Среда, 14 Март 2018   
Македонски племиња повеќе од два века владееле со Пелопонез!

Velestino1897

Велестино е град во Тесалија, Грција,  и се наоѓа на местото на античкиот град Фере. Од 3.270 души, околу 75% на денешното население се Власи. Тука се откриени познатите бронзени фигури од Велестино од 6-7 век со типични славјански мотиви и пагански божества. Тие му припаѓаат на јужнославјанското племе Велегезити, од кого потекнува и самото име на местото.

Фигурите од Велестино окриени околу почетокот на 1920 година претставуваат збир од околу 21 бронзена фигури од 4-14 см., и се поврзани со домашните и религиозните карактеристики на македонските Славјани. Првите неколку примероци на фигурите од Велестино се купени од антикварница во Атина ги објавува и коментира Јоаким Вернер (J. Werner) во 1952 година. Повеќето денес се чуваат во музејот на Принстон (САД), но има и во колекцијата на Британскиот музеј стекнато преку аукција на "Сотби" во 1989 година.

Јоаким Вернер фигурите ги датира во VII век и смета дека фигурите му припаѓаат на културата на македонското слајанско племе Велегезити, населено во Тесалија во 6-7 век!? Мислењето на Ј Вернер го поддржуваат Н. Чаусидис и рускиот археолог В. В. Седов. Истражувачите од Британскиот музеј, покрај славјанскиот карактер, не го исклучуваат влијанието на византиските мајстори. Практично сите истражувачи истакнуваат дека фигурини од Велестино го илустрираат влијанието на локалното, балканско (македонско) население.

Велегезити (Βελεγεξηαι) го населувале југоисточниот дел на Тесалија, околу градовите Теба и Деметријада, кај денешниот Волоски Залив. Се споменуваат како дел од големиот племенски сојуз (614-615) создаден под водство на кнезот Хацон. Во 616 година неуспешно го нападнале градот Солун заедно со останатите македонски славјански племиња. Во VII век бил формиран племенски сојуз на чело со рексот Пребонд. По неговото убиство, во 674 година славјанските племиња го опколиле Солун, но Велегезитите не се приклучиле кон обединетите македонски племиња, бидејќи одржувале мирни односи со солунчаните. За Велегезитите сведочат бројни славјански топоними. Нивната склавинија била наречена Велзитија или Велегезитија.

Еден од водачите на племето кон крајот на 7 век бил личност по име Тихомир, чие име е пронајдено на артефакти од истиот период. Подоцна во 799 г. архонтот Акамир учествувал во организирањето заговор против императорката Ирина. Најверојатно Акамир бил самостоен владетел на Велзитија, која во тој момент била под сизеренството на императорот, на прагот на државно обединување. Религиозните згради од 8 век во Тесалија се поврзани со христијанизација на племето, по кампањите на византискиот цар Никифор I против Славјаните во областа.

Овие кратки црти за Велегезитите, нивните артефакти и славјанските топоними покажуваат дека во Тесалија долго време беше доминантен славјанскиот елемент. Според Монемвасиската хроника, Пелопонез бил под власта на Славјаните повеќе од два века (од 586—805 г.). Уште во 13-тиот век Латините војувале против славјанските племиња Езерјаните и Милингите (Мијаците) на Пелопонез. Тесалија несомнено била населена исто така густо со Славјани. Постарите истажувачи (Л. Нидерле, М. Дринов и др.) претпоставувале дека Велегезитите се племе идентично со подоцнежните Брсјаци (забележани во 11. век).

И покрај обидите на Византија за асимилација на славјанското население, нивно преселување, тие преживеале и зад нив останале славјанските топиними. Така е и со местото Велестино каде се одиграла битката ,еѓу Грците и Турците во 1897 година.

По формирањето на современата грчка држава во 1830 година, Тесалија станала дел од Грција дури во 1881 година, по Константинополската конвенција, со исклучок на областа околу градот Аласонија, која останала во рацете на Отоманската империја до 1912 година. Договорот од Цариград (1897), Грција беше принудена да отстапи од помалите гранични области и да плати тешки репарации.

Битката кај Велестино била клучна  во Грчко-турската војна од 1897 година, исто така позната како Триесетдневна војна или Првата грчко-турска војна. Причината за избувнувањето на војната беше статусот на островот Крит, кој по востанието во 1860 година сè уште беше под османлиска власт. Во 1890 година избија крвави конфликти меѓу локалните грчки православци од една страна, и Турците и локалните муслимани, од друга страна. Грчката влада на премиерот Теодорос Делигијанис, под жесток притисок на јавноста,  на 25 јануари 1897 година испрати контингент на грчката армија за да им помогне на локалните Грци.

