Среда, 25 Април 2018   
Вистината за создавањето на грчката држава (2. дел)

makedonska-nacija-logo

Македонска нација

По убиството на првиот претседател на новата грчка држава Јоанис Каподистриа во септември 1831 година, Грција ја зафати нов бран на граѓански војни. Набрзо потоа на големите сили им стана јасно дека сите напори да се создаде грчка држава останаа само желби. Излезе на виделина дека Грците не се кадри да раководат со државата и воопшто да имаат држава. Поради тоа трите заинтересирани  големи сили Британија, Франција и Русија, со чија помош беше извојувана грчката независност, одржаа конференција во Лондон во мај 1932 година, на која без консултација со Грците, било одлучено да се формира Кралството Грција.

Како секретар за надворешни работи на Британија, Виконт Палмерстон беше длабоко заинтересиран за иднината на Грција, па трите сили му го понудиле престолот на баварскиот принц Отон Фридрих Лудвиг, син на баварскиот крал Лудвиг I и принцезата Тереза Сакс-Хилдбургхаузен. Кога бил избран за крал на Грција, Отон бил на 17 години, поради што според Лондонскиот договор, со земјата требало да управува регентство, назначено од неговиот татко.

Како еден од основните услови за избирањето на Отон за крал на Грција, пред баварскиот крал било престанување на граѓанската војна и воените дејствија врз Отоманската Империја. За таа цел тој требал да го обедини поделеното грчко општество.

Во документарниот филм за создавање на современата грчка држава, во кој се изнесени вистинските историски процеси, а кои ги шокираа Грците според пишувањето на Сотир Гроздановски, за воведувањето на грчката монархија се вели:

„Во 1832 година, грчката кралска круна не беше нешто што се посакувa како нужна потреба, туку како нужда, наметната од надвор. После долгите немири и безмилосни уништувања, земјата немаше што добро да понуди. Многу поважно од самото стварање на некаква нова држава, беше идејата која би ја поврзувала денешницата со старата грчка култура, која нестанала од овие простори пред многу векови, но со тоа и од главите на сегашните луѓе.

Баварскиот монарх Лудвиг I, еден од најголемите хеленовљубеници, отиде најдалеку во реализацијата на тој проект. Неговата сестрана поткрепа на грчката револуција за самостојност од Отоманската Империја и стварање на кралството грчко на чело со неговиот малолетен син Ото, не беше случаен чин.

Во времето кога Англичаните ги крадеа мраморните оставштини од Партенон и ги пренесуваа во своите музеи или приватни збирки, при што најмногу се "истакнал" лордот Хелгин, Лудвиг I внимателно од нив правел копии и ги поставувал на видни места во својата германска држава. Така, тој од Минхен направил нова Атина во срцето на Бавариа, чија убавина и денес пленува и ако далеку од самата денешна Грција, како вечен спомен на неговата љубов кон Хеленизмот и неговите вредности.

За времето на Лудвиг I, во образовниот систем на оваа мала германска држава је воведен старогрчкиот јазик како обавезен наставен предмет, заедно со литературната и научна оставштина на учените луѓе од античка Грција. Така, Бавариа до 1830 години постана центар на вљубениците во Хеленизмот, а Минхен изгледаше повеќе грчки од самата Атина. Многу баварски уметници, подржани од самиот Лудвиг I, често патуваа низ грчките простори инспирирани од класичното минато на земјата и длабокиот романтизам на времето.

Петер Вон Хес, еден од тие баварски уметници доби и специјална задача. Имено, неговата задача беше да ја овековечи Револуцијата од 1821 година, забележувајќи ги сите важни настани со пригодни цртежи.“

Иако Филип Македонски го обедини најголемиот дел од грчкото копно во четвртиот век п.н.е., а неговиот син Александар Македонски брзо освојувајќи голем дел од античкиот свет, ја прошири тогашната култура и наука од источниот Медитеран до Индија, на почетокот на 19 век, Грција на Западот се смета за лулка на западната цивилизација, родно место на демократијата, западната филозофија, Олимписките игри, западната литература, историографијата, политичката наука, главните научни и математички принципи и западната драма. Тогашните западни исторочари, особено германските, заради своите потреби ја искривуваат античката историја.

