Среда, 12 Јули 2017   
Милојевиќ: Арнаути наметнале на сила бегови на славјанските селани кои не избегале

„Кај јужно-македонските Славјани не е задушено чуството за поширока сродна заедница, за заедница надвор од жената и децата.... Задружниот живот им носи корист на сите членови. Задружните куќи по правило се најимотни, а старешината на куќата секогаш е „чорбаџија“. Од задружните куќи некои машки членови можат да заминат на печалба. Во Граждани, кога еден член на задругара ќе замине во Америка, неговата жена и деца остануваат во задругата. И кога ќе се врати од Америка, парите кои ги спечалил ги дава во задругата. Во поново време селаните увиделе дека задружниот живот и носи еште една голема корист. Кога еден од членовите на задругата замине во војска, велат дека неговата невеста и деца би умреле од глад доколку не ги храни свекорот (дедо) или деверот (стрико). -  пишува Б. Ж. Милојевиќ кој за време на Првата светска војна го истражувал потеклото на населението, бројот на домаќинствата, старите презимиња во Јужна Македонија (Егејскиот дел од Македонија).

Во продолжение на својот докторат Милојевиќ го анализира задружниот живот кај Македонците во Егејска Македонија, кој има многу влијанија на многу антропогеографски појави. Тој ќе забележи дека „во селата и во оние чифлици, каде чифчиите сами себе си градат куќи, задружните куќи за да можат да ги примат сите членови на задругата мораат да бидат пространи и високи. Тие имале многу одаи, кои вршат улога на вајат (соба за младенци – н.з). Влијанието на задружниот живот на самата куќа со ова е потполно јасна. Меѓутоа, вака високи и просторни куќи му даваат на селото посебен изглед и со тоа влијаат и на типот.“

Според Милојевиќ задружниот живот го одредувал донекаде и начинот на развитокот во една населба. Во секоја задружна куќа се зголемувал бројот на поединечни семејства и така го подготвувал населението кое еден еден ден при поделба ќе подигнел неколку куќи и со тоа значително ја зголемувал самата населба. Исто така, задружниот живот имал како последица да материјалниот развој на населбите се врши поретко (во подолг временски период, но носел поголеми промени на нив. Населбите со задругите останувале подолг период со околу ист број на куќи.Спротивно на нив, во овие населби каде немало задруги, туку секој човек по женидбата излегува од родителската куќа и подигнува нова, материјалниот развој се вршел почесто (во пократок временски период), но носел помали промени. Бројот на куќите во овие населби, иако незнатно, пак постојано се зголемувал.

Српскиот географ  Милојевиќ  ни посочува повеќе примери за задружен живот во Егејскиот дел на Македонија и начинот на кој се живее во задругите:

„Речиси во сите славјански села на јужна Македонија задругите се општа појава. Во Мала Преспа, во (селото.) Зрновско, во куќата на Петар Аргир има дваесет души. Најстариот член е Петре, чија жена е умрена. Синот на Петар има жена и седум деца: Двајца од овие Петрови внуци се оженети и еден од од нив има две деца. Покрај нив, во куќата на Петре живее жената и детето на еден умрен внук. Во Сува Гора, во селото Граждано, во куќата на Досе Ристов има дваесет и пет души. Досе имаше двајца браќа и тројца братучеди. Сега има по еден брат и братучед, како и оженет внук од еден починат братучед. Во истата област во (селото) Орово во задругата на Поповци има триесет и две души. Покрај најстариот член тука се еден негов брат и двајца братучеди. Во Малото Езеро, на Ахил, задругата Марко броела во 1902 година околу шеесет души. Во леринската област, во селото Сакулево, во куќата на еден Ѓулуковец и во куќата на Србинов има по триесет души, а  во куќата на Рамаличанец и Кара Јоан по дваесет. Во Лажени, во куќата на еден од Јаневци има исто така дваесет души. Во Арменор, (подолу од Лерин) во куќата на Тане Маровчев има четириесет души, а во куќата на Дело Фудулов петнаесет: Дело со жената, тројца синови, две ќерки, две снаи и шест внуци. И во Забрдени, во куќата на Петко Аврамов има дванаесет души: Петко со жената, две внучиња од починат син (чија вдовица, снаата на Петко, се премажила) и внук кој е оженет и има шест деца. Од селата на островската област, во Острово, во една куќа на Берикуќа живеат четири оженети браќа со децата. Двајца од тие браќа биле во 1917 година на печалба во Америка. Во Катраница родените браќа Хаџи Оглу, Атанас и Никола живеат во задруга. Двајцата имаат жени и по осум до девет деца. И во Долно Граматиково, до 1914 година во една куќа на Гушовци имало до дваесет души: четири браќа со своите жени и деца, и со своите родители. Исто така задруги има и во селата во солунската област. Во Гулишани (подолу од Негуш) во куќата на Трпче Демишар има петнаесет души: Трпче со жената и пет деца, еден брат на Трпче со жената и три деца, и уште еден брат со жената и едно дете. Во Горно Копаново, во куќата на Карабатаковци има дваесет души: четири браќа со жените, од кој еден брат има пет, друг три, а третиот две деца. Со овие браќа живеат нивната мајка и сестра. Во Монопиште, во куќата на Дине Мила има деветнаесет души: Дине, неговата жена, шест синови, две ќерки, три снаи и шест внуци (од првиот син три, од вториот два и од третиот еден) . Во Куфалово имаше една задруга  од триесет и седум души. Во Топчиево, во задругата на Манол живеат девет души: браќата Трајко и Иљо со жените. Еден од нив има три, а другиот две деца. И во дарачево, до 1870 година, во задруга живееја петтмина браќа Стамболови. 

