Среда, 13 Септември 2017   
Харилаос Трикоупис - Премиер на Грција 7 пати меѓу 1875-1895 г.

Charilaos TrikoupisРоден во Науплион во 1832 година, како син на Спиридон Трикоупис - кој беше Премиер на Грција во 1833 година, и Екатерини Маврокордатос - сестра на Александрос Маврокордатос кој исто така беше Премиер на Грција наследувајќи го претходниов во 1833.

За да ја разбереме подобро оваа временска рамка, ова е периодот кога Грција веќе се здоби со независноста и ова е пред нејзината окупација на Македонија (Егејска), значи за времето на Харилиаос Трикоупис, Македонија (во целина) сеуште беше дел од Отоманската Империја.

Додека тој беше Премиер на Грција, во 1893 година Македонците го формираа ВМРО и се подготвуваа за големото востание против Турците, кое се случи 10 години подоцна.

Зошто е важен Харилаос Трикоупис?

Тој ги предвиде војните што следуваат за освојување на Македонија, практично поставувајќи ја Грчката политика за територијална експанзија - тој беше креатор на сценариото за окупација на денешниот егејски дел од Македонија.

Во својот говор во 1886 г.во Грчкиот Парламент, јасно стави до знаење дека:

“.. Грција никогаш нема да ја постигне целосната државност без Македонија“.

Харилаос Трикоупис го прекажал она што Грчката држава го имаше на ум, велејќи:

“Кога ќе дојдат Големите Војни, Македонија ќе стане Грчка или Бугарска, зависно од тоа кој ќе победи.
Доколку биде освоена од Бугарите, тие ќе го направат народот Словенски.
Доколку ние ја освоиме, ние ќе ги направиме сите нив Грци.“

На овој начин, денешните Грци ги трансплатираа доселениците од Мала Азија на местото на насилно протераните етнички Македонци – во “легални“ наследници на античките Македонци.
На овој начин беа креирани вештачките –“ Грчки Македонци“.
Изјавата на Трикоупис дека : “Доколку ние ја освоиме, ние ќе ги направиме сите нив Грци“ е јасно, недвосмислено признание дека:

(a) Грција не ја поседуваше Македонија.

(b) Македонија никогаш не била Грчка пред “Големите Војни“ во 1913,

(c) Грчкото тврдење дека Македонија била “отсекогаш Грчка“ е бесрамна лага и нова измислица.

(d) Потврда дека немало “Грчки Македонци“ во Македонија и

(e) сето ова Грчко скокање околу името “Македонија“ како Грчко е апсурдно смешна манипулација на фактите од страна на една арамиска нација.

Изјавата на Трикоупис, не е изјава од голобрад националист, пијан патриот или фашистички идолопоклоник, туку е измерена изјава, целосно вкалкулирана во политичките интереси, од страна на еден разумен и компетентен човек како лидер на нацијата и затоа има огромно значење и тежина.

Ова се зборови на намери и на визија, од страна на Грчки Премиер кој како по скрипта со прецизен план го предвидува етничкото чистење на Македонија, кое следуваше во 1913 година.
Претскажувањето на Харилаос Трикоупис се оствари во Балканските војни и Букурешт, со помошта на шовинистичките и лицемерни Големи Сили.

Референци:

Population exchange in Greek Macedonia By Elisabeth Kontogiorgi (од стр. 30)
Macedonia and Greece by John Shea (од стр. 101)

Михаил Барак

 

На прво место

News image

ПОМЕН ЗА ДРАГАН БОГДАНОВСКИ 1929-1998-2017

По повод 88 од раѓањето и 19 години од смртта, денес на гробот на Драган Богдановски на градските гр...

Историја

News image

Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанскит...

Иселеници

News image

Илинден – најсветлиот датум во историјата на македонскиот народ (1)

"Илицден 1903-2003 и македонските иселеници" е дело на Сла...

Култура и туризам

News image

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера к...

Фељтон

News image

Академикот Божин Павловски – писател и информатор во Австралија (8)

Божин Павловски, е еден од најплодните и најпознатите македонски писатели кој пове...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.