Среда, 27 Декември 2017   
Името Македонија не може да подразбира територијална претензија

Za-zaednicka-Makedonija

Покрај заклучокот на Бадингтеровата комисија и пресудата на Меѓународниот суд на правдата зачудува односот на ЕУ и НАТО, кои не ги почитуваат одлуките на телата кои самите ги создале или пак во кои партиципираат, а со тоа го прекршуваат меѓународното право само заради својата членка Грција.

Арбитражната комисија на Мировната конференција за Југославија или уште позната како Бадинтерова комисија, според нејзиниот претседател, францускиот адвокат Роберт Бадинтер, беше формирана од страна на Советот на министри на Европската економска заеница на 27 август 1991 година. Нејзината задача беше да ги решат некои спорни прашања и да придонесат за мирно решение на кризата во поранешна Југославија.

Роберт Бадинтер како претседател на петтчлената арбитражната комисија кои се претседатели на уставните судови од државите членки на ЕЕЗ (претседател на Уставниот суд на Франција Роберт Бадинтер, претседател на Сојузниот уставен суд на Германија Роман Херцог, претседател на Уставниот суд на Италија Алдо Коросанити, претседател на Уставниот суд на Шпанија Франциско Томас Валенте и претседателот на Уставниот суд на Шпанија ), од ноември 1991 до јануар 1993 година издаде петнаесет правни мислиња.

Во заклучоците на Бадинтеровата комисија се вели дека од сите поранешни југословенски републики единствено Словенија и Македонија ги исполнуваат поставените услови и критериуми.

Во мислењето на Арбитражната комисија од 11 јануари 1992 год., меѓудругото стои: дека Република Македонија ги исполнува барањата во Насоките за признавање на новите држави од Источна Европа..; дека Република Македонија, .. ги отфрла сите територијални претензии.. дека користењето на името Македонија не може во себе да подразбере каква било територијална претензија спрема друга држава; и дека Република Македонија формално се обврзува, во согласност со меѓународното право, да се воздржи како генерално, така и врз основа на член 49 на својот Устав посебно, од каква било непријателсака пропаганда против која било друга држава...“

Значи Комисијата формирана од државите членки на ЕЕЗ недвосмислено во 1992 година се изјасни дека употребата на името Македонија неможе да подразбира територијачни претензии кон други држави. По речиси две децении, пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг

во 2011 година индиректно потврдува дека името Македонија неможе да биде закана за територијалниот интегритет на Грција. Односно со оваа пресуда беше побиена тезата на Грција која упорно повеќе од две децении ја пласира дека Скопје има територијални претензии.

Меѓународниот суд за правда е главен судски орган на Обединетите Нации, со седиште во Хаг, Холандија. Основан е во 1946 година според одредбите на Повелбата на ОН, а започнал со работа во 1946 год., како наследник на Постојаниот суд за меѓународно право. Токму овој суд, според меѓународното право пресудува дека Грција го прекршила членот 11, став еден од Виенската спогодба, со кој таа се обврзува да не се противи на приемот на Македонија во меѓународните организации под привремената референца. За гласале 15 судии, а 1 бил против.

Меѓутоа, и покрај заклучокот на Бадингтеровата комисија и пресудата на Меѓународниот суд на правдата зачудува односот на ЕУ и НАТО, кои не ги почитуваат одлуките на телата кои самите ги создале или пак во кои партиципираат, а со тоа го прекршуваат меѓународното право само заради својата членка Грција.

Со ваквиот однос Грција не само што го руши кредибилитетот на ЕУ и НАТО, туку директно го загрозува прогресот и иднината на народот во Македонија, што пак лесно може да предизвика искра со несогледиви последици за регионот и пошироко. А Грција постојано игра на картата дека спорот околу името со Македонија е меѓународен безбедносен проблем и постојано го злоупотребува правото за одлучување со конзенсус за влез на земјата во ЕУ и НАТО.

Повеќе од две децении народот во Македонија, се однесува попустливо кон безобразието на безобзирниот јужен сосед. Меѓутоа, изгледа дека тоа нема крај, а секогаш постои праг на толеранција. Македонците, можеби се малку на број, но духовно се голем и горд народ. Тие неможат да си дозволат постојано некој да се мајтапи со нив, потоа да се гази врз нивното достоинство, да се негира нивното основно човеково право на сопствено име и идентитет и да се попречува нивниот просперитет.

Неодамна Македонија повторно се соочи со грчка блокада во Европскиот совет иако по петти пат по ред Европскиот парламент и Европската комисија дадоа препорака за отпочување на преговори за членство во Унијата. Повторно јужниот сосед ја уценуваше Македонија со името и идентитетот на македонските граѓани.

Досега во духот на добрососедството на Грција и беше оставено доволно време да ги исполни очекувањата на македонскиот народ и да ги испочитува одлуките на телата на меѓународната заедница. Повеќе од две децении Македонија очекува од јужниот сосед да престане да се однесува неодговорно и да престане да го крши меѓународното право, да престане со уцени, блокади, притисоци и нови барања кои ги нарушуваат добрососедските односи. Сето ова беше нагласено и во годишното обраќање на претседателотот Ѓорѓи Иванов во Собранието на РМ.

Претседателот Иванов напомена дека: „Пропуштивме многу можности и изгубивме многу енергија обидувајќи се да излеземе од лавиринтот во кој бевме втурнати. Немаме намера на идните генерации во наследство да им оставиме ваков проблем. Проблем во кој се најдовме поради отсуство на волја за добрососедство кај дел од политичкото раководство на Атина.“ Затоа, како што вели шефот на државата: „Создадени се услови, вели претседателот,да се побара од генералниот секретар на Обединетите нации, во согласност со неговите надлежности, да поднесе извештај до Советот за безбедност на Обединетите нации за состојбата во која се наоѓаат разговорите што ги води медијаторот Нимиц.“

Македонија како држава неможе да се игнорира, ниту пак може македонскиот идентитет, иако одамна се обидувале да го избришат.

За разлика од Грција, Македонија има аргументи и бара само да се примени меѓународното право.

Бадинтеровата комисија и Меѓународниот суд на правдата ни го даваат правото да го најдеме своето природно место во Европа, место кое и припаѓа со милениуми и е запишано во Библијата.

Македонска нација

 

На прво место

News image

Спскиот патријарх Иринеј му се заканува на Бугарскиот патријарх Неофит

Неофит: Ги сакаме браќата Македонци, со божја помош ќе и помогнеме на црквата

Историја

News image

Македонија не им припаѓа на соседите, таа им припаѓа на Македонците!

„Ние се обрнуваме до сите Македонци, без разлика на вера и раса, и ги колнеме да ги заборават своите...

Иселеници

News image

Маноил (Мане) Јаковлески – чувар на македонската вистина

Името и делото на Маноил (Мане) Јаковлески е особено позна...

Култура и туризам

News image

Во непосредна близина на Неготино врз темели на постара црква изграден е манастирот Св. Ѓорѓи

Во непосредна близина на Неготино источно од градот врз темели на постара црква изграден е манастиро...

Фељтон

News image

Александар Македонски (40)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите и во наредните продолженија ќе се обидеме...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.