Среда, 07 Март 2018   
Грчката вооружена пропаганда во Македонија – смртта на Павлос Мелас

Pavlos MelasМелас постојано го прогонуваше сликата од тесалиската војна (грчко-турската војна од 1897 година) кога грчките војници командувани од престолонаследникот безгалво бегаа пред турските војници. На 16 април 1897 година, тогаш младиот артилериски подпоручник меѓудругото и напишал на својата жена: "Никој не помисли на жртвување во борбата. Но, што да мислам? 3.200 луѓе удриле да бегаат кога слушнале дека Турците доаѓаат". – пишува Христо Силјанов за грчката храброст и првата официјална андартска мисија во Македонија предводена од Павлос Мелас.

Следејќи го патот, акциите и резултатите на четата предводена од Малес, по Илинденското востание, Силјанов врз основа на документите и писмата кои се објавени од тој период во своето дело „Ослободителните борби на Македонија“ за судирите со четите на Македонската револуционерна организација, за храброста на грчките андарти и за смртта на Мелас пишува:

„По случувањата во Неред, Мелас се повлече на повеќедневен одмор во Елеово. На 8-ми август, тој таму го дочека потерџијата Караливанос, кој пристигнал од граница со 40 луѓе. Некои од нив продолжиле за Воденско, а самиот Караливанос му се придружил на Мелас. Зголемувајќи ја својата чета на 60 души, на 10 октомври Мелас дојде до Неред за да ги казни познатите  (македонски – н.з) "негативци". Тука неговите шпиони му соопштија дека во селото има чета на (Македонската револуционерна организација – н.з.). Нивните информации беа точни: во Неред имаа средба Никола Мокренски – војвода на мала чета, со окружниот ревизор Георги п. Христов. Мелас веднаш ја обиколил куќата на комитите и отворил оган. Иако нападнати ненадејно за време на спиењето, четниците наскоро се опоравиле и неколку часа ги држеле андартите на почетното растојание од нивната куќа.

Во биографијата на Мелас, оваа прва, толку долгоочекувана средба со вистинските комити беше дадена премногу кратко и суво: "Куќата им беше здрава, а од внатре, како и други куќи пукаа комитите. Кога некои од нашите посакаа да ја подпалат куќата, Павлос не го дозволи, бидејќи од внатре се слушаат гласови на жени и деца. Гледајќи дека ништо не е постигнато, Мелас по два часа нареди да се дигне опсадата пред зората, за да не ги стигне војската. Потоа додека комитите скриени низ разни места во селото пукаа по нив зедоа да се качуваат лека-полека по планината." Вистинат е дека андартите се обиделе да ја потпалат куќата, но биле одбиени од фрлена бомба која експлодирала и повредила еден од нив. Така е предаден фактот од Г. п.  Христов, кој исто ја опишал битката и од С. Раптис, од кого дознавме дека ранетиот андарт е Скалидис. Ефектот на бомбата беше таков да андартите набрзо го исчистија селото.“

Авторот за овој настан ни дава повеќе извори меѓу кои и онаа на С.Раптис, кој по обичај цел херојски расказ, според кој на крајот ма краиштата комитите избегале и кога андартите влегле во куќата, пронајдоа тројца убиени во едната, двајца убиени и еден смртно повреден – во другата,  и двајца убиени – во третата... Меѓутоа, во тоа време било многу тешко да се крене борбениот дух на луѓето кои дошле од Грците и војувале на туѓа македонска територија, каде немале поддршка од населението и која е основната причина поради кој Мелас загинал, а за што говори Силјанов во продолжение на своето дело:

„По дводневниот одмор, Малас одлучи да оди во Корешта за да се состане со Кадуис. Последниот изгледа не бил премногу добро расположен за "началникот на сите чети во Костурско и Битолско", бидејќи, иако повикуван многу пати на средби, не "само што не отишол, туку и не го удостоил дури ни со одговор својот началник. "Тоа е тажно, - пишува Мелас...". Не беа особено добри ни работите во самата чета на Мелас. Инаку, не може да се објасни зошто началникот, решен да отиде да го бара Каудис, ги повикал сите свои луѓе и ги прашал еден по еден, дали сакаат да го придружуваат до Шестово. Како што кажува неговиот неразделен другар Пирзас, едни одговориле дека не можат, бидејќи биле болни, други-зашто биле ко скинати опинци, и др. Болните Мелас ги испратил во Белкамен и со 35 лица заминал кон Статица.

