Среда, 27 Септември 2017   
„Бела книга“ на Велика Британија за македонското прашање!

Неуспехот на Мирцштешките реформи од 1903 година и на финансиските и судските реформи од 1905 година ги принуди некои од големите сили да преземат нови иницијативиои. Со таков предлог во март 1908 година излегле Велика Британија и Русија.

Предлогот на Велика Британија поднесен на 3 март 1908 година од Форин офисот, го привлекува вниманието на европскиот печат. Речиси секојдневно на страниците на странскиот печат се објавуваат извештаи за настаните во Македонија и иницијативите за решавање на македонското прашање.

Разгледувајќи ги страници на белградска „Политика“, само во периодот од 18 до 21 март 1908 година, покрај настаните во Македонија, се запознаваме за иницијативата на Велика Британија и Русија, како и односот на другите големите сили по македонското прашање.   

Во март Велика Британија објавува „Бела книга“ за македонското прашање. Ден потоа, на 18 март 1908 година, белградска „Политика“ ја пренесува оваа информација во која се вели:

„Вчера е публикувана „Бела книга“ за македонското прашање. Во неа се изложени последните предлози на Велика Британија и се напоменува се што може да се случи доколку не се превземат енергични мерки.

Кога се мисли дека европскиот концепт не е во состојба или не сака да стави крај на сегашната критична состојба во Македонија, како и новиот гувернер да го направи независен од Портата, Велика Британија предлага големите сили да го гарантираат издржувањето на тој гувернер. Освен тоа Англија предлага да се смали бројот на турските трупи во Македонија па од заштедата, која на тој начин би се постигнала, да се плаќаат новите административни чиновници, Покрај тоа, ,уште се бара големите сили да го гарантираат интегритетот на Македонија за време на траење на оваа управа.

Што се однесува до гледиштето на Русија и Австро-Унгарија, дака сегашните прилики во Македонија не се погодни за реформи, Греј истакнува, дека ситуацијата во Македониските вилаети е така критична и дека е неопходно потребна  брза и енергична интервенција.“

Наредниот ден, на 19 март 1908 година, белградскиот весник во рубриката телеграми, ја пренесува информација од Лондон во која се вели:

„“Ројтер“ дознава дека Англиската влада до сега не добила ниту од една голема сила одговор на својата нота од 3 март оваа година..., која се однесува на македонското прашање и предлози за поставување на гувернер во Македонија и зголемување на реформната жандармерија. Исто така англиската влада официјално ништо не знае за било какви руски противпредлози во тој поглед. Меѓутоа, англиската влада е спремна да разгледа и (прифати) секаков план кој би тежнеел да донесе подобрување на неподносливата и неиздржлива состојба во Македонија. Владата на Велика Британија и не помислува да  ги повлече своите добро осмислени предлози.

Белата книга во која се дадени предлозите за решавање на македонското прашање се објавува во време кога министер за надворешни работи на Велика Британија е сир Едвард Греј, кој Русија не ја смета за опасност, туку користејќи го македонското прашање сака да ја врати како фактор на европската политика. Во тој контекст, веќе наредниот ден (20 март 1908), говорејќи за надворешната политика на големите сили, белградска „Политика“ во текстот „За  Македонија“ ги пренесува рекциите на Лондон во кои се вели:

„ Влада на Велика Британија до сега ниту од една европска сила не добила одговор на нотата, која по предлог на министерот за надворешни работи Едвард Греј, го испратила до сите кабинетите на европските сили барајќи генерален гувернер за Македонија и зголемување на реформската жандармерија. Исто така, таа не добила официјално известување за последните предлози на Русија, кои се занимаваат со истото прашање.

Во последното свое комунике британската влада вели дека нејзиното држење е целосно јасно. Таа вели дека е спремна да разгледа и да го прими секој оној предлог кој би придонел непосносливата состојба во Македонија да се поправи. Велика Британија не се обврзала на своите последни предлози кои ги поднела до европските сили не поради тоа за да создаде уште поголеми несогласувања туку за да стави крај на анархијата во Македонија.

