Среда, 04 Октомври 2017   
Полиперхон

alexander-soldiers

Полиперхон (394–303 п.н.е.) бил македонски генерал кој служел во војската на Филип II и Александар Македонски, придружувајќи го Александар во неговите воени походи.

По враќањето во Вавилон, Полиперхон бил вратен во Македонија заедно со Кратер, но стигнал само до Киликија кога се чуло за смртта на Александар во 323 п.н.е.. Полиперхон и Кратер продолжиле за Грција, помагајќи му на Антипатар да го задуши востанието во Ламиската војна. Полиперхон останал во Македонија, а по дијадошката војна останал дома како регент на Македонија, додека Антипатар отпатувал за Мала Азија за да го зацрвсти неговото регентство врз целата империја.

После смртта на Антипатар во 319 п.н.е., Полиперхон бил назначен за регент и врховен командант на целата Македонска Империја, но набргу влегол во конфликти со Антипатаровиот син Касандар, кој требало да биде неговиот главен заменик. Двајцата започнале граѓанска војна, која набргу се проширила на сите генерали на Александар, со тоа што Полиперхон се сојузил со Еумен против Касандар, Антигон I Едноокиот и Птоломеј I.

Иако Полиперхон на почетокот бил успешен во заземањето на грчките градови, кои ги прогласил за слободни, Антигон I Едноокиот ја уништил неговата флота во 318 п.н.е., а Касандар следната година ја зазел Атина. Накратко потоа, Касандар го протерува Полиперхон од Македонија, па го зел во свои раце немоќниот крал Филип Аридеј и неговата жена Евридика.

Полиперхон пребегнал во Епир, каде и` се придружил на мајката на Александар Македонски, Олимпија, неговата вдовица Роксана и малиот син Александар IV. Направил сојуз со Олимпија и кралот Еакид Епирски, и Олимпија тргнала во поход на Македонија. Отпрвин Олимпија била успешна во својот поход, со тоа што ја победила и заробила војската на кралот Филип, кого го погубила, но набргу Касандар се вратил на Пелопонез, па ја фатил и ја погубил во 316 п.н.е., земајќи ги Роксана и детето под негово старателство.

Сега Полиперхон пребегнал на Пелопонез, каде се` уште командувал со неколку упоришта, па се осојузил со Антигон, кој сега повеќе немал сојузници. Полиперхон набргу ја воспоставил својата власт врз Пелопонез, вклучувајќи ги Коринт и Сикион. По мировниот договор од 311 п.н.е. помеѓу Антигон и неговите непријатели, и убиството на младиот крал Александар и неговата мајка, Полиперхон ја задржил власта во извесни области. Тогаш избила војна помеѓу Антигон и останатите, па Антигон му го пратил биолошкиот син на Александар Херакле на Полиперхон за да послужи во нагодба против Касандар. Меѓутоа Полиперхон решил да ги раскине врските со Антигон, и го убил момчето во 309 п.н.е.

Ја задржал власта врз Пелопонез се` до неговата смрт неколку години подоцна, но престанал да се занимава со политика.

Наводи

Peter Green, Alexander to Actium (University of California Press, 1990) стр. 17-20

 

На прво место

News image

Премиерна изведба на најновото драмско дело на Стефо Нанцу

Минатиот четврток во просториите на Центарот за уметност во Бенкстеон, предградие на Сиднеј, се одрж...

Историја

News image

Српска пропаганда во Македонија

Српската пропаганда е разгранет систем за ширење на српското национално чувство, култура, јазик, иде...

Иселеници

News image

Солунските атентари и нивната улога за ослободување на Македонија (5)

По 29 април 1903 година друг еден настан ја возбудил Макед...

Култура и туризам

News image

Како се изнесуваше македонското културно наследство за време на Првата светска војна (1)

Научната експедиција во Македонија и Поморавија за време Првата светска војна е проект на началникот...

Фељтон

News image

Александар Македонски (2)

Сакаме да ги информираме читателите на „Македонска нација“ дека продолженијата „Алек...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.