Среда, 19 Април 2017   
Последно писмо на гемиџијата Јордан Попјорданов - Орце испратено до неговата Кате- 1903 година

gemidjii

„Сакана единствена Кате,

Кога ќе го читаш моето писмо мене веќе нема да ме има - јас ќе бидам труп или веќе фрлен во некоја дупка како претепано куче. Но, во ситуацијава кога пред мојата смрт ми останува да живеам уште еден час или два, додека ја фрлам и последната бомба и да го тргнам чкрапецот на мојот нагант, мислам на тебе, писмото нека ти докаже колку многу те сакам.

Од првиот пат кога те видов, те засакав. Ти ми беше единствена радост, но чувствував дека немам право да се врзувам со тебе. Јас не си припаѓам себеси, а на делото кое што беше цел и смисла на мојот живот.

Да работам и да умрам за слободата на мојот народ, на мојата сакана ценета Македонија. Те сакав со сите пори на моето тело. Чувствував потреба да те гледам, да го слушам твојот глас како звукот на цитрата. И сепак те одбегнував зашто ме плашеа честите средби со тебе ми ја ослабнуваа волјата ми ја смекнуваа десницата, зашто ти ми беше единствената врска со животот.

А не требаше ништо да ме врзува за него. Понекогаш бев груб дури и суров со тебе. Прости ми за грубоста и суровоста. Зад нив ја криев безграничната љубов, а срцето ми крвавеше. Верувам ќе ми простиш, ти си добра, а јас сега жалам што не бев подобар, повнимателен и понежен кон тебе.

Сигурно ќе прашаш: Неопходно ли е да умрам?

За мене нема друг излез. Го поддржував пред моите другари ставот: Тој што не ги штеди животите на другите нема право да го штеди ни сопствениот живот.

Знаев дека нашата акција ќе им причини смрт на многу невини луѓе, ќе донесе многу солзи и страдања. Зар по сето тоа што ќе го сториме јас ќе имам право да живеам? Мислам ќе биде ниско и подло.

Да умрам, за мине е врховна повелба на мојата совест. И потоа мојата девиза беше - не зборови а дело, а крајот е тој што го краси делото.

Има и едно последно сообразување, не сакам да му причинам задоволство на непријателот да се гаври со мене да си подигрува.

Зошто ми е живот лишен од слобода. Да тлее во некоја темна ќелија на Еди Куле или да се стопи под жешкото сонце на Сахара?

Не, претпочитувам да умрам!

Со мојата смрт ќе им го фрлам на непријателите, поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир. Како што живеев, така сакам и да умрам - скромно и чесно, до крај верен на себеси, сакав да бидам и останам и една целосна личност.

Треба да завршам. Времето не чека. Многу нешта навираат во мојата душа

Но, ќе ги чуеш. Така е подобро. Срцето ти претскажа што би сакал да ти пишам во овој последен час. Ќе мине време, раната ќе ти зарасне. Животот е посилен од се.

Ти пожелувам, не, те молам да си најдеш друг маж, достоен за твојата љубов и нему дај му го своето срце и својата љубов. Дај му ги оние радости што ги чуваше и ги намени за мене.

Ти пожелувам да бидеш среќна.

Понекогаш во вечерните часови, кога спомените довеани од вечерните сенки ќе навлезат во твојата душа, спомни си за мене. Ти благодарам за тоа.

Те прегрнува и те бакнува првиот и последен од гемиџиите, од самооткажаните.

Твојот Орце.“

Писмото е напишано во 1903 година

 

На прво место

News image

СОБИР ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА во Сиднеј-Австралија

Минатат недела во Сиднеј, на 23 април, успешно се одржа мировниот протест за заедничка и унитарна Ма...

Историја

News image

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно

Допуштам да сме предадени, но верувам и дека е тоа случајно. Ванчо излезе и беше убиен уште во 10 и ...

Иселеници

News image

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на Канада

ММДЧП се сретна со Департментот за дипломатски односи на К...

Култура и туризам

News image

ФИЛМОТ И ТЕАТАРОТ СЕ ДЕЛ ОД МОЈОТ ЖИВОТ

Зорaн Гулабоски е роден во Волонгонг (Нов Јужен Велс) и ја започна својата глумачка кариера во родни...

Фељтон

News image

Христијанството кај Македонците во светот во делото „Македонски иселенички меридијани“ (1)

По повеќегодишна макотрпна работа излезе од печат обемното дело „Македонски иселенич...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.