Што се однесува на забелешките дека поставувањето на генерален гувернер според Греовиот предлог би довел до верски масакар, британската влада изјавува дека таа веќе го имала на ум кога во својата нота спомнала дека муслиман би бил најпогоден за тоа место. Британската влада на крај изјавува дека никако нема да го повлече овој свој така внимателно и совесно изработен план.

Меѓутоа, руските предлози направиле многу добар впечаток. Австро-унгарската и германската влада се согласиле начелно на сите тие предлози, но при изработката на дефинитивниот план ќе достават некои свои забелешки и барања. За сето ова е говорено на последниот состанок меѓу кнезот Билов и баронот Ерентал, а какви ќе бидат предлозите за промени, за сега не е познато.

Италија, меѓутоа веднаш ги прифатила руските предлози. Во одговорот до руската влада, италијанската влада изјавила дека вакви какви што се предлозите се применливи и дека ќе ги поддржува. „Трибуна“, пишувајќи за руските предлози, вели дека овие предлози целосно се поклопуваат со програмата на италијанската влада, која секогаш ќе работи против монополизирање на Балканот, без разлика на силата која тоа ќе се обиде.“

Поведен од српските интереси на Балканот и во Македонија, белградскиот печат повеќе му дава  преднос на рускиот предлог. Во тој контекст, белградска „Политика“ од 21 март 1908 година, во рубриката надворешна политика, споредувајќи го предлогот на Велика Британија и Русија ќе напише:    

„Целиот европски печат постојано се занимава со предлозите кои Велика Британија, а веднаш потоа и со Русија која ги доставила до сите сили. Ние претходно веќе објавивме од што се состојат тие предлози, а исто така соопштивме дека на рускиот предлог сите европски сили во принцип го прифатиле, додека на британскиот предлог досега ниту една влада не одговорила.

Измеѓу едниот и другиот предлог разликата е многу голема. Владата на Велика Британија бара многу енергична акција и предложува најрадикални мерки за подобрување на состојбата во Македонија, додека Русија со своите предлози е многу поумерена. Велика Британија бара многу повеќе отколку што и самата мисли дека тоа може лесно да се прифати, да подоцна, кога сите европски сили ќе го прифатат рускиот предлог и самата усвои се, што Русија го предлага. Таа на тој начин и ја дава иницијативата на Русија на раце и го смалува влијанието на Австро-Унгарија, кое од руско-јапонската војна, започнува на Балканот брзо да расте.

Засега не се знаат сите детали од рускиот предлог, но ова што досега е објавено, се гледа дека Русија бара финансиската комисија да се претфори во меѓународна комисија, со право за контрола, а жандармеријата да се стави под нејзина директна управа.

Без разлика колку руските предлози се недоволни, сепак тие се еден голем чекор напред во решавање на македонското прашање.“

Овие предлози подоцна ќе послужат како основа за разговорите водени меѓу Велика Британија и Русија во јуни 1908 година во Ревал. За време на „Ревалска средба“ на англискиот и рускиот суверен, донесени се нови одредби по прашањето на Македонија. Според проектите од „Ревалската средба“, се предвидувало во Македонија да се воведе автономија. Но Младотурската револуција го попречила воведувањето на овој проект во живот. При крајот на 1909 година престанала и целата реформна активност на европските сили во Македонија.

bela-kniga

 

На прво место

News image

Ламбе Арнаудов: Неколишевизам

Никој нема право да ја консумира слободата и во неа да ужива, ако претходно не ја заработил за друг....

Историја

News image

Трлиски инцидент

По Првата светска војна, соочени со фактот дека големите сили ја санкционираа поделбата на Македониј...

Иселеници

News image

Одгласи на Илинденското востание во различни кругови во светот (13)

Одгласите за Илинденското востани биле големи во различни ...

Култура и туризам

News image

Музеј на Старата скопска чаршија

Музејот на Старата скопска чаршија е сместен во рамките на Сули ан. Основан е како придружна институ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (10)

Напливот на бегање од Елада предизвика и други соодветни барања, бидејќи намесниците...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.