Така, спрема зборовите на Вилиам Сент Клер ( Willam St. Clair) од центарот за Историја при Универзитетот во Кембриџ, како што пишува Гроздановски, „до 1830 година Грција била првата независна национална држава во Европа, благодарејќи и' на "Sвездата", односно на древна Грција. Па спрема традиционалните погледи на монархистичките влади во тоа време се сметало, дека слободата на Грција значела препород на една стара цивилизација, која ја ценат и почитуваат сите во светот.“

Меѓутоа, Грција во овој период не се препознава во изменетата историографија, бидејќи за нив Филип и Александар се Македонци, барбари кои ги освоиле нивните градови полиси и кои говореле туѓ јазик. Поради тоа баварскиот принц Отон во Грција ќе пристигне со 3.500 инструктори, кои меѓудругото имале за цел да креираат нов национален идентитет.

Имено, кога бил избран за крал на Грција, Отон имал 17 години, поради што со Грција требало да управува регентство, назначено од неговиот татко. Отон I пристигнал во Грција во почетокот на февруари 1833 година заедно со назначено од неговиот татко регентство и со армија од 3.500 баварски војници и офицери, кои според протоколот на силите Грција требала да ги прифати на свој терет. На чело на регентскиот совет на малолетниот Отон застанал грофот Јозеф Лудвиг фон Армансберг. Регентството го вовело германскиот јазик како официјален јазик на администрацијата и скоро сите административни и државни служби ги пополнило со Баварци. За целите на вака големата администрација, Гроздановски пишува:

„И така по ред, сонот на големиот вљубеник во Хеленизмот, баварскиот монарх Лудвиг I, засилено почна да се остварува. Утрото на 6 февруари 1833 година, 17 годишниот негов син Ото пристигна во Нафплиос, а наскоро по тоа, тој се скраси во Атина, новата престолнина на грчката држава. Се разбира, новиот крал не допатува сам. Со него пристигнаа повеќе од 3500 воени и административни инструктори со цел да воспостават административен модел по урнекот на онај во Баварија. Прокрај ова, тие имаа и други, поважни цели од наведените. Требаа одвоените делови од грчката територија да ги припојат и така да створат обединета нова грчка држава и на крајот, да креираат нов национален идентитет.

Новата власт која беше наскоро формирана, се сретна со многу тешкотии и пречки во својата работа. Се сретна со поделено општество, уништено стопанство итн.нт. Нејзините приоритети не беа само воспостава на мирот и редот во државата, туку пред се' креирање на новиот грчки национален идентитет. Идентитет, кој би го обединил општеството и би го изменил традиционалното сваќање за идентитетот, во идентитет на модерна нација.

Во своето излагање појасна Пашалис Китромилидис, професор по политички науки при Универзитетот во Атина.

Во поглед изборот на Атина за престолнина на новото кралство констатирано беше, дека тоа е направено од посебни и логични причини. Една од нив е истакната како клучна, а таа е поврзана со меѓународното признавање на древна Грција, како појдовна база за признавање на новата државна творевина, како Грција. Впрочем оваа идеа беше оживотворена уште во самиот почеток на грчкиот проект од страна на Лудвиг I, кога тој одлучи на престолот на новата држава, која го носеше името Хелас а не Грција, да го постави својот уште не полнолетен син Ото.

Во своите проекти спрема новото грчко кралство, Баварците имаа и многу други изненадувања; - да избришат секоја трага и спомен од Отоманското минато на Атина и пошироко, при тоа обновувајќи ги сите споменици во главниот град и тоа за чудо, по минхенскиот модел. Но, не сосема неочекувано, главен приоритет на новата држава и понатака остана, враќање на грчкото древно потекло, исчезнато со векови пред тоа, материјално и духовно.

Прва работа по стапувањето на грчко тло што ја направи беше средување на  државните финансии и враќање на Драхмата од пред 2000 години и укинување на Фениксот, на убиениот прв претседател Јоанис Каподистриа, во 1831 година. Потоа, новиот монарх ги преименува сите улици во Атина со имињата на античките филозофи, драмските писатели, како и имињата на хероите од востанието од 1821 година. И така, се што беше поврзано со античка Грција, преку ноќ постана симбол на новата држава.

Користењето на официјалниот грчки јазик од тоа време, Баварците го правеа со особена чувствителност и љубов, уверени дека зборуваат на старо грчки. И така, ова идеализирање на старогрчкиот јазик постана темел во одгојот на грчката интелигенција, за среќа или можеби несреќа. До колку тоа не се случеше, највероватно денес Грците се' уште би зборувале Арванитика, односно "Албански".

