Среда, 27 Декември 2017   
Турција бара ревизија на Мировниот договор од Букурешт 1913

Turcija-bara-revizija-na-mirovniot--dogovor„Неможно е на тој начин да се реши македонското прашање, зошто Македонија чини една целина, која ги опфаќа Солун, Битола и Велес. Само автономија на Македонија може да направи да исчезне македонското прашањe“ – пишува турскиот печат на 20 декември 1913 г.

Белградска „Политика“ од 21 декември 1913 година, која внимателно ги следи настаните во Цариград, како и пишувањето во турскиот печат, со изненадување го проследува написот во турскиот весник од 20 декември 1913 година, во кој се бара ревизија на Мировниот договор во Букурешт од 10 август 1913 година.

Осврнувајќи се на „Турското резонирање“, кое го става како главен наслов на веста, белградскиот весник во поднасловот зачудено констатира дека „Сега и Турција бара автономија за Македонија“ и пишува:

„Тасвир и Еф сијар“ е изненаден со идејата на еден руски весник дека треба да се обнови „Балканскиот Сојуз“ и во исто време да и се дадат компензации на Бугарија. Неможно е, вели тој весник, на тој начин да се реши македонското прашање, зошто Македонија чини една целина, која ги опфаќа Солун, Битола и Велес. Само автономија на Македонија може да направи да исчезне македонското прашање. Обновувањето на Балканскиот сојуз може да е само желба на Русија, меѓутоа таа е далеку од желба до остварување“.

По Букурешкиот мировен договор во 1913 година, со кој е санкционирана поделбата на Македонија меѓу Србија, Грција, Бугарија, постојат повеќе обиди за негова ревизија. Веднаш по потпишувањето на Договорот, односно на 11 август, Австро-Унгарија, Русија и Бугарија барале ревизија на договорот, со оглед на бројните неправилности, недоречености и нелогичности во поделбата на териториите и во донесувањето на одлуките.

Набргу, уште во август истата година, Русија ги отфрла намерите за барање на ревизија на Договорот за мир. Единствени кои продолжиле во своите настојувања биле Австро-Унгарија и Бугарија: Меѓутоа, на нивните барања остро им се спротивставила Франција.

Барањето на Турција за ревизија на Мировниот договор од Букурешт било елегантно отфрлено.

Според белградска „Политика“ од 23.12.1913 година, тогашниот премиер на Романија Тито Мајореску, бранејќи ја политиката која ја води неговата влада, во говорот во парламентот дава одговор како е избегнато турското барање за ревизија. Белградскиот весник пренесувајќи дел од дискусијата во романскиот парламент во текстот „Мајореску се брани“ пишува:

„Во дискусијата, министерот претседател Мајореску, одговарајќи на критиката на говорниците, го истакна единственото гледиште во владата и неприкинатата соработка во водењето на надворешната политика...

...Не е точно дека политиката на Романија зависела од Австро – Унгарија. За доказ на тоа го наведе телеграмот на Мишоуса со барање да се бранат единствено романските интереси, не осврнувајќи се на било која сила.

Се бараше да бидеме со Србија, а против Бугарија. Во септември дознавме дека постои српско-бугарски сојуз, вперен и против Романија и против Австрија. Имавме значи истоветни интереси со Австрија и работевме паралелно. Не е точно дека Австрија не се покажала пријателски према Романија и дека работела во интерес на Бугарија. Напротив Бертхолд ја советуваше Бугарија да се договори со нас. Австрија дури се изјасни за Романија, кога требаа да се одлучат меѓу Романија и Бугарија.

Мајорески ги критикува нападите против Австрија на еден дел од печатот, која владата посебно го осудувала. (Тој) објаснува дека било природно Австрија да биде за реализација на Букурешкиот договор, исто како и Русија. Греј исто така изјави дека силите имаат право да го испитаат Букурешкиот Мир, ако тој допира во територијата на европска Турција. Зошто тоа е од европски интерес. Требаше, значи, да се избегне мешањето на турската територија во Букурешкиот Мир.

Романија, значи, го одби барањето на Турција во букурешката дебата, бидејќи таа се однесувала само на територијалните промени меѓу христијанските држави, а не и во нивниот однос према Турција. На тој начин ревизијата беше отстранета...“

Мировниот договор од Букурешт од 10 август 1913 година бил потпишан меѓу завојуваните страни во Втората балканска војна: Србија, Црна Гора, Грција и Романија како победници од една страна и Бугарија како поразена од друга страна. Со овој договор Бугарија била принудена на отстапки. Меѓутоа, овој договор претставува единствен меѓународен договор што не го потпишале сите големи сили и Договор во кој не се зеле барањата на Македонците.

Сто години потоа македонското прашање се` уште го бранува светот. Грчките блокади за евроатланска интеграција на Македонија, ја отсликува сета апсурдност на Мировниот договор од Букурешт во 1913 година, зошто како што се вели: „Неможно е на тој начин да се реши македонското прашање, зошто Македонија чини една целина, која ги опфаќа Солун, Битола и Велес. Само автономија на Македонија може да направи да исчезне македонското прашање“.

Turcija-bara-revizija-na-mirovniot--dogovor-22

Македонска нација- Досие Политика

 

На прво место

News image

Во Европа државата се бори против криминалот, само во Македонија криминалот и криминалците се држава

Протест на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани: „Мора да ги избркаме од Владата криминалците ако сакаме во Евро...

Историја

News image

Во есента на 1943 година се формира Иницијативен одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ

Воените и политичките успеси во 1943 година го забрзаа развитокот на органите на народната власт, та...

Иселеници

News image

НОВ ПАТ КОН АФИРМАЦИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ЛИТЕРАТУРА

“МОЈАТА ОМИЛЕНА ПРИКАЗНА” И ОД “БУКВА ДО БУКВА АЗБУКА” Н...

Култура и туризам

News image

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20)

Манастирот „Св. Мала Богородица“ во Сливница – Преспа (20) МОЛИТВЕНИ ТЕКСТОВИ – МОЛИТВА КОН СВЕТА...

Фељтон

News image

Александар Македонски (61)

Александар Македонски (61) КОВАНИТЕ ПАРИ НА АЛЕКСАНДАР ВО АНТИЧКАТА МАКЕДОНСКА ИМПЕ...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.