Среда, 06 Септември 2017   
Милојевиќ: Промени во градовите на јужна Македонија предизвикани од слабата безбедност, железницата и Балканските војни 1912 и 1913 година

„Поморскиот сообраќај е сконцентриран во Солун. Од Белата Кула, на солунското пристаниште, се протега према северозапад кеј долг над 1 км. На наго се усидрени до стотина едрилици. Помалите носат по триесет, а поголемите кои имаат по три едра, носат до сто седумдесет тони. Овие едрилици одржуваат врска меѓу Македонија и Грција. Од Солун најмногу носат жито. Од грчкото копно и од островите, од Патрас, од Евбеја и т.н. во есен носат вино во буриња, јаболка, дуњи и т.н., а во зима портокали. Траењето на нивниот пат зависи од ветерот. При поволен ветер тие доаѓаат од Патрас до Солун за два и пол дена, но некогаш на овој пат поминуваат и петнаесет дена, останувајќи и чекајќи поволен ветер.“ – пишува во својот труд  српскиот географ Б. Ж. Милојевиќ  

Во своите истражувања за време на Првата светска војна, српскиот географ Б. Ж. Милојевиќ меѓудругото ги разгледува и промените во градовите на територијата на Егејска Македонија, предизвикани од различни фактори. Во својот труд, осврнувајќи се на факторот безбедност на наслените места. Појавата на железницата и Балканските војни го бележи следното:

„Во народните преданија најден е податок само за основање на еден град. За животот во градовите на јужна Македонија биле од значење овие фактори: слаба безбедност по селата, солунско-битолската железница и баканските војни од 1912 до 1913 година.

а) Основање на Клисура – Клисура е осноана на почетокот на 19 век, за време на владеењето на Али Паша Јанински. Југозападно од денешна Клисура постоело Ежево, југоисточно Чериш, североисточно Напрти и западно Бобишта. На почетокот на 19 век дојдоа Албанците и ги запалија овие четири села. Нивното население тогаш се засолнило во шумата и потоа ја основале денешната Клисура.

б) Слаба безбедност за време на турскиот режим и градовите. – За развој на градовите во јужна Македонија од големо значење била слабата безбедност по селата. Лошата безбедност, како што е познато, една од најважните карактеристики на турското владеење. Во градовите имало поголема безбедност отколку во селата. Оттука населението од селата се доселувало по градовите, а тие се развивале и ширеле екстензивно.

Во Костурската котлина Рупиште се зголемило со доселување. Цела една маала во Рупиште – Нова Маала, во кое е славјанско население – се формирала од 1907 година. Во Рупиште се доселувале исклучиво христијани и тоа: Власи, Славјани (Македонци – н.з)  и Грци (односно погрчени Власи и Славјани).

Околу 1858 година во Рупиште побегнале Власи од Самарина (денес околу 40 к.) од арамијата Жака, кој ги уценувал. Околу 1867 година, дошле Власи од Писодер (20 к.) како трговци. Прво дошле мажите и отвориле продавници, а потоа ги донеле и своите семејства. Околу 1877 година се доселиле од Богатско Грци, (10 к.). Во 1892 година  се доселие Власи од Грамос (сега 58 к.) бегајќи од арамијата Абедин. Во тоа време дошле и Власи од Фаршар (денес преку 30 куќи). Околу 1897 година се доселиле Славјани (Македонци – н.з)  од Насрам и Радогож (од двете села денес ги има по 10 куќи). Во 1901 година се доселил еден Славјанин (Македонец – н.з) од Либишево. Во 1905 година се доселиле Славјани (Македонци – н.з.) од Ловрад (30 куќи), кои ги изгореле грчките „андари“. Во 1907 година дошол еден Славјанин (Македонец – н.з) од Дупјак. Во поново време се доселиле Славјани (Македонци – н.з): од Желино 3 куќи. На еден од овие арамиите му ги украле парите; од Старичани 4 куќи; од Дољан 1 куќа, од Езерце 5 куќи; од Мангила 1 куќа; од Либишево 1 куќа. Во поново време се доселиле и Грци: од Костарџа 4 куќи; од Ланга 4 куќи, од Скумско 2 куќи; од Пшелско 2 куќи и т.н.

Во поново време Костур не се зголемил така како Рупиште. Сепак во него се зголемил сообраќајот, бидејќи се знае дека до 1862 година на калето имало само една капија, а тогаш е отворена и другата. И во Костур има доста куќи на Власи кои се доселени околу 1872 година од Самарина и Грамос. Околу 1882 година во Костур пребегнале Славјаните (Македонците – н.з) од арамите кои им ги краделе парите и им ги палеле куќите (денес има над 50 семејства од овие Славјани - Македонци – н.з.). Од 1897 година во Костур се населиле Славјаните (Македонците – н.з.) од Слимица, Пилкат, Косенци, Д“мбени и т.н.    

Воден значајно се зголемил во текот на 19 век. Во Воденската Варош на почетокот и средината на 19 век се доселиле по три соја. Во Воденската Нова Маала се доселиле на почетокот на 19 век шест, средина на истиот век осум, и на крајот на 19 век два соја. Една цела мала во Воден ја сочинуваат доселеници само од едно село. Тоа е Теховска Мала, чии жители сите се со потекло од Техово. Во Турска Мала во Воден се доселиле околу 1867 година два, а во почетокот на 20 век еден сој. Се смета дека за последните 25 години, од 1892 до 1917 година, “од зулумлук“ се доселиле во Воден од Влкојанево 45 и од Техово околу 30 куќи. 

Почнувајќи од средината на 19 век Пазар исто така се зголемил со придоаѓање на доселеници од околните села. Во податоците за потеклото забележано е дека се доселиле тринаесет соеви.

Само поради занимањето на населението, Клисура е сврстена во градови. Поради тоа што таа, сместена на висина и издвоена од останатите населби, како и поради тоа што многу од населението се збогатиле на гурбет, - во Клисура било помалку безбедно отколку во селата. Во Клисура немаше доселување населението од околните села. Напротив, од Клисура се иселувало населението, било привремено, било стално. – Бидејќи Клисура лежи  на висина од 1230 м, нејзините основачи се занимавале особено со сточарство. Меѓутоа, Клисура набрзо станала пазар за блиските села и на островската и на костурската котлина. Поради тоа што не биле безбедни со заработката и животот, Клисурани рано почнаа да одат на гурбет. Уште на почетокот на 19 век оделе во Цариград и од таму во Браила и Букурешт (во Цариград денес има околу 70 Клисурани). Освен во Цариград, од првата половина на 19 век Клисурани одеа и во ослободена Србија (во Белград), и преку Белград „во Виена“. Тргувајќи во овие градови тие се збогатиле, и по враќањето во Клисура, на место дотогашните мали, подигале двоспратни камени куќи. На голем број куќи стои запишано дека се изградени помеѓу 1850 и 1870 година. Почетокот на втората половина на 19 век е период на големата преобразба за Клисура. А овие коренити промени настанале како последица на гурбетот од првата половина на истиот век. Поради уцените на арамиите, Клисурани и подоцна оделе на гурбет во ослободените христијански балкански земји или во беломорските пристаништа: Кавала, Серез и Скеч (Ксанти).

в) Солунско-битолската железница и градови -  Солунско-битолската железница, пуштена во сообраќај во 1894 година. била од големо значење за некои  градови. Прво Пазар, станица на  патот Солун Битола, со престанок на караванскиот сообраќај, изгубил многу од своето значење. Во островската област пругата се спуштила најмногу на југ према превојот Кирли – Дербенди. На оваа нај јужна  точка до која железницата стигнала, чифликот Соровичево, од 3 куќи се развил во чаршија, која денес има 150 куќи. Во оваа чаршија има доселени трговци од Петелак, Клисура, Катраница (во островската област), од Загоричани (во котлината на Костурското Езеро) и т.н. многу трговци не го донеле и своето семејство туку живеат како дуќанџии – гурбети. Со зголемувањето на Сорович, многу опаднала Клисура. Клисурани почнале да слегуваат во Соровичево каде денес ги има околу 30 дуќани.

г) Во Балканските војни од 1912 до 1913 година и градовите – Како што имаа влијание на селата, исто така балканските војни имаа влијание  и на градовите.

Во 1912 година Турците ги уништија и запалија сите дуќани во Клисура – цела чаршија околу црквата Свети Никола.  Трговците, кои тогаш работеа во Клисура почнаа да одат на гурбет. Во Констанца на пример од тогаш отишле околу 50 луѓе.

И Соровичево било запалено во војната од турската војска. После тоа во Соровичево биле изградени нови згради покриени со ќерамиди.

Во Пазар месното население и грчката војска ја запалија во есента 1912 година чаршијата која најмногу ја држеа Турците. Се смета дека тогаш изгореле околу 650 дуќани. Потоа, горе во градот на падините се создала нова чаршија.

До споменатата година во Пазар имало околу 2260 куќи и тоа: Турски 1200, Славјани (Македонци – н.з) 1000 и Цигани (исламизирани - Роми – н.з.) 60 куќи. После војната во 1912 година, околу 850 турски семејства се иселиле во Бер, Солун и Мала Азија. Во Пазар останале околу 350 турски куќи. Меѓутоа од околните села се доселиле околу 200 Славјански (македонски – н.з.) куќи, кои ги купувале имотите на оние Турци, кои се иселувале, така да денес во Пазар има околу 1200 куќи на Славјани (Македонци – н.з). Грци мухаџири има околу 300 куќи. Со војната, бројот на циганските (ромските – н.з)  куќи не се променил. Вкупно, после Балканските војни, во Пазар има околу 1910 куќи – 350 помалку од бројот пред војната.  

Пред Балканските војни во Кукуш имало 1760 куќи, - околу 1000 славјански (македонски –н.з.) и 760 турски. Во текот на двете војни се иселиле сите Турци, а сите Славјани (Македонци – н.з) се повлекле во Струмица. Грчката војска тогаш го запалила целиот Кукуш. Потоа населението пвторно почна да се населува. Денес во Кукуш има само 478 куќи и тоа: Славјани (Македонци – н.з) 243, Грци махаџири 232 и Турци 3. Славјаните (Македонците – н.з) се доселиле од Струмица 200 семејства и од струмичлите села: од Колешино 37, Габрово 3 и Мокрени 3. Грците се доселени: од Јасик кеј (до Ксанти) 70 семејства, од Лиле - Бургас 12, од Аји аге (до Одрин) 56, од Султан Чифлик (до Агиос Стефано) 40, од Станимахос 4 и од Ерзерум 50 семејства.

д) За Солун и Негуш – Во Солун е извршена огромна промена поради пожарот кој се случи на 5 август 1917 година. Тогаш изгорела речиси цела солунска чаршија. Преостанатите ивични делови се протегаат покрај Вардар – Капија на една и Камара на другата страна.

Во минатото на Негуш особено била важна 1821 година, година на грчкото востание. На почетокот на 19 век Негуш не се наоѓал на сегашното место, туку погоре до реката. Во 1821 година, “од Мореја“ побегнале во Негуш грчки “капетани“. Лабуд – Паша тогаш го опколил градот и побарал да се предадат побегнатите востаници. Кога овие не сакале да се предадат, Турците влегле во градот, луѓето ги обесиле или ги заклале, жените и децата ги продале како робови, а куќите ги запалиле. После тоа телалот објавил дека народот може да се населува во Негуш. Тогаш се доселиле селаните од; Селе, Јанаково, Ошљани, Мисмер, Дрезилово, Горносова, Перишор ит.н.“

На крај од овој преглед на трудот на српскиот географ, во делот за сообраќај на територијата на јужна Македонија, интерсна е неговата забелешка за поморскиот сообраќај. Видливо правејќи разлика меѓу територијата на Грција и Македонија, тој Милоевиќ ќе забележи:  

„Поморскиот сообраќај е сконцентриран во Солун. Од Белата Кула, на солунското пристаниште, се протега према северозапад кеј долг над 1 км. На наго се усидрени до стотина едрилици. Помалите носат по триесет, а поголемите кои имаат по три едра, носат до сто седумдесет тони. Овие едрилици одржуваат врска меѓу Македонија и Грција. Од Солун најмногу носат жито. Од гркото копно и од островите, од Патрас, од Евбеја и т.н. во есен носат вино во буриња, јаболка, дуњи и т.н., а во зима портокали. Траењето на нивниот пат зависи од ветерот. При поволен ветер тие доаѓаат од Патрас до Солун за два и пол дена, но некогаш на овој пат поминуваат и петнаесет дена, останувајќи и чекајќи поволен ветер.

(крај)

Македонска нација

milojevic

juzna-makedonija

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.