Среда, 06 Септември 2017   
Султанска наредба за името Македонија

ПРВОТО ОСПОРУВАЊЕ НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА

Името Македонија носи со себе голема историска гордост и вековна традиција, па така секој оној којшто сакал да ги асимилира Македонците прво нешто кон постигање на таа негова цел било оспорувањето на тоа величествено име.

За време на петвековното османлиско ропство на Македонија, Македонците како и сето христијанско население во Империјата биле нарекувани Каури. Македонија пак билa поделена на вилаети.

Во американскиот весник „The sun“, од 16 јуни, 1903 година (стр. 12) се објаснети обидите на османлиските власти целосно да го избришат името Македонија, бидејќи тоа само по себе асоцира на самостојната земја толку позната во минатото:

„Зборот „Македонија“ го буди цензорот после толку многу години. Го сака турското име на територијата наместо името на независната земја…

Турските цензори од Константинопол протестирале за зборот „Македонија“ од седмото издание од првото поглавје на Солунјаните беше потврдено преку писмо од Американското библиско друштво…

Ние имаме сериозни тешкотии во Турција со одделот за јавни инструкции. Цензорите протестираа за зборот „Македонија“ од Новиот Завет. Нашите апликации за дозвола за нашите нови едиции се подложени на подолготрајно и уште понеразумно одлагање, одошто било кога претходно“.

Во американскиот весник „The national tribune“ од 24 септември 1903 година (стр. 3) по повод непостоењето на земјата Македонија на географската мапа, е напишано објаснување за читателите за тоа каде Македонија се наоѓа:

„Во дописите од Константинопол постојано се спомнува Македонија. Нашите читатели ќе имаат големи тешкотии да ја најдат на мапата, бидејќи македонското име исчезна од светската политичка историја пред векови.“

По балканските војни (1912-1913) и Букурешкиот договор, Македонија е поделена меѓу соседните држави Грција, Србија и Бугарија (мал дел Албанија) и се продолжува со засилено темпо да се асимилира тамошното македонско население.

Територијата на денешна Република Македонија потпаѓа под Кралството Србија (струмичко потпаѓа под Бугарија) и српските власти во согласност со нивната пропаганда и асимилаторска дејност ја нарекуваат Јужна Србија, а Македонците Јужносрбијанци.

Од 1918 година територијата на денешна Р. Македонија (вклучително и струмичко) станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците и како што се гледа од името на кралството, Македонија е изоставена од истото. Уставни нации се` до 1929 година биле Србите, Хрватите и Словенците, а Македонците биле сметани како дел од српската нација. Македонскиот јазик пак е сметан за дијалект на српскиот и бил забрануван.

sultanska-naredba

Во хрватскиот весник „Narodno jedinstvo“, број 48, од 1923 година, на насловната страна е цитиран допис од еден Македонец од Скопје во којшто тој го опишува негирањето на Македонија и на Македонците:

„Србите велат дека ние Македонците сме Срби и дека тие не ослободиле. Да видиме што говорат нивните дела, односно недела спрема нашиот народ. А тие говорат дека за нас Србите се полоши и од Турците. Бидејќи не е само тоа што не викаат Јужносрбијанци (?!), ниту тоа што Македонија ја викаат Јужна Србија (се гледа дека на нашите “ослободители” им е тешко да кажат Македонија)“.

Од горниот цитат се гледа дека името на Македонија било предмет на негација и во тоа време. Понатаму во текстот се спомнуваат ѕверствата и убиствата вршени над македонскиот народ.

Територијата на денешна Р. Македонија (и дел од Србија) од 1929 до 1941 година, во рамките на кралството Југославија добива нов назив – Вардарска Бановина со цел заборавање на античкиот корен од Македонците и создавање на новата нација Југословени.

Забраната за користење на македонскиот јазик и принудното користење на српскиот во администрацијата и образованието во Македонија продолжила и во овој период. За ова сведочи визионерскиот цитат на Методија Андонов Ченто од 8 декември, 1940 година:

„Господине директоре, не можете тоа од нас да го барате. Не можете ниту Вие, ниту било кој друг да ни забрани нам и на нашите деца, дома и овде на часовите да зборуваме на својот мајчин македонски јазик, затоа што ние сме Македонци, а нашите деца се македонски деца.

Ние Македонците имаме свој јазик и нашите деца имаат право да зборуваат насекаде на својот мајчин јазик. Ниту ние им забрануваме, ниту некој друг може да им забрани на српските деца, кои се дојдени во Прилеп, да зборуваат на нивниот мајчин српски јазик. Не им браниме да бидат Срби, но нашите деца нека останат Македонци. Ако овој политички поредок не ни ги дава нашите политички и национални права за самостојност, ќе дојде ден, во една федеративна држава, кога оваа земја нема да се вика Јужна Србија, туку Македонија и ќе биде самостојна држава“.

Превземено од: INFOMAX.MK

 

На прво место

News image

СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

МАКЕДОНСКА ЗАЕДНИЦА ВО КАНАДА СТОП НА ПРЕДАВСТВАТА ВО МАКЕДОНИЈА!

Историја

News image

Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчки...

Иселеници

News image

39 години чествување за македонскиот јазик во НЈВ!

Македонскиот просветно училишен одбор за НЈВ,по 39-ти пат,...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна – архиви, документи и др. од Прилеп

Етнографот на Втората бугарска армија Антон Поп Стоилов по влегувањето на Бугарија во Првата светс...

Фељтон

News image

Александар Македонски (6)

Авторот на историскиот роман за Александат Трети Македонски и Македонската Империја ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.