Во Статица Мелас го најде својот гроб. Грчките описи на битката во која загина Мелас, не се исти во деталите едни со други. Осум години подоцна, за време на Балканската војна, кога заедно со В. Чекаларов и Ив. Попов, на чело на мал доброволен одред бевме во Статица, јас ја посетив куќата каде што се одржа битката и плевната каде починал Мелас. Еве што ни кажаа тогаш неколку статичани, очевидци на настанот:

"Четата на Мелас дошла во Статица и селаните требаа да ја сместат во куќа. Неколку истакнати Бугари, меѓу кои учителот и свештеникот од селото Прекопана, претходно биле убиени од луѓето на Мелас. Статичани уверени дека и нивното село ќе се пролее (македонска – н.з) крв со цел да стане патријаршиско, се собрале и се договориле, на било кој начин, да се спречи опасноста. Знаејќи добро дека Турците и андартите се сојузници, тие прибегнали на таква итрост: го натерале кметот да соопшти со писмо до аскерот во соседното село Кономлади, дека во овие куќи на селото била сместена четата на војводата Митре Влаот. Соопштението веднаш беше испратено телеграфски во Костур и Лерин, и од сите страни тргна кон Статица војска, доволна за да успее најпосле да го ликвидира прочуениот ... баш-комита. Селото било блокирано и започнале бесни напади. Залудно опколените викаа на цел глас дека не се комити, даваа разни сигнали со свирки и ги фрлаа пушки од прозорците. Аскерот, во својот занес, не престанувал да пука. Осум андарти се предадоа. Дури тогаш станало јасно дека дошло до недоразбирање. Но било веќе доцна: предводникот Мелас, смртно ранет, се обидел, во екот на турските напади, да избега низ вратата, но одвај успеал да се протне до една соседна плевна, каде и починал. Неговите другари му ја исекоа и му ја однеле главата. Потоа дојдоа Грци од Костур и обезглавениот труп го пренесоа во градот".

Ова е рамката на настанот. Но, во овоа рамка се вградени во грчките описи со такви безполезни нешта, што го отежнува утврдувањето на голата вистина. Стаматос Раптис и тука држи првенство по фантастични измислици: театарски амбиент и фалби за грчкиот хероизам. И тој е во спротивност не само со кажувањата на Пирзас кој ги слушнал предсмртните зборови на својот началник и ја прибрал чантата со документите, туку и со кажувањата на заробениот андарт во Статица Боланис, дадени во неговата "историја". Ст. Раптис не го пропушти и овој случај, за да го  наклевети сиромашниот Митре Влаот: војводате се криел во Статица и, штом дознал за доаѓањето на "одмазниците", "подло избегал" и откако се оддалечил на сигурно место, испратил до воениот комендант во Костур писмо во кое го известува дека се наоѓа во Статица и го поканил со многу навредливи изрази, на битка. Како што веќе рековме погоре, итроста со писмото до војничкиот командант во Кономлади е измислена од самите селани и тоа премногу оправдано. Зашто, како што сам Раптис тврди турските офицери кои командувале со војската во Статица, биле многу нажалени кога увиделе дека "наместо омразениот Митре Влаот, со кого мислеле дека се борат, го убиле ... Микис Зезас (псевдоним на Мелас). . . ". Сцените, разиграни околу куќата во која бил смесетен Мелас, се предадени кај Раптис под наслов: "Убиство на полубог и заробување на лавот". "Полубог" е Мелас, а "лав" - Боланис. Изложувањето на заробениот "лав", напишано подоцна во затворот, содржи премногу разобличување за нечесниот андартскиот хероизам и побивање многу од измислиците на самиот Раптис. Еве како Боланис ги пренесува најважните моменти на настанот:

Во Статица четата пристигнала на 12 октомври ноќта, откако патувале 8 часа под пороен дожд. Со помош на некој си Дине (Динас), комита на Каудис, кој случајно се најде во Статица, четата била сместува во шест куќи. Боланис со осум лица бил сместен во една куќа, која беше на растојание од 30 метри спротив куќата каде беше сместен Мелас - и двете близу до патот што минува низ селото. "Статица се состои од 80 семејства, речиси сите (македонски – н.з), со исклучок на неколку грчки и тоа сомнителни". Во куќите андартите го поминаа остатокот од ноќта и целиот утрешен ден: "Излегувањето беше опасно. За да не бидеме забележани од селаните и бидејќи врнеше, чекавме да се стемни за да заминеме". Околу четири часот, по патот од Кономлади, пристигнаа околу 120 војници. Боланис и неговите другари се подготвиле да излезат, но во истиот миг им било наредено од началникот да се сокријат. Војската отишла кон центарот на селото, но потоа се повратила и се помачила да ја отворат вратата на куќата каде бил сместен Боланис, најпрво со кундаците на пушките, а потоа и со секири.

"Преку цело ова време ние не прибегнавме кон никаква напаѓачка акција, бидејќи имавме од началникот усна наредба да не пукаме против војската и, дури и кога сме принудени - да пукаме во воздух. И, кога видовме дека војниците успеаја да ја искорнат делумно вратата и дека можеа да влезат внатре и да не заробат живи, пукавме во воздух. Тогаш војниците ја оставија вратата, зедоа од спротива удобни позиции и отворија силен оган. За цело тоа време во останатиот дел на селото беше мирно и ништо не се случуваше по другите куќи. Кога се стемни, нашиот началник испрати по другите куќи наредби што да се прави, но курирот не најде никого, зашто тие, обземени од паника, се беа распрснале во блиската шума. Кога Мелас слушна дека е така мизерно оставен од своите другари, одлучи со малкуте луѓе да ни помогне и им нареди да излезат. И тука, тој се покажа несреќен, бидејќи ниту еден од опкружените не се осмели да излезе. Вознемирен, тој излезе тогаш сам во насока кон нашата куќа стрелајќи накај Турците. За несреќа, Турците го забележаа грмнаа и го ранија, и тој беше принуден да се врати во куќата кај своите луѓе; кои и потоа не покажаа никаква смелост. Измачуван од болките на раната, началникот, слично на старите арматолози (Сердари) ги замоли да му ја отсечат главата, за да не падне жив во рацете на Турците, но тие и тоа не го направија и - како сами тврдат - Мелас извршил самоубиство со својот пиштол.

После херојската смрт на нашиот началник, петмината негови другари, потпомогнати од настапената густа темнина, излегоа преоблечени, еден по еден, од куќата оставајќи го тело на началникот. Утредента изутрината Турците не направија претрес, за да го откриат телото, зашто не беа разбрале што се случило.

Додека се случуваше сето ова, продолживме да пукаме, очекувајќи секој миг помош од надвор, но залудно. И така, помина ноќта без никој да се јави. Утредента, гледајќи дека ни снемува патрони и дека помош не доаѓа, дека војниците се подготвени да не изгорат или да ни фрлат со динамит во воздухот, не знаејќи, од друга страна, за херојската смрт на началникот - зашто, дури и да ги слушнавме грмежите, не можевме да знаеме што се случило - и мислејќи дека сме напуштени и измамени од него, решивме да се предадеме. Се предадовме и истиот ден нè доведоа до затворот во Костур. Од затворот напишавме писмо на г. Политис во кое се пожаливме дека претпоставениот не напуштил. Но, кога на деветтиот ден од нашето затварање властите ни го покажаа обезглавениот и обезличен труп на нашиот началник, тогаш ја разбравме својата заблудат".

Тоа е цел обвинителен акт против раководните лица од четата на Мелас - капетаните Караливанос, Пулакос, Качамакос и Ламбринос: кои обземени од паника ја фатиле шумата, тие веќе не ни помислиле за спасување на својот началник. Боланис не ги штедел ни самите другари на Мелас во куќата, кои не го следеа началникот кога тој им наредил да излезат и да им помогнат во соседната куќа. Како и да се објасни тоа држење на андартите и зошто не им се јави на турската војска -  виновен е самиот Мелас. Мелас постојано им велел на луѓето дека непријателот не е Турчинот, туку (Македонецот – н.з.) и дека против војската не треба да се пука, освен во крајна потреба и тоа - во воздух, убивајќи ја при тоа нивната волја за отпор. Ова не е лично разбирање на Мелас, туку принцип на андартската акција и директива на Атинскиот комитет на Македонија.