Освен по селата, задругите се оддржале кај славјанското (македонско) население и кога се преселувале во градовите. Така во Рупиште, во костурската област, шесторица браќа Пандовци живеат во една куќа.

Кај славјанското население од овие области не постои збор задруга. Наместо тоа, во Зрновци се вели дека браќата живеат „наедно“, во Сакулево задругата се вика „друство“, во Острово се вели дека браќата живеат „заедно“, а во Долно Граматиково дека живеат „на куп“. И во селата на сулунската област задругата се означува со турските зборови: „калабалак“ и „тајфа“.

Составот на задругата е таков каков што е и досега познат. Како што се гледа од горните примери во задругите најстарите членови се таткото и мајката, со нив се нивните синови и снаи,  вници и немажени ќерки – девојки. Кога ќе умрат таткото и мајката, а сестрите се мажат, во задругата остануваат браќата со своите жени и деца. Од сите наведени примери, во најдалечен степен на сродство стојат еден спротив други возрасни членови на оние задруги, во кои живеаат стриковци и внуци.

Исто така и распоредот на работата во задругите е ист како што досега е познат. Во Граждани, жените се сменуваат во куќата како „готвачки“ по два дена. Во Долно Граматиково, додека  Гушовци живееле „на куп“, имотот се обработувал заеднички, жените готвеле и работеле во куќата „по ред“, а секој оженет член на задругата со жената и децата спиел во засебна соба. Оваа поделба на работата постои кај слугите, кога возрасните членови не се занимаваат со земјоделство, туку со трговија. Спомната е во Катраница задругата на Атанас и Никола, браќата Хаџи – Оглу.  Тие имаат еден момок, кој им работи во куќата и ора, и друг момок кој ги чува овците. За останатите полски работи, за копање, жнеење и вршење земаат надничари. Атанас држи дуќан во Суровичево, а Никола во  Катраница. Жената и децата на Атанас живеат во Катраница, заедно со семејството на Никола. И кога Атанас доаѓа од Сорович во Катраница, Никола оди во Суровичево, да го замени за тоа време во дуќанот.“

Анализирајќи го задружниот начин на живот кај македонските семејства во Егејска Македонија, географот Б. Ж. Милојевиќ во своите заклучоци вели:

„Задружниот живот им носи корист на сите членови. Задружните куќи по правило се најимотни, а старешината на куќата секогаш е „чорбаџија“. Од задружните куќи некои машки членови можат да заминат на печалба. Во Граждани, кога еден член на задругара ќе замине во Америка, неговата жена и деца остануваат во задругата. И кога ќе се врати од Америка, парите кои ги спечалил ги дава во задругата. Во поново време селаните увиделе дека задружниот живот и носи еште една голема корист. Кога еден од членовите на задругата замине во војска, велат дека неговата невеста и деца би умреле од глад доколку не ги храни свекорот (дедо) или деверот (стрико). 

Од ова се гледа да кај јужно-македонските Славјани не е задушено чуството за поширока сродна заедница, за заедница надвор од жената и децата. Еден член на заедницата во Арменор, кој има помалку деца, бил запрашан: „како така да тој работи и внесува во задругата исто колку и неговиот брат кој има повеќе деца?“. Како одговор на тоа, тој брат кој има помалку деца посака да неговиот брат кој има повеќе деца: „Господ повеќе да даде!“ (деца). Од посебно значање е тоа, што задругата во Катраница и Долно Граматиково, во оние славјански села чие население се занимава со трговија е под влијание на византиско-грчката култура. Тое значење е во тоа што се знае дека споменатата култура создава дух на себичност и саможивост, па се мислело дека со тоа е задушено славјанското чуство за заедница.

Задругите се делат, кога нивниот број на членови осетно се зголеми. Во Зрновци се вели дека задругите се делат кога имаат повеќе од петнаесет души. Кавгите меѓу жените се наведува како причина за поделба на задругите во некои села во солунската област, во Карјотици, Габрово и Сарачево. Членовите на онаа голема задруга во Ахил се поделиле поради тоа што секој зел да рабо како му е „ќеф“.“

(продолжува)

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

 

На прво место

News image

ДЕМАРШ ДО АМЕРИКАНСКИОТ АМБАСАДОР ЗА ГРУБО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА!

- Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро протестира до американскиот амбасадор Џес Бејли, зарад...

Историја

News image

ПРОГЛАС ОД ОКРУЖНИОТ ОДБОР НА НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛНИОТ МЛАДИНСКИ СОЈУЗ ЗА ВОДЕНСКО

Народи како нашиот, бездомници, со векови потиснувани и поробувани, го грабнале оружјето во рацете и...

Иселеници

News image

Библиотеката во Мил Парк го одржа деветтиот по ред Саем на книгата наречен Booklovers festival

На овој фестивал свои дела претставија 39 автори меѓу кои ...

Култура и туризам

News image

Крали Марко и непослушната жена

Коа се скарал со жената  и си јавал на коњот отишол во Солун Крали Марко. Па му рекла мајка му:...

Фељтон

News image

Славе Катин и неговите дела посветени на црковното живеење (14)

Македонската православна црква-Охридска архиепископија е важен фактор кој игра зна...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.