Но соработката во грчкото кралство не беше лесна работа. Грците се постојано во меѓусебни судири и никако да најдат заеднички јазик ни за најелементарните потреби на своето општество. Нивната политичка сцена е толку разединета, да е напросто невозможен заеднички соживот на нивните политички субјекти. Национално единство Грците можат да постигнат само со мешање на фантазијата и историјата, при што успеваат да си створат митови, од кои ја црпат потребната им енергија за преживување. Ништо чудно! Нели?

Во една ваква, скоро хаотична состојба во ново компонованото грчко општество потребно е да се повикаат легендите во помош, како би се тргнало напред во некаков соживот. Да се створи некој нов идентитет, што ќе ги обедини сите субјекти на кралството. Но, од каде да се започне во случајов со новиве "Грци" ? Секако, прво со редукција на Историјата и со бришење на некои факти кои не држат вода.

Можеби е малку чудно кога се зборува за редукција на историските "факти", бидејќи тоа не почна да се  практикува прво во Грција, туку во Минхен, новата Атина, за времето на неокласичното кралство на ЛудвигI. Тој, впрочем, наместо да ја редуцира грчката историја, со градење неокласични монументи и споменици во својата сопствена престолнина Минхен, заправо ја редуцира својата сопствена историја. Една од таквите градби која Лудвиг I ја издигна во својата престолнина е и Пропилаја. Исто така, тој во чест на грчката Револуција од 1821 година, во центарот на Минхен изгради велелепен споменик на кои со големи грчки букви се исписани имињата на сите оние учесници во неа, кои одиграа значајна улога во стварањето на новата грчка држав. Покрај веќе спомнатите, тука се и имињата на сите оние кои одиграа важна улога од политички, општествени, идеолошки, црковен и други значај за ослободување на Грција од турската империја. Еден до друг со своите имиња можат да се видат и Рига Фереоу и патријархот Грегори и ако биле идеолошки противници. Не е занемарено ни името на Јоанис Каподистриа, како и името на Адамантиоу Кора и многу други "херои" на Револуцијата и ако биле повеќе пати на овај или онај начин меѓусебно спротиставени и дури пукале еден врз друг. Но, сепак биле историски личности и придонеле за ослободување на новата грчка држава и како такви биле почитувани.

Баварскиот монумент јасно ја прикажува логичноста, патот и начинот на кој историјата на Револуцијата од 1821 би требала да биде напишана. Ова е, како е наречен, мит од 1821. Тој исто така докажува, на свој начин, дека нацијата може да се препороди, обнови и покрај доживеаните трагедии од секакви врсти и величини, па дури и од разни криминални или злосторнички настани во чие организирање или извршување учествувале високи функционери од државните институции, војската,  или црквата. Така е створена легендата од 1821 година, која се темели негде и врз нешто, со цел да го оправда злото како посакувано, во стварањето на доброто како потребно. Меѓутоа, сите легенди имаат свој почеток и не се појавуваат само така како некој  случаен настан. Ова беше патот и начинот да се конструира платформата за унификација на новата грчка држава и нејзината идеологија, која од една страна ги збунуваше некои историчари, а од друга страна пак, ширеше чувство на заедништво и некоја сигурност на луѓето за да преживеат.

Покрај се' горе реченото, а да би се избегале некои идни потреси и незадоволства во кралството, нужно било да се изнајде некој силен амалгам кој на адекватен начин би ги држел во мир и спокој широките нaродни маси. Тука дошла во помош грчката православна црква, која, меѓу другото, одиграла голема улога и во обединувањето на Румелија и Пелопонез, дури и многу повеќе од богослуженијата во древните времиња.

Увидувајќи ја моќта на црквата, Баварците во 1833 година и' овозможиле автокефалност и потоа ја ставиле во служба на кралската круна.“ – пишува Гроздановски.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Ти мора да си многу глуп…

Најчевска до Заев: Ти мора да си многу глуп…

Историја

News image

Маkедонiя и младотурkи - Aлеkсандръ Амфитеатровъ (1912)

              Рускиот патеписец Aлександар Амфитеатров во 1912 г., говорејќи за битк...

Иселеници

News image

Д-р Игор Јанев – бранител на името на Македонија

Меѓу големиот број Македонци со различно образование, зани...

Култура и туризам

News image

Дела на Славе Катин посветени на црковното и духовно-националното живеење

Славе Катин припаќа на Преспа, на Македонците во дијаспората, на етничка Македонија и на Македонскат...

Фељтон

News image

Александар Македонски (41)

Во текот на битките во Источен Иран, картата покажа дека погрешно беа претставени не...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.