Среда, 30 Декември 2009   
Македонскиот Божик во кумановско
Илинден 1903-  весникМакедонија е земја на верски и обредни обичаи. Традицијата и вербата во Бога, почитта кон празниците и култот кон празнувањето се присутни во секое верничко семејство.

Нашата македонска национална душа што  ја изградувале нашите претци во тек на долги векови, останува да се пренесува низ вековите.

Божик, или Коледе,   цели   1.100 години,   од денот  кога ние Македонците сме станале христијани,   бил најголемот празник и за нашиот народ,   најголема негова радост.   За многумина Македонци Божик, и е денес  најголем празник,   најголема радост и тука во Македонија, но и по дијаспората, македонците знаат прилично доста за македонските  божикни обичаи што ги научиле  од  своите родители.

Затоа еве нешто повеке  за Божик,или  за Дедо Коледе, како  Божик е дочекуван и славен уште од „старо" време во Македонија.

Божикните  обичаи,  како и сите други обичаи,  варираат  од еден крај  на друг,   но  општо  земено,   тие  се  слични или многу блиски, еден на друг  во  цела Македонија, но поконкретно обичаи во Кумановско. БОЖКИК И денес  се дочекува и  слави со  обичаите   од  старато време. Ние Македонците  сме христијанска нација,   христијанските  обредни обичаи    влегуваат  во  основата на нашата национална култура,   затоа ако  се  откажеме     од  нашите  стари верски обичаи ние ке се откажеме  од најбитното во нашата национална култура и наместо да станеме модерни,   ние: ќе  се  сториме  безлични културни варвари

Божиќ почнуваше да, се чека шест  недели пред  него, православните христијани држат за Божик шестнеделен пост   што  значи,   дека 42 дена никој не  јаде месо,   сирење,   млеко,   сало  се што  е производ од животни.  Денеот  пред почетокот  на шестнеделниот  пост  се вика ПОКЛАДИ и се прославува со  богата блажна гозба.  Вечерата спроти првиот постен ден,  домакинките  готват   богата вечера со месо, кое  овој  временски период  го  има доволно,   бидејки во доцна есен селаните колат  свињи  и после  таа  богата блажна вечера следат  42 дена во кои  се   јаде посен грав    чорба или манџа од компири, расол,   варени  и потоа толчени  суви пиперки.

Се  смета  за голем грев  пред Господа некој да блажи во постните недели,   а ако  порано, пред 40тина години, се најдеше некај  таков,   тој беше  сметан  од сите  за голем грешник  антихрист  и попот него  не го причестуваше. Постењето кажува дека Божик наближува и децата го  очекуваваат  со големо  нетрпение. Се  натпреваруваат  кое дете ке направи што поубава КОЛЕДАРКА,   а тоа е  една четалеста гранка со две прачки,   на кои на денот Коледе, децата (коледарите) нижат „колачи    од посно малечки лепчиња кои им ги подаруваат домакинките во селото,   Со денови одиме  од дрво на дрво да најдеме погодна гранка за коледарка,   и  откако ке   ја отсечат,   ја носат дома и ја делкаат внимателно. Кога е  готова, се закачува да виси на највидно место во собата сите да  ја гледаат  колку е убава.

Во кумановскиот крај  е  обичај првиот ден на Божик после шестнеделното постење луѓето да се „облажат“ со месо  од врапче.  По преданието оној  кој  на Божик  се  облажи со месо  од  врапче ке  бил здрав  цела година и ке  бил лесно подвижен,   ке „летал како врапче“.

На Божик,   кога децата од  радост  и нестрпливост  стануваат уште во  зора,   се  облажуваат прво  со копанче од врапче. Но, најрадостниот ден  од  Божикните празници е КОЛЕДЕ,   а тоа е денот  пред „Божик“.   На тој  ден децата се собираат  рано утрото секое во  своето маало и формираат во  селото неколку коледарски групи,   Секое дете доага на зборното место  со својата  коледарка во рака и  со  торба на рамо. Коледарските групи одат  од куќа на куќа низ  селото се додека не се уморат  или не премрзнат  од  студ   зашто,  Дедо Коледе  е  бел,   снег тогаш има понекогош и до колена. Коледарите  пеат  коледарски песни пред  секоја кука и добиваат  подароци од домакините.   Една од нив  започнуваше вака „Ој  Коледе,   Коледе дедо, Се  родило  Божје  чедо...