Првите судири на грчките и турските редовни сили на Крит започнаа на 7 февруари. Меѓутоа, повод за започнувањето на војната на копно е навлегувањето на четите на Етники етерија на османска територија, кои навлегле во согласност и содејство на грчката влада. Тоа се први обиди за навлегување на грчката армија на територијата на Македонија, зад која стои тајната организација Етники етерија. Всушност по летото 1896 година кога Етерија ја организира својата прва вооружена акција, позната како Андартска правокација, изведена со цел на Европа да и се докаже дека Грците имаат свои права и интереси во Македонија, дејствувањето на грчката армија во правец на Македонија требаше да ја оствари идејата на Етники етерија за создавање на Голема Грција.  

Четите на Етники етерија во 1897 година, на почетокот успеале да напредуваат, но при средбата со редовната турска армија биле принудени да се повлечат. Таквите судири кои започнале на 16 април постепено се претвориле во воени дејствија, по што Атина официјални ја објави војната 18 април. Грчката армија била поделена на два дела, во Тесалија под команда на грчкиот престолонаследник Константин и Епир под команда на генералот Манос. Освен редовната армија во воените дејствија, четите на Етники етерија учествувале со околу 6.000 души, а имало и доброволци од странство околу 3.000 Гарибалдинци, Англичани и Французи.

Меѓутоа, грчката армија не била подготвена за оваа војна и Грција била поразена по што бил потпишан мировен договор на 4 декември 1897 година. По неуспешната војна новиот грчки премиер Теотокис ја растурил Етники етерија. Со мировниот договор Грција и предаде на Турција дел од територијата на северна Тесалија и обврски за исплата на воени репарации. Големите сили, обидувајќи се да обезбедат мир, наметнаа контрола врз грчките финансии во за да обезбедат редовно плаќање. Од друга страна, во Истанбул, на 4 декември 1897 година склучен е друг договор меѓу Грција и Турција со кој Крит стана автономен ентитет во рамките на формалното спроведување на Отоманската империја.

Иако целите на војната беа делумно исполнети, војната во Грција се сметала за тежок понижувачки пораз со кој се спречи или одложи остварувањето на Мегали идејата, односно создавање на голема Грција. Тогаш младиот артилериски поручник Павлос Мелас, член на Етники Етерија, постојано прогонуван од сликата на тесалиската војна во која грчките војници командувани од престолонаследникот безглаво бегаа пред турските војници, на 16 април 1897 година, меѓудругото и напишал на својата жена: "Никој не помисли на жртвување во борбата. Но, што да мислам? 3.200 луѓе удриле да бегаат кога слушнале дека Турците доаѓаат". Битката кај славјанското место Велестино бил клучен за поразот на грчката армија.

Мора да се напомене дека Етники етерија е формирана по создавањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Согледувајќи ги последиците од создавањето на ТМОРО на територијата на Македонија, која ја загрозуваше идејата за создавање на Голема Грција, во август 1894 година грчките офицери најпрво ја формирале воената лига, која на 12 ноември 1894 година се трансформирала во Етники етерија.  Раководното тело на Етники етерија понекогаш било нарекувана како Невидливата власт, која раководела од сенка и првично била над кралот и легалната  власт, а нејзината цел била освојување на Македонија поради што дипломатскте преставници во Атина ја нарекуваат Македонски комитет. Тоа што не им успеа во 1897 година, Грција го надополнила во Балканските војни во 1912 – 1913 година, по што започна да брише се што носи славјанско име или писмо, а преземањето на македонското име беше само дел од стратегијата која трае до денес да се присвои македонската територија, историја и култура и истата да се прикаже единствено како дел од грчкото културно наследство.

 

На прво место

News image

Македонија е вечна, а власта не е!

Македонија е вечна, а власта не е! Народот ќе ви врати на следните претседателски избори

Историја

News image

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПСКО

МАКЕДОНСКОТО СОНЦЕ И КРАЛОТ ДЕМЕТРИЈ НА БРОНЗЕНИ ШТИТОВИ ОД „СТАРО БОНЧЕ“, КАЈ СЕЛОТО БОНЧЕ, ПРИЛЕПС...

Култура и туризам

News image

ВРЕМЕ Е

Чедомир Б.Шопкиќ

Фељтон

News image

Александар Македонски (62)

ИЗГРАДБА НА БРОЈНИ ЗНАЧАЈНИ ХРАМОВИ ПОСВЕТЕНИ НА АНТИЧКОТО ВРЕМЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.