Среда, 20 Септември 2017   
Соопштение на ГШ на НОВ и ПОМ за борбите и акциите на партизанските одреди од 2 август до 7 октомври 1942 година

Partizani Bitola

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанските одреди во 1941/42 година, кои ги носат имињата на прославените илинденци, па се до формирањето на дивизии и корпуси во 1944 година, македонската војска станала армија, респективна сила која во октомври – ноември 1944 година имала над 64.000 борци. Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (Главен штаб на НОВ и ПОМ) нил главното командно тело на македонскиот народ во Вардарскиот дел на Македонија во текот на народно-ослободителната борба на Македонија.

Од јуни 1941 година, пред формирањето на ГШ, припремите за оружената борба во Македонија ја раководеле членовите на Воена комисија: Методија Шаторов - Шарло, Коце Стојановски - Металец, Бранислав Шикиќ - Бруно, Љубомир Лековиќ - Горски и Илија Јакимовски.

Припремите за оружената борба, од септември 1941 година, ги продолжил Покраински воен штаб (ПВШ), чии членови се: Лазар Колишевски - Митре, Михаjло Апостолски - Дончо, Мирче Ацев - Стојче, Страшо Пинџур - Jосиф, Цветко Узуновски - Абас, Трајко Бошкоски - Тарцан, Перо Ивановски - Тиквар, Кузман Јосифовски - Питу, Иван Дојчиновски – Димче. Помошен орган на ПВШ е Оперативен воен штаб, во кој членови се: Перо Ивановски - Тиквар, Трајко Бошкоски - Тарцан, Киро Крстески - Платник и Стив Наумов.

Во јуни 1942 година, Покраински воен штаб прераснува во Главен штаб на Народноослободителната војска на Македонија и наородно-ослободителни партизански одреди на Македонија (ГШ на НОВ и НОПОМ) во состав: Цветко Узуновски, Михајло Апостолски, Мирче Ацев, Страшо Пинџур и Љупчо Арсов, а подоцна биле кооптирани Кузман Јосифовски и Стиф Наумов.

По формирањето на Главниот штаб, тој го раководел дејствувањето и организирањето на НОПО, реорганизацијата на месните воени штабови, а од октомври 1942 година издавал Билтен и др. Околу 20 септември 1942 година е извршена реорганизација на партизанските сили во Велешко и Прилепско. Притоа, од постојните сили е формиран партизански одред „Димитар Влахов" во состав од 4 велешки и една прилепска чета. Но веднаш по тоа, Прилепската чета е прогласена како прва чета на одредот „Ѓорче Петров". Според тоа, од мај до околу 20 септември 1942 година постои Прилепски партизански одред „Димитар Влахов", а по оваа дата Велешко-прилепски партизански одред „Димитар Влахов".

Во Соопштение што го идава ГШ на НОВ и ПОМ за своите активности, борбите и акциите на партизанските одреди во Македонија од 2 август до 7 октомври 1942 година, меѓудругото се вели:

„Македонскиот народ, неможејки да го трпи фашистичкото ропство се оврсти во големите редови на народите од Југославија и сите други поробени да се заедно со нив бори за рушење на големиот непријател на слободата германо-талијанскиот фашизам и неговите верни слуги... Во последно време борбите и акциите на народноос-лободителните партизански одреди во Македонија зедоа голем замаф. Нема векје место кај не се слуша и со големи симпатији не се говори за нив, оти тие спречуваат да се носи житото, волната и др. стоки од Македонија и му ги бркат сметките на фашистичките окупатори.

На 2.VIII 1942 година на Илинден, на денот кога Македонскиот народ се дигнал да се бори против ропството на турскиот апсолутизам, одредот „Дамјан Груев" влезе во село Смилево, битолско, одржа успел митинг со селаните и ја запали архивата на општината. Народот ги дочека партизанцте со голема воодушевеност. Значењето на оваа акција е многу големо оти, баш во Смилево 1903 година беше конгресот кој зеде решение да ое дигне Илинденското востание...

На 6.VIII. одредот „Пито Гули" влезе вд село Прибилци, Крушевско, ја спали општинската архива и заплени: 12 пушки, 3 револвера, бомби, писаќа машина, радио апарат со звучник и други работи.