Домакините  и домакинките  ги причекуваат  коледарите  со  решета полни подароци.   Подароците  се  состојат   од мали  тркалести лепчиња, кои се викаат колачиња иако  во  нив  нема шекер и такво чепче добива секое дете коледарче. Дарчето добиеното  лебче  го  ниже  на коледарката.   Голема радост на секое коледарче  е  ако  тоа успее  својата коледарка да  ја наполни до врв   со колачи.   Но коледарите добиваат  подароци и разно овоштие   ореви,   кестени,   јаболки,   суви  смокви и  коледарењето завршува некаде кон пладне,   тогаш коледарите  си  одат дома да се пофалат  на своите домашни дека насобрале полно  подароци.

За вечера на денот Коледе се готви посна вечера од повеќе врсти јадења. Тука е посен грав, кој не се запржува ни со зејтин, во него се става. само лук. Таков грав се јаде само еднаш во година, само на Коледе. Тука е зелник со праз, тука е посна сарма полнета со  ориз,   тука се и риби на тавче.

Пред вечерата во огништето се пали бадњак, тоа е едно дебело суво дрво од даб, во огнот се фрлаат зрна темјан така да целата кука мириса на темјан како да е црква. Се палат и овешти. Распламнатиот бадњак,темјанот и свештите ја создаваат религиозната мистика на Коледната вечер.

По палењето на бадњакот  целото  семејство  излегува    надвор  за да направи процесија околу куќата.  Напред  оди домаќинот  и тој в  раце носи голема погача,   него  го  следат  другите членови на семејството со  запалени свешти во раце.   Кога биде направен круг околу куката,   семејството  оди на посета кај  добитокот  (стоката). Прво  се посетува крупниот  добиток  (говедата или  биволите),   а потоа ситниот,   (козите).  Домакинот крши парчиња од  погачата и им дава на добичињата.

Таа вечер се вечера на под врз  чуканица (слама од рж) врз која се простира селска бофча.   Се  седи врз  сламата со  скрстени нозе „по турски“  .  Вечерата трае долго време,   едно  јадење сменува друго.

Таа нок  е  адет да не  се  спие в кревет,   ами сите членови на семејството  се истргнуваат  еден до друг врз  сламата- спиењето врз  сламата сака да напомне дека Божјиот  син Исус Христос  се родил во  слама    во  јаслето на пештерата во Витлеем.

Ноќта СПРОТИ  Божнк    домаинките многу малку спијат.   Тие  стануваат  уште  пред  зора да месат  и  сучат   баници (пити) и готват јадења.  Рано  на утрото  на првиот ден Божик мажите се  облекуваат празнична облека и одат в  црква, а  Жените  тој ден не  одат  в црква ами одат  на раздавање  „за Бог да прости“.  Секоја од  нив  на раздавааето  си носи и шише  греана ракија.  
Кога мажите  се  вратат   од  црква од црквата и жените  од  раздавањето семејствата се  соберат  за ручек,  а после него,   младо и  старо,   се  собира на сред  село на собор  или сеир,   Тапани  чукаат,   зурли трештатѕ   ора се вијат до доцна во  нокта.   Ората продолжуваат  и на вториот  и третиот ден  Божиќ.

Ете така се прославуза Божик во Кумановско.

Со Божји благослов за верниците и сполај ви.

Бивш биволар и овчар а, сега печалбар.

{gallery}bozik-vo-kumanovo{/gallery}
 

На прво место

News image

ДУИ стана бренд на криминалот

Ковачки: ДУИ стана бренд на криминалот, криминална структура која не му мисли добро на сопствени...

Историја

News image

Декларација на Македонскиот комитет од Канада - Торонто, 10 август 1988

ДЕКЛАРАЦИЈА НА  МАКЕДОНСКИОТ КОМИТЕТ ОД  КАНАДА ЗА ЧОВЕЧКИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ НА МАКЕДОНЦИТ...

Иселеници

News image

ПАРТИЈАТА „ВИНОЖИТО“ ОД ЛЕРИН И НЕЈЗИНАТА УЛОГА (18)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ЕРУСАЛИМ – МЕСТОТО НА ГРОБОТ НА ИСУС ХРИСТОС (14)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Фељтон

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.