Среда, 27 Септември 2017   
Почетоците на организирано дејствување на македонската дијаспора

doom-logo

Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) е македонска организација во дијаспората основана од македонски иселеници во 1962 година во Шведска. Движењето се залагало за поголема автономија на СР Македонија во склоп на СФР Југославија, признавање на националната посебност на Македонците во Пиринска и Беломорска Македонија, враќање на Македонците бегалци во Грција и автономија на Пиринска и Беломорска Македонија, како етапа кон обединувањето на целокупната етногеографска Македонија.

Почетоците на организирано политичко дејствување на македонската дијаспора во Западна Европа по Втората светска војна започнува кон крајот на 50-тите години, кога Македонците масовно ја напуштаат својата татковина од политички или економски причини. На 23 јуни 1962 година македонските иселеници во Шведска ја формираат емигрантската организација Ослобододителен комитет на Македонија (ОКМ). Под ова име организацијата дејствува до крајот на 60-тите години. На редовниот Конгрес во Бремен, Германија (1972) името е сменето во Движење за обединување на Македонија (ДОМ), а името Движење за ослободување и обединување на Македонија (ДООМ) го добива на Општиот Конгрес во Минхен, Германија во 1974 година. Последната промена е направена десет години потоа. На 5 –от редовен конгрес во 1984, името е променето во Народноослободителен фронт на Македонија (НОФМ). Иако организацијара неколкупати го менувала своето име, нејзината крајна цел секогаш останала иста: создавање на независна и обединета македонска држава на македонскиот народ.

Во текот на 70-тите години, организацијата, развила широка активност меѓу македонското иселеништво. Тоа е период кога ДООМ, под водство на Драган Богдановски се проширува во Европа, Австралија и Северна Америка и го доживува својот зенит во дејствувањето.

Во овој период голема улога ќе одигра весникот  „Македонска нација“. Имено, на вонредниот Конгрес на Комитетот во Копенхаген, Данска во 1971 година, била донесена одлука за издавање на официјален орган – весникот „Македонска нација“. Покрај печатењето на списанието, активноста на организацијата во овој период е насочена и кон издавање на брошури и книги со историска и политичка содржина, како и активности за меѓународно актуелизирање на македонското национално прашање.

Во 1973 година е забележана првата активност на ДООМ за запознавање на светската  јавност со состојбата на македонскиот народ во и надвор од границите на СФР Југославија, но и за промовирање на целите на организацијата. Централниот комитет на ДООМ, во кој се наоѓаат преставници од Европа, Северна Америка (Канада и САД) и Австралија, испраќаат меморандум до државите учеснички на Конференцијата во Виена по прашањето за мир и безбедност на Европа. Преставувајќи се како „легална политичка организација на македонските патриоти“ која дејствува во Западна Европа и како „илегално револуционерно национално ослободително движење“ кое дејствува во Грција, Бугарија и Југославија, во меморандумот испратен до претставниците на владите на државите учеснички на Конференцијата, меѓудругото се вели:

„Траен мир во Европа најдобро ќе може да се обезбеди со една демилитаризирана обединета и неутрална Македонија под покровителство на Обединетите Нации... Влегувањето на грчката и бугарската окупациона зона во обединета Македонија ги засегнува истовремено двата светски блока па затоа меѓу нив нема да биде нарушена рамнотежа. Југословенската окупациона зона и онака припаѓа во несврстена Југославија па нејзиното одвојување од Југославија нема да има никакво значење за рамнотежата меѓу блоковите и меѓу балканските држави...“. Понатаму се вели: „Обединувањето на трите зони од распарчена Македонија во неутрална држава по протекторат на Обединетите Нации ќе му даде прилика на македонскиот народ да заживее слободен и самостоен национален живот, да се спаси од сегашното национално угнетување и понижување. Обединета и неутрална Македонија исто така ќе биде гаранција за слободен национален развиток и на другите националности во Македонија: Грци, Албанци, Турци и други зашто Македонија повеќе нема да станува арена на војни меѓу балканските држави, во кои покрај македонскиот народ, секогаш страдале и другите националности во Македонија.“

Исто така, во меморандумот се бара од државите учеснички на Конференцијата „да се завземат и изработат еден план за обединување на Македонија...“, во кој  како основна гаранција за мирот, би требало да се изврши „демилитаризацијата на Македонија од страна на двата воени блока. Односно базите и другите вооружени сили на НАТО и на Варшавскиот пакт да се повлечат од територијата на Македонија, а на нивно место, како и во сегашната југословенска зона, да бидат испратени вооружени сили на ОН под чија закрила и контрола би се извршило обединувањето и осамостојување на Македонија.

Според меморандумот, целта за обединета и неутрална македонска држава можела да се оствари низ следните етапи:  1.) бугарската и грчката окупациона зона да бидат издигнати во ранг на автономни републики во рамките на Бугарија и Грција, слично на автономната македонска република во Југославија; 2) „да се свика едно сеопшто македонско Уставотворно собрание со овластени претставници од трите македонски автономни републики и со претставниците на сите националности што живеат во Македонија, на кое што да биде изработена конструкција (Устав) на идната обединета и неутрална Македонија, чие што создавање треба да биде прокламирано од ова сеопшто македонско уставотворно собрание. О 3) по прокламирањето на обединетата македонска неутрална држава силите на НАТО и Варшавскиот пакт, како и вооружените сили на Југославија, Бугарија и Грција (војската и полицијата) да ја напуштат Македонија, а на нивно место за обезбедување на внатрешен ред и за одбрана на земјата новата македонска држава да си изгради свои воени и полициски снаги.“

Меморандумот бил потпишан од ЦК на ДООМ, на кој стојат имињата на претседателот Драган Богдановски, потпретседателот Благој Шамбевски и секретарот Јован Гарвански.

Со овој меморандум, кој бил првата посериозна активност на организацијата на меѓународно поле, повеќе европски држави за првпат се запознале со постоењето на оваа организација и со нејзините цели.

(Продолжува)

Македонска нација

(Извор: М. Ивановски „Меѓународни активности на Движење за ослободување и обединување на Македонија (1973 ‒ 1977)“; ГЛАСНИК год. 58 бр. 1-2 стр. 1-117986 Скопје 2014 стр. 143)

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.