Среда, 02 Мај 2018   
Вистината за создавањето на грчката држава (3. дел)

makedonska-nacija-logo

Македонска нација

Григориј V Цариградски (1746 - 1821) бил вселенски патријарх во три наврати (1797 – 1798), (1806 – 1808) и (1818 до 1821). Во периодот на избувнувањето на Грчката војна за независност, како етнарх на православниот Милет Григориј V бил обвинет од султанот Махмуд II за неспособност да го сузбие грчкото востание, иако ги осудил грчките востанички дејства за да ги заштити христијаните во Цариград од репресалиите на Турците. Одмздата на Турците започнале за време на светата недела во 1821 година, откако грчките востаници постинале успех во борбите со отоманските војски на Пелопонез.

На 22 април 1821 година, на ден Велигден, веднаш по прославувањето на Велигденската литургија, патријархот Григориј V бил изнесен од црквата „Свети Ѓорѓи“ во Цариград и обесен. По наредба на султанот, неговото тело висело два дена на портата на патријаршијата  по што следел масакар на христијанското население во Цариград. Телото на Григориј, заедно со телата на останатите духовници било предадено на Евреите во градот, кои ги влечеле низ улиците и ги фрлиле во морето. Вечерта телото било извлечено од грчки морнари и однесено во Одеса, а од таму во Атина.

Сведоштвата за овој настан се разликуваат во однос на тоа дали Евреите биле присилени да го направат тоа или пак го сториле по своја воља. Меѓутоа, овој чин предизвикал крвави одмазнички напади во јужна Грција од страна на грчките востаници кон Турците и Евреите. Ова пак довело до нова серија на одмазанички напади од едната и другата страна при што страдало невиното цивилно население.

Погубувањето на Григориј V, особено на ден Велигден, ги шокирало христијаните, кои протестирале ширум Европа и го потпомогнало ширењето на филхеленизмот. Постојат наводи според кои за време на грчката борба за независност, многу востаници го изгравирале името на Грегориј на своите мечови како симбол на одмазда. Дионисиос Соломнос, во својата Ода на слободата, која подоцна станала химна на Грција исто така го спомнува бесењето на патријархот. Увидувајќи ја моќта на црквата, Баварците во 1833 година и' овозможиле автокефалност на Грчката православна црква и потоа ја ставиле во служба на кралската круна.

Во документарниот филм за создавање на современата грчка држава, кој ги шокира Грците, според пишувањето на Сотир Гроздановски, за улогата на црквата за време на револуцијата во Грција, се вели:

„Бидејќи за време на Револуцијата црквата стоеше настрана и неодлучна кон кого да се приклони, а при тоа да не ги изгуби стечените привилигии, сега требаше да и' се даде некое признание. Така се започна со поедноставување на приказната за нејзината тогашна улога, како, небаре и ако не ја подржувала Револуцијата и нејзините цели, таа тоа го правела од некои си "тактички" причини. Инаку, нејзините великодостоиници од почетокот биле истомисленици и подржувачи на идеата за борба против Османлиите, што в'сушност не е вистина. 

Кога патријархот Грегориј V се повлекол од Револуцијата, при тоа проколнувајќи го водачот Александар Ипсилантис, тој не го направил тоа од никакви тактички причини, како што некои го тврдат тоа. Не, ни пошто! Тоа го направил од интересни причини, истакнувајќи ги божемните принципи на Црквата да се бори против сите насилства и неправди, што заправо такво нешто никогаш не било во мислите на мнозинството клерици. - Појаснува професорот по политичка историја Танос Вемерис, од Универзитетот во Атина. 

Со проколнување на Револуцијата, тие не ги спасија животите на Османлиите. Тоа беше фатална грешка, која црковните великодостојници никогаш не успеа да ја разберат.  Нивниот потез беше само инспирација на другите да земат масовно учество во воените дејствија на Револуцијата и да излезат како победници, по цена на огромни штети по земјата, но особено со злосторства врз ненаоружаното и недолжно турско население. Како производ на поедноставувањето на улогата на Црквата за време стварањето на грчката држава се изроди и нејзината глорификација како, божем, "нашата црква беше прави чувар на националната ризница и заштитница уште од времињата на робосопствеништвото, кога хероите го запалиле оганот на националните идеали и ги покренале масите за обнова на татковината".

Поврзувањето на црквата со националноста изроди модерен национализам, а со него пак и митовите, од кои најпознат беше митот за "тајното училиште". Важноста на овој мит се состоеше во големите жртви кои свештениците ги претрпиле при ширењето на грчкиот јазик меѓу народот, а особено меѓу децата и покрај забраната од страна на турските власти. Овој мит е овековечен во делото на сликарот Николаус Гисис под името: "тајно училиште" од 1886 година. Инаку сликарот Гисис и припаѓа на минхенската школа која ги продолжува баварските традиции на вљубените во Хеленизмот и на хеленистичките сликари, проектирајќи настани од грчката Револуција од 1821 година.