На 13. VIII одредот „Димитар Влахов" со голем успех нападна на општината во село Плетвар, прилепско, ја спали архивата и изврши смртни пресуди на 6 крвници на народот и верни слуги на фашизмрт, кои се дојдени ноќта со потерите од Прилеп. Одредот ослободи двајца селани и заплени една машинска германска пушка со 60 метци, 11 пушки, 140 метци, 6 револвери, една писаќа машина, еден телефонски апарат, 1 сат и др...

На 7.VIII една диверзанска група во Прилепско успешно нападна на државното имање и спали 4800 снопа жито (околу 40000 кгр), 20.000 кгр сено наменено на Германците.

На 22. VIII одредот „Димитар Влахов" нападна на општината во село Лаго, прилепско, ја уништи архивата и заплени 3 пушки, 1 револвер, жандарска униформа, 1.000 лева, радио со звучник и 2 батерији, две писаќи машини, една аутоматска рачуналка, марки за 2-3 илјади лева, канцеларски материјал, еден сандак шекер и многу друго.

На 26.VIII една група од одредот „Пере Тошев" успешно нападна на железничката линија кај Богомила и ги исече жиците на 16 бандери. Еден цел ден возовите неможеја да одат а другиот ден германските војници врзуева нови жици. Успехот на таја акција е од многу големо значение оти со неја е погоден дирекно германскиот фашизам, на кого возовите му носат оплачкана стока од Македонија.

На 28. VIII една група од една чета на одредот „Пере Тошев" влезе во село Крива Круша, Велешко, и одржа успел митинг пред преку 300 души селани и грагани собрани на славата од селото. Митингот беше примен со големо одушевление од страна на сите присутни и партизаните добро почестени. После веселите игри и песни, извршени со участието на партизаните, партизаните се повлекоа. Тамо се запленети 2 пушки и 1 револвер.

На 6.1Х, една чета од одредот „Димитар Влахов" се подели на две групи и одржа успели митинзи, едната во село Забрчани, а другата во Дупјачани, прилепско.

На 14. IX, една друга чета на одредо „Димитар Влахов" после успешните акцији по разни села во Прилепско, беше приморана да влезе во борба со многу по број надмоќна непријателска потера од одбрани агенти жандари и војници. Борбата беше тешка и траеше цел ден (Борбата ја водела Втората чета на Прилепскиот одред). Партизаните покажаа голема ладнокрвност и присебност. Нарочно се истакнаа партизаните Л. (Лански - Стево Базерко) и Д. (Димче Мирчевски - Бањаро) кои сами отепаа 7-8 фашисти и кои во повлекувањето успеа да му заплена и една пушка на непријателот.

На 14.1Х, одредо „Димитар Влахов" влезе во село Мажујчиште, Прилепско, одржа успешен митинг и зеде 2 пушки а на враќање ги исече жиците на пругата и кическото џаде.

На 14.1Х, одредот „Пере Тошев" успешно нападна на општината во село Војница, велешко, ја уништи архивата и успеа да фати 4 слуги на фашистите кои отворија пукање на партизаните и ги мобилисале Турците да се борат говорејќи им оти се партизаните српски четници и разбојници. Сите четворица се на лице место стрељани а Турците ослободени со братско меѓјусобно грлење. Таму е запленето: 13 пушки, 452 метци, 72.000 лева, две мрежи, писаќа машина, радио апарат, една канта сало и други работи.“

„На 22.1Х, четата бр. 1 на одредот „Димитар Влахов“ нападна успешно и ги исече телефонските жици на пет стуба на железничката пруга кај Богомила.

На 27.1Х, чета бр. 1 на одредот „Димитар Влахов" влезе во село Бажилово (се однесува на Нежилово), велешко и одржа успел митинг.

На 27.IX, четата бр. 3 на одредот „Димитар Влахов" нападна на железничката станица „Клајман" (денес „Васил Антески") сета ја разори и заплени 1 пушка и 120 метци, 250 кгр газија, еден телефонски апарат, мушама за дош, 6267 лева и многу други работи.

На 29.1Х, четата бр. 4 на одредот „Димитар Влахов" успешно нападна на општината во село Чашка, Велешко, при заврзаната борбата уби 1 војвода фашиста, спали архивата и заплени писаќа машина, преса, 3111 лева и друго.

На З.Х, чета бр. 1 на одредот „Димитар Влахов" и прва чета на одредот „Ѓорче Петров" извршија многу успешен митинг во село Славеј(се однесува на с. Сливје.) прилепско.

На З.Х една група од четата бр. 1 на одредот „Димитар Влахов", одржа митинг во с. Црешево.

На 7.Х, чета бр. 1 на одредот „Ѓорче Петров" и четите бр. 3 и 4 на одредот „Димитар Влахрв" извршија успешен митинг во село Десо(во), Прилепско. Со таја акција партизанските одреди му нанесоја голем удар на фашиските окупатори оти го заробија Дончо војвода от Прилеп, кој што беше еден од најарните организатори за контра чети и потери и кога партизаните настоеја да го фатат уште пред една година, кога започна верно да му служи на фашизмот и ја извршија смртната пресуда на народнио суд. Од него успеја партизаните да добија многу податоци за лугјето кој учествуваат против народот. На таја акција е фатен и кмето (на с.) Десо(во) (Мирко) од кого и децата пропиштеле. Се запленати 15 пушки, една шумарска униформа и друго.

На почетокот на октомври четата бр. 1 и четата бр. 5 на одредот „Димитар Влахов" извршија многу успешни митинзи: во с. Дреново каде запленија 2 пушки, 13.000 лева државни пари 3 рала панталони и др. Во с. Слп, запленато е 1 пушка, 1 револвер. Во с. Пелиград, Алданце, Долно Јаболчиште и други.

Ова е само еден дел од акциите на народно-ослободителните партизански одреди. Борбата се наставува и акциите секој ден стануваа се поголеми а со това и ударите на фашизмот се потешки. Тероро вршен над македонските села и градови и опсадното стање во Македонија, нема да му помогнат на Хитлера и негојте бугарски агенти за заплашување на народот, ами на против Македонскиот народ ке одговори со уште поединствен општонароден антифашистички фронт, по примерот на своите бракја во Србија, Бугарија, Хрватска, Црна Гора и другите земји поробени од Хитлера.“ (Главен штаб на народноослободителните партизански одреди на Македонија, АМ. - Ф. - Главен штаб на НОВ и ПОМ. К. 35, арх. бр. 5547.)

Во март 1943 година, ГШ на НОПОМ прераснува во ГШ на НОВ и ПОМ во чиј состав се наоѓаат: Михаило Апостолски – командант, Цветко Узуновски – политички комесар и Страхил Гигов – заменик политички комесар. Подоцна комесари биле Бане Андреев и Борко Темелкоски, а заменик на командантот Панче Неделковски.

До конечното ослободување на Вардарска Македонија во ноември 1944 година, во составот на ГШ имало повеќе измени. Единствено командантот Апостолски останал до укинувањето на главните штабови  во 1945 година. За поефикасно раководење со НОАВМ, територијата ја поделил на пет Оперативни зони, на чело со оперативни штабови. По Преспанскиот состанок на ЦК на КПМ седиштето на воено-политичкото раководство било во село Црвена Вода, на слободната територија Дебарца, Охридско. ГШ на НОВ и ПОМ издал Манифест за крајната цел на НОАВМ и формирал баталјони и бригади 1943 година, дивизии и корпуси во 1944 година за завршните операции за ослободување на Македонија.

Во текот на Втората светска војна, од почетокот на формирањето на македонските комитско-партизанските одреди во 1941/42 година, кои ги носат имињата на прославените илинденци, па се до формирањето на дивизии и корпуси во 1944 година, македонската војска станала армија, респективна сила која во октомври – ноември 1944 година имала над 64.000 борци. Во ноември ГШ на НОВ и ПОМ бил преименувн во ГШ на НОВ и ПОЈ за Македонија и така функционирал до февруари 1945 година, кога бил преименуван со наредба на ВШ на НОВ и ПОЈ во ГШ на ЈА за Македонија. Во мај 1945 бил укинат.

(извор: Документи од борбата на македонскиот народ за самостојна и национална држава, том втори, Скопје, 1981, стр. 468 - 470 )

Македонска нација

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.