Среда, 22 Февруари 2017   
Скриениот Попис: сите тетовски жртви 1941-1945

За прв пат го објавувам точниот број на жртвите во Тетовско од војната 1941-1945. Точно 546 жртви на ‘фашистичкиот терор’. За прв пат и целосна анализа на податоците од официјалниот статистички попис на жртвите кој претходно не бил објавуван намерно.

За прв пат го објавувам точниот број на жртвите во Тетовско од војната 1941-1945. Точно 546 жртви од старата Тетовска Општина на ‘фашистичкиот терор’. За прв пат и целосна анализа на податоците (по села, етнички состав, причини за погибијата и година на истата) од официјалниот статистички попис на жртвите кој претходно не бил објавуван намерно !

НАЈДОЛУ: Целокупната листа од Тетовско за секоја населба - со Име и Презиме на секоја жртва, раѓање, погинување...

Погледни ја листата најдолу, можеби меѓу некои од овие имиња, се кријат и твоите предци

Досегашната наука за овој период е или пристрасна во анализите или дава само паушални броеви и претпоставки... незнаејќи за постоењето на Официјален Попис на жртвите спроведен во 1964/65, а кој никогаш претходно не бил објавен од политички причини.

Сега овде, за прв пат пред тетовската јавност ги објавувам податоците за Тетово, (достојни можеби и за цела една научна книга објавена со ваков наслов) а со детална моја анализа и статистика, за конечно да се даде научна потврда за жртвите од овој период.

Имаме во предвид дека конечните факти за секоја жртва никогаш можеби нема да биде утврдена и конечна. Но до ден-денешен оваа листа составена врз онова на официјалниот попис 1964-65, е најкомплетната, официјална, научно верификувана листа за жртвите на војната 1941-1945 кога и да е објавена... пред очите на јавноста по цели 50 години !

Скриениот официјален попис на Жртвите од Војната 1941-45

Сојузниот Извршен Совет на СФРЈ, на 10.јуни 1964 одлучува да се изврши попис на воените жртви од 1941-1945. Врз основа на тоа на 17.јуни формирана е Сојузна Пописна Комисија а обработката на податоците е доверен на Сојузниот Завод за Статистика. Организацијата на пописот по Републики требало да го спроведат републичките комисии.

Според одлуката требало да се попишат сите жители на Југославија кои биле ’жртви на фашистичкиот терор’ во периодот од 06.април 1941 до 15.мај 1945. Во методологијата било јасно наведено дека треба да се попишат сите цивилни жртви по разни основи, како и сите припадници на партизаните (припадници на НОВ и ПОЈ).

За пописот биле ангажирани повеќе од 25.000 попишувачи и уште 5000 кои се занимавале со помошни работи.

Пописот е спроведен во Ноември 1964, а потоа продолжен до Април 1965.

Зошто пописот не бил објавен? 

Бројките во резултатите биле помалку од очекуваните !... имено, со овој попис излегло дека  во цела Југославија има точно 597.323 жртви на војната, што било далеку под дотогаш прокламирани и проценувани 1.706.000! Затоа, Сојузниот Извршен Совет го прогласува пописот за неквалитетен, па донесена е одлука за ставање на забрана за користење на пописот. Целокупниот материјал е предаден на Архивот на Југославија каде и денес во оргинал се чува, притоа никогаш да не биде објавен.

Дури во март 1992 Извршниот Совет на новата Сојузна Република Југославија конечно ја трга забраната (го декласифицира) за користење на податоците од овој попис, при што биле објавени во едиција од 16 дела, која била достапна само на мал број институции на користење.

Во 1995 година во Белград институционално се формира Музеј на Жртвите на Геноцидот, која за примарна задача го превзема токму анализа и ревизија на списокот од овој попис. Го дополнува и ревидира 1995-98 и повторно 2002-2008 за конечно резулатите да ги стави достапни за јавност, поделени по Републики при што е и целокупната листа за Македонија од каде јас ги вадев податоците за Тетово.

Точно 546 жртви од Тетовско

Според анализата на листата од Тетовско најдолу (под што се подразбира старата Општина Тетово), овој крај дал точно 546 регистрирани жртви на ‘фашистичкиот терор’.

  • Жртви: Секоја жртва е заведена со: Име, татково име и Презиме / година на раѓање / националност / која година е убиен / околности на смрта / каде е убиен / шифра под која се води во евиденција
  • Населени места: Листата е поделена по населени места. Од Тетовско има жртви во 76 места (градот Тетово + 75 села). На листата се преставени по азбучен ред. Инаку Тетовско има 93 населби (градот +92 села). Ова значи дека само 17 села во Тетовско биле среќни да немаат ниедна жртва.
  • Најмногу жртви по места: Тетово (116), Вратница (24), Беловиште (23), Челопек (20), Одри (17)...
  • Најстара жртва: роден 1869 - старец од 74 години - Старчевиќ Петар од Тетово, србин, убиен 1943 во затвор

Најмлада жртва: роден 1942 - бебе убиено во директен терор на само 1 година во 1943, - Цветановски Трајанче од Тетово, македонец.