"ТАЈНО УЧИЛИШТЕ" од историско гледиште е потполно лажна проекција на настани од тие времиња и ако пленува со својата реализација и угодна атмосфера. Нејјзината силна порака гласи: - Така деца мои! Дури и вие, во вашата рана малдост треба да сторите се', како би нашата татковина била пак слободна. Оваа проекција е подоцнежна креација на државата, во 1886 година, од посебни причини - религијата да се зацврсти уште повеќе и да и' се даде важно место и во образованието на замјата, поред другото и како еден од одбранбените механизми на државата.

Митот за улогата на Грчката православна црква во новото  грчко општество не престанува тука. Тој продолжува дури и во денови денешни, со нејзината арогантност и бруталност.

Со зацврстувањето на  новокомпонованата грчка држава врз темелите на Револуцијата од 1821 година, одлучено е и Црквата да си го најде своето место во неа, како нејзин активен актер. Се разбира дека во Револуцијата, како и во секое народно востание зедоа учество и некои од свештените лица, но тоа не и' дава за право на официјалната црковна хиерархија да ја присвојува нивната храброст и патриотизам и да ги прикажува како свое дело, зошто тоа не е вистина. Грчката православна црква во тие времиња не беше дел од таа Револуција ни најмалку. 

Јас не мислам дека Турците беа загрижени со кој јазик се служат поданиците на Империјата. Дали со грчкиот или со славјанскиот јазик. Тие се грижеа за своите луѓе да се служат со јазикот на Исламот. Што и да зборувале христијаните, на Турците им било се' едно. Со тоа не се занимавале се' дури мирот бил сочуван во Империјата. Јас сум уверен, дека јазикот не ги загрижувал ни малку. Се' друго се бајки за деца.

Кога се зборува за јазикот, вистина е дека во времето на владеењето на Турците грчката црква играше важна улога во ширењето на грчкиот јазик меѓу народот, како и во генерациското културно преживување во тие времиња. Меѓутоа, 100 години пред Револуцијата, граѓанското движение на средната класа веќе го уживаше правото да се школува на својот мајчин јазик. Во градовите со мнозинство на грчко население се отвораа училишта во кои предавањата се изведуваа на грчки јазик, а материјата беше претежно од старогрчката наука. Малку по малку, ренесансата почна да допира на секаде, па и во градовите на мнозинската отоманска територија, каде традиционално беа сместени и грчките училишта. Меѓу таквите центри беа Јанина, Смирна (Измир), Кидонис и подоцна во Истанбул. Исто така постоеја и образовно воспитни центри на Пелопонез, во кои се воспитуваа деца и други кадри, кои после се вработуваа ширум градовите со грчки училишта. Со ваквата преродба дојдоа и сите други општествени и интелектуални промени, кои ја водеа земјата во Револуција.“

После седум години од завршетокот на Револуцијата, претседателот на државата Јоанис Каподистријас, беше запрашан од европските влади за бројот на турското население на Пелопонез. Каподистрија им дал две бројки и тоа во 1821 година над 42,000 лица и после завршетокот на војната, ниту еден турски граѓанин. Во оваа вистина денес Грција неможи или несака да верува, бидејќи таму имаше и премногу турски луѓе, а сега да ги нема сите без трага? Тие живееа со столетија на секаде по грчката територија во мали заедници како земјоделци, занаетчии, трговци, вработени во државните институции... Нивните семејства не знаеле за некоја друга земја во која би се преселиле, а сега за кусо време им се изгубила секоја трага. Што се случило со една таква голема бројка на луѓе? После 1821 година за само неколку недели беа сите убиени без разлика на спол или возраст. Нив 42,000 Турци мажи, жени, деца, стари, млади, сите заедно нестанаа од лицето на земјата. Без суд, без докажување на невиност или кривња. И никој за тоа не беше земен на одговорност.

Масовното убивање за сигурно беше дел од Rеволуцијата, што од оваа временска дистанца го доживуваме како уште еден мит околу грчката воинственост и "храброст". Како уште еден мит од 1821 година. Но имаше исти такви убиства и од страната на Турците, велат некои, како да бараат некое оправдување за злосторниците и нивните нечесни дела.