Мелас не само што ја применува строго оваа тактика, но и свесно се труди да создаде пријателството со Турците и дури да влезе во договор со нив против општиот непријател. Во тој поглед, тој можеби е најкорисниот меѓу андартските лидери. За време на своето краткотрајно андартствување тој успеал да создаде врски со месните влијателни Турци и да соработува со нив. Еве што пишува Мелас во делот од својот извештај до „Македонскиот комитет“ во Атина:

"На Феим, гавазин на Изем паша, кого господарот го испрати, за да ни честита и да ни  предаде тутун и ракија за момчињата и за мене, дадов две лири. Овој паша е Албанец, еден од најдобрите елинофили. Пред неколку дена влегов во контакт со него и тој ќе биде исклучително вреден за нашите активности. А гавазот Феим, од село Махала, е многу вреден и корисен; тој ги стави Албанците од Махаала на располагање. На овој паша, кој во секој случај поитивно влијае на елините во Лерин, добро би било да се даде некој орден што тој изгледа многу го сака".

Мелас се обидува да воспостави врски со официјалните турски власти за да стекне корист:

"За добро или за зло, јас пратив на Леринскиот кајмакам писмо, во кое му најавив дека мојата цел да ги казнувам (македонските – н.з) злосторници и да ги заштитувам нашите браќа од (македонските – н.з) орди; дека нема да закачувам со никого, дека ќе платам за сето, ќе ја уважувам турската влада и војската, пред која веднаш ќе се повлекувам, освен ако бидам заобиколен - во тој случај се разбира нема да се предадам. Како што разбрав, тоа писмо го налути господинот кајмакам, но, за среќа, уште не сум ги почувствувал последиците на неговиот гнев, освен несреќата кај Неред, која, како што се научив, е сосем случајна, бидејќи војската случајно минувала во тоа време таму. "

Овој човек, кој само се обидуваше да го наметне своето пријателство на Турците, почина во фатално недоразбирање од турски куршум. Целиот грчки свет се осети премногу лошо засегнат од овој каприц на судбината и избувна со невоздржани навреди против Турците. Заборавајќи дека Турците без да сакаат го убиле својот пријател Мелас, атинскиот весник "Есперини" (20. Х. 1904 година) ги напиша по повод овој случај следните хистерични редови:

"Нечесни и подли Турци, вие убивте еден грчки-херој кој не беше дошол да се бори против вас, туку да соработува со вас и да ви помогне во борбата ви против злосторниците и убијци (Македонци-н.з.). Таков еден херој требаше да предизвика во вас почит и восхит, вие требаше да го поддржувате наместо да го убие. Бидејќи Павлос Мелас никогаш не размислувал дека ќе биде убиен од вас, подли кучиња, беше безгрижен. Инаку, тој би зел други мерки и не би паднал така лесно пред да ја постели земјата со безброј трупови на валканите тур... "

Од ово дел на делото на Силјанов, покрај смртта на Мелас, се гледа колкава била храброста на грчките андарти кои за пари влегоа во Македонија и вршеа терор врз македонското население.

(продолжува)

Подготвил Т. Каранфилов

 

На прво место

News image

Македонската Дијаспора остро го осудува договорот Заев -Ципрас

Во просториите на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ одржавме координативен состанок на претседателите н...

Историја

News image

До 1860 година не само овде во Србија туку и меЃу самите Бугари не било познато дека во Македонија има Словени!

“...До 1860 година не само овде во Србија туку и меѓу самите Бугари не било познато дека во Македони...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Брајчинските иселенички средби

Се одржаа 23-те „Брајчинските иселенички средби“

Фељтон

News image

Александар Македонски (45)

Александар Македонски штотуку го освои Источен Иран, пред да го започне големиот пох...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.