Среда, 15 Ноември 2017   
Изминаа 113 години од крвавата зеленичка свадба

krvava-zelenicka-svadbaНа 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Меѓу жртвите се младоженецот, неговите пријатели, две деца, како и деецот на Македонската револуционерна организација Пандо Мечкаров, вкупно 13 лица. Оттогаш изминаа 113 години, но грчката геноцидна политика кон македонскиот народ не се изменила. И денес од македонскиот народ се бара промена на име, идентитет, историја...!?

Појавата на грчките чети во Македонија датира од пред Илинденското востание во 1903 година, но не со таква систематичност како во постилинденскиот период. Под непосредно раководство на грчката влада, биле здружени усилбите на дипломатијата, црквата, просветата и оружјето. Во овој период грчката вооружена акција, богато финансирана од средствата на државниот буџет, се одликувала со масовност и настапувала со особена жестина во јужните делови на Македонија. 

Целта на Атина била да се наложи грчката доминација во Македонија. Вооружената интервенција, насочена кон Македонската револуционерна организација, произлегувала од познатата Мегали идеја, која предвидувала проширување на грчката држава кон територии во кои немало грчко население или доколку го имало, тоа било во минимални бројки. По островот Крит, Тесалија и Епир, територијални аспирации на грчката држава биле насочени кон Македонија.

Германос Каравангелис (1866 – 1935) кој е патријаршиски митрополит во Костур (1900–1907), бил особено активен во борбата против Македонската револуционерна организација. Одржувал блиски врски со османлиските власти и бил еден од организаторите на првите грчки чети за оружено дејствување во Македонија.

Од 1904 до 1908 година, користејќи ги добрите односи на Грција со Турција, црковно-просветната пропаганда се надополнува со уште поинтензивно испраќање вооружени чети што вршеле пустош по македонските села, принудувајќи го населението што ја напуштило Грчката црква пак да се врати под нејзина власт и да се декларира како грчко.

Наидувајќи на отпор кај македонско христијанско населението, како и на четите на Македонската револуционерна организација, грчката вооружена прпаганда добива геноциден карактер кон дел од етничкото македонско население. Имено секој кој не сакал да биде припадник на грчката патријаршија, односно не се декларира како Грк, бил цел на тортура и подложен на етничко чистење без разлика дали е тоа Македонец, Влав или Албанец.

Вусшност, Грција настојувала со помошта на оружјето да ги врати Македонците во рамките на Патријаршијата, со што ќе се покажел грчкиот карактер на Македонија. За да се вратат сите оние кои пристапиле кон Егзархијата, каде се изведувало богослужба на славјански јазик,  грчката вооружена пропаганда покрај измачувањата, теророт, вршела убиства врз оние кои не се декларираат како Грци - патријаршисти.

Првите поголеми напади на грчките вооружени чети врз Македонците, со крајен резултат – убиство на недолжно македонско население, се случиле уште во есента 1904 година. Тоа е добропознатиит напад на село Зеленич (Леринско) или попзнат како Крвава зеленичка свадба,

На 13 ноември 1904 година, во текот на свадбата која се оддржувале во леринското село Зеленич, грчките андарти убиле 13 Македонци. Како причина се наведува одмаздата за поразот на одредот на основачот на движењето андаертското движење Павлос Мелас, кој се самоубил опколен од турскиот аскер. Имено Грците се одлучиле за одмазда, сметајќи дека Македонците ги измамиле Турците, наведувајќе дека тоа била четата на Митре Влаот.


Предлогот за да се нападне на селото Зелениче бил од капетанот Евтимиос Каудис, а бил поддржан од заменик Георгиос Катехакис (капетан Рувас), кој имал одред од 60 лица со кои влегле во Македонија на 20 октомври 1904 година и се сместиле во селото Лехово. Од таму, на 13 ноември, се упатиле кон селото Зелениче, каде што жител на селото Суљо со турско потекло им ја покажал куќата каде се оддржувала свадбата, во која трговецот Стефан Гатев го женел својот син. На самата свадба присуствувале голем број роднини, пријатели и локални Турци.

Андартите нападнале вечерта во 22:30 и почнале да пукаат по сите луѓе во куќата. Во исто време, дел од четата пукале  по оние луѓе кои случајно успеале да избегаат надвор. Вечерта грчките андарти убиле 13 луѓе. Меѓу 13 – те жртви биле: 1. Стефан Готев - 44 години - татко на младоженецот; 2. Григор Готев - 19 години – младоженец; 3. Доси Стојнов - 38 години; 4. Владимир Стојнов - 13 години; 5. Михаил Пучов - 32 години; 6. Ламбро Стојков - 23 години; 7. Пандо Мечкаров - 35 години дееец на МРО; 8. Дори Алманов - 42 години; 9. Аргир Пандилов - Бабата - 45 години; 10. Марија Пандилова - 10 години; 11. Лазар Коставичин - 11 години;  12. Доста Лазова - 50 години и 13. Хусеин Абдулах Керим - 50 години

Елена Готева од Зелениче подоцна ќе раскажува: "Оваа свадба беше народна свадба. На свадбата немаше комити, ниту еден комита. Сите беа мирни селани. Во нашето село немаше ниту еден Грк. Имаше само пат гркомански куќи, кои добиваа пари од грчкиот епископ Германос Каравангелис од Костур. Грчките андарти не убиваа за да се уплашиме и да кажеме дека сме Грци...“

Во тоа време членот на Македонската револуционерна организација Георги Поп Христов бил во Екши Су и дознал за нападот врз селото Зелениче. Тој, заедно со други претставници на МРО, решиле да ги зајакнат селските милиции и им наредиле на сите села да бидат заштитени и да ги напаѓаат андартските чети ако ги видат.

Меѓутоа, бројот на грчките чети набрзо се зголемил, најмногу со наемници од Крит. Во текот на 1905 година, во Битолскиот вилает дејствувале од 800 до 1000 души, а нападите продолжиле да се зголемуваат во наредните години. Само во нападите на село Загоричани на 25 март 1905 год, како и за време на нападот на втората крвава свадба во село Неволјани во октомври 1905 год., биле убиени околу 110 Македонци. Потоа нападите се прошириле и во сите делови на јужна и централна Македонија, каде грчката вооружена пропаганда се однесувала се пожестоко и поагресивно кон мирното македонско селско население.

Односот на Грција кон македонското население никогаш не се променил. Со децении Македонците биле изложени од страна на Грција на закани, уцени, терор, протерувања и вршење на етнички геноцид, но никогаш не успеале да го скршат македонскиот народ.

Изминаа 113 години од крвавата свадба во леринското село Зеленич, а македонското прашање сеуште останува отворено. Како и во минатото, така и денес Атина бара македонскиот народ да го смени името, идентитет, историја... . Но дали мисли дека можат да се заборават имињата на жртвите на нивната геноцидна политика. Секако не! Се додека македонскиот народ не биде признат од Грците, тие вечно ќе бидат втиснати во нивната меморија без разлика колку и да се менуваат историските учебници, без разлика колку и да се уништуваат македонските споменици под диктат на актуелната политика.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Спскиот патријарх Иринеј му се заканува на Бугарскиот патријарх Неофит

Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со божја помош ќе и помогнеме на црквата

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.