За овие настани околу училиштата кружат безбројни легенди со цел да се разјаснат страшните злосторства над невиното турско население. Но не е тоа така лесно да се објасни, а да при тоа не останат длабоки траги во душите, особено кај децата. Како може некој да му објасни на детето дека татко му, дедо му или некој негов близок роднина немилосрдно убивал Турци? Да колел невини деца заедно со неговите родители и потоа ги фрлал во градските бунари? ... Која е разликата меѓу нив и нас? “

Кога изби грчката војна за независност во 1821 година, лидерите на островот Чиос (Хиос) не сакаа да се приклучат кон револуционерите, стравувајќи од губење на нивната безбедност и просперитет. Меѓутоа, не цела година по убиството на патријархот Грегориј, во март 1822 година, неколку стотици вооружени Грци од соседниот остров Самос се истовариле во Хиос. Тие ја прогласија револуцијата и започнаа напади врз Турците. За овој и другите извршени масакри врз невиното цивилно турско население, С. Гроздановски во понатамошниот текст во врска со документарниот филм кој ги шокира Грците го бележи следното:

„Островот Чиос со право постана вистински пример на грозоморно место кое проголта иљадници невини луѓе. Постана грозоморно место на турската трагедија за време на грчката Револуција. И ако има и многу други места каде се извршени масакри над невини турски граѓани од разни регуларни и паравојни формации, сепак, Чиос остана лендмарк по злосторствата и најпознато стратиште на светот.

Насилствата во тие времиња беа вообичаени настани. Не беше ништо чудно да се влезе во некое место и да се потаманат луѓето како да не се луѓе. Крволочноста на грчките банди немаше граници. Владееше правото на ножот и куршумот. Насилството беше средство да се преживее или да се владее со послабиот. Многу добронамерни денес се прашуваат: - Вистина ли е дека се случило некое проклетство во Триполикас? Да, навистина масакри се случиле во Триполикас, но зарем и Турците не правеа зулуми и масакри во многу земји од својата Империја? Но за чест на вистината, од сите масовни истребувања на ненаоружано турско население, а спрема постоејќите документи, најлошо поминаа жителите на Триполикас. Кога Грците го освоија градот, во него живееја над 35,000 Турци. Од нив никој не остана жив.

Разорувањата и штетите кои уследиле од воените дејствија се рефлектирале во потполност во песната за слободата од Дионисиос Соломос. Неговата поезија, 40 години подоцна, беше користена за национална химна на грчката држава. Од целата негова поезија, околу 158 строфи, многумина знаат само по некоја строфа. Ако ви прочитам повеќе од две строфи, вели водителот на овој видео запис, ќе откријам дека нашата национална химна не е само химна за слободата, туку сведоштво за зулумите над недолжното население. Ево како е тоа прикажано графички од што се гледа грозомората на настаните: - Погледај како очајнине раце го кинат животот. Ги расфрлуваат ноsете, рацете и мртвите глави на убиените. Сабји и синџири измешани со сивине мозоци исфрлени по земјана. Напукнати черепи и делови од внатрешнината на абдоменот... Се' во  еден неопислив ужас. Оф, оф! Што е доста, доста е.

Долго ќе траат и ќе се споменуваат овие злосторства. Нашата национална химна содржи се' друго, а најмалку зборови за слободата. Таа ги содржи ужасите и насилствата на Револуцијата. верувам дека Соломос не е толку наивен од колку се мисли да е. Читајќи ги строфите за слободата на нашата национална химна се стекнува уверување, во поетски смисол, дека таа е реалистична вистина за тоа време на нашата Револуција. Нашата Револуција од 1821 годна, како и секоја револуција, е крвава приказна. Таа сведочи за протерувања, одмазда, епидемии, глад, убивање, грабежи, насилни преселувања и робства. И Грците и Турците настојуваат овие настани да ги стават зад себе и да ги заборават. Ако можат. Новата власт треба да се организира и да проработи врз урнатините на Револуцијата, а да би се постигло тоа, дел од минатото треба да се избриши. А како? Со идеолошкиот патриотизам втемелен врз баварскиот модел, а пото него да се замени со "славното" наследство од античка Грција. Арно, ама стварноста е премногу тешка за да се менува преку ноќ. Во Атина, но и на секаде по Грција, се гледаат спомени од изминатите времиња исдробени на стотини парчиња кои би требало да се преспојат во едно цело. Сите историски траги стари со стотици години веќе одамна ги нема. Интензивно се бришат секакви врски со Отоманската Империја и на се' што новата грчка држава ја потсетува на тие времиња. Сета оваа работа би требала да доведе до потполна чистота и непрекината врска со одамна нестанатата древна грчка култура.

Овие накани на новокомпоновата грчка држава можат да се сметаат како накани на луѓе кои го загубиле компасот и здравиот разум, или како смешни и не сериозни, но најповеќе како надвор од цивилизациски норми во однесувањето со историската наука. Впрочем и другите нови држави прават исти грешки, некои повеќе некои помалку со цел да негираат делови од своето минато и да креираат по поволна сегашност и иднина пред очите на својот народ и пред меѓународната заедница. Велат некои историчари и други луѓе од науката, дури пак на другата страна пак противниците на таквиот пристап кон историјата се фаќаат за глава од недоверба и се прашуваат: - дали е и ова можно? – пишува С. Гроздановски.

Денешните тензии меѓу Грција и Турција околу островите во Егејското море, се доказ дека минатото тешко може да се скрие, а вистината кога тогаш излегува на виделина на овој или оