Изборна конференција на македонската партија во Поградец

makedonska-alijansa-pogradec-240Македонската партија во Албанија - Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) - викендов одржа изборна конференција во Поградец, Албанија. Нов претседател на општинскиот комитет на Македонската партија е Петре Тодоровски, кој досега беше вршител на должноста секретар на општинската организација.

Повеќе...
 
Среда, 13 Март 2013 03:06   
До сите македонски иселенички организации и асоцијации

agencija-za-iselenistvo-240Информација од АГЕНЦИЈАТА ЗА ИСЕЛЕНИШТВО НА РМ за одржување на Четвртата годишна конференција на иселеничките организации и барање сугестии и предлози за темите на дневен ред.


Почитувани,

Ве известуваме дека во тек е подготовката на Четвртата годишна конференцијата на иселеничките организации, што ќе се одржи на 25 и 26 јули 2013 година во Скопје, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Воедно предлагаме најдоцна до 10 април 2013 година да дадете ваши сугестии за темите на дневниот ред кои ќе се разгледуваат на конференцијата и се од интерес за иселеништвото, а се во рамките на законската надлежност на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

 
Среда, 06 Март 2013 10:04   
Во Канадскиот Парламент се формира Група за пријателство со Македонија

Can_Mac_Friendship_1Во организација на Амбасадата на Република Македонија и пратеници – пријатели на Македонија во Канадскиот парламент се основа Група за пријателство со Македонија.

Повеќе...
 
Среда, 06 Март 2013 03:03   
Македонците заедно со Грците ја ослободија Грција

tosoОБРАЌАЊЕ НА ТОДОР ПЕТРОВ: МАКЕДОНЦИТЕ ЗАЕДНО СО ГРЦИТЕ ЈА ОСЛОБОДИЈА ГРЦИЈА ОД ФАШИСТИТЕ ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА!

Повеќе...
 
Среда, 06 Март 2013 03:00   
ОМД го поздравува отварањето на канцеларија за верски слободи во Канада

omdОбединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува иницијативата од страна на конзервативната влада на премиерот Харпер да ја основа првата канцеларија за верски слободи во Канада.  Ова е втора институција од ваков вид во светот чија работа ќе биде да ја промовира верската слобода во светот, првиот е во Стејт Департментот на САД.  Меѓунадодната верска слобода во светот е клучен приоритет на Канадската надворешна политика.\

Повеќе...
 
Среда, 27 Февруари 2013 09:24   
МАКЕДОНСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ПОТЕНЦИЈАЛИ НИЗ КАНАДСКИ ФОКУС

Econ_Forum1-001Канадската влада се вклучи во презентирањето на Македонија

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

Историја

News image

Реканско Галички војводи

Иван Дуков Пендаровски

Иселеници

Култура и туризам

News image

СВЕТИ МАЧЕНИК СПАСЕ РАДОВИШКИ

Проф.Др. Марко Китевски

Фељтон

News image

ОД ПАНОНИЈА ДО ЕГЕЈ (23)

ПЛЕМЕТО АХЕЈЦИ ВО ПЕЛАЗГИЈА

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.