По националност:

Интересно е да се види, за разлика од стереотипот и претпоставките - дека гледано по националност водат скоро еднакво жртвите Македонци (44,63%) и Албанци (42,96%)

Најголемиот дел од Албанците погинале во 1945 на воиштата на Сремски Фронт и низ Југославија.

Ова е опомена за сите оние кои следен пат ќе го чкртаат ‘Споменикот на Победата’ во центарот на Тетово, дека чкртаат графити - над коските и на МОИ но и на СВОИ предци кои животот го дале под слоганот ’Смрт на Фашизмот - Слобода на Народот’!

Остатокот од националности го чинат: Срби (8,33%), Турци (2,04%) и Останати (2,04%) а последниве се состојат од по 2 Хрвати, Муслимани и Црногорци и по 1 Словенец, Евреин и ‘непознато’.

Изјавите за националност ги давале роднини на жртвите при пописот 1964.

dok1

gr1

 

По години на погибија:

По анализа на сите 546 жртви, броени по години кога биле убиени се гледа уште еден фрапантен податок:

Дури 50,18% или над Половина се убиени 1945 година (и тоа првите месеци, зошто војната завршува 15.мај 1945).

Ако се знае дека Тетово е ослободено на 19.ноември 1944 година, ова би значело дека повеќе Тетовчани се убиени ПО ослободувањето на Тетово, него ЗА ВРЕМЕ на окупацијата.

По број на жртви следи 1944 година (26,92%), потоа 1943 (12,09%). Најмалку жртви се забележани во 1942 (4,21%), а првата година од војната 1941 биле 6,59% од жртвите.

dok2

gr2

 

По причини за погибија:

Според методологија на пописот од 1964/65, биле наведени точни категории за околностите под кои некој бил убиен од 1941-1945.

Видна е поделбата на Цивилни Жртви: при борби или бомбардирање за време на т.н. Априлска Војна 1941 (кога Германија ја напаѓа Југославија); во Директен терор од фашистите, или при борби и бомбардирање за време на останатиот период од војната.

Се двојат и воените жртви на т.н. Партизани (или членови на НОБ и ПОЈ) кои загинале како борци или пак биле заробени во затворитите на фашистите и таму починале.

Јас ги анализирав и човек по човек и местата каде погинале борците на НОБ:

Најбрутален е показателот дека дури 53,30% од сите жртви од Тетовско погинале на боишта НАДВОР од Македонија (Сремски Фронт, Дубровник, Истра, Загреб...), т.е. за туѓа кауза и цел ослободување на северните делови на Југославија.

Само 10,07% умреле како борци при битка внатре ВО Македонија.

20,15% од жртвите се цивили кои настрадале во Директен Терор од Фашистите.

Останатите, по проценти во графиконот подолу

dok3

gr3

 

ДОКУМЕНТ: Целата листа на сите жртви во Тетовско 1941-1945

Целата листа е објавена на српски јазик (латинично писмо). Од целокупниот том од 270 страни кој се однесува на Македонија, подолу е преставен делот за Тетовско (Општина Тетово) кој е во наредните 9 страници:

Документот и: ОВДЕ.

Тетово - Жртви на Војната 1941-1945


Извор: Дарко Гавровски / портал 'Тајните на Тетово' / gavro.com.mk

 

 

На прво место

News image

Македонците во Италија се единствени во одбраната на името на државата и идентитетот на нацијата

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО ИТАЛИЈА СЕМАКЕДОНСКИ СОБИР ЗА УНИТАРНА МАКЕДОНИЈА НА 27 МАРТ ВО NEIVE 24 ма...

Историја

News image

Алхемиската свадба во Овче Поле – како на небото, така и на земјата

Митотопонимот Овче Поле од памтивек обзнанувал дека на небото има само еден господар, што е потврден...

Иселеници

News image

Отворено писмо до сите МАКЕДОНЦИ и другите жители на МАКЕДОНИЈА

Нашата родина Македонија е јаболко, од кое секој без праша...

Култура и туризам

News image

Трите века (3)

Настаните во овој роман – хроника се вистинити. Имињата, исто така. Со ова, во името на вистината, с...

Фељтон

News image

Објавени трудови во чест на просветителите Кирил и Методиј (19)

Делегациите имаа повеќе приеми кај официјални црковни и државни функционери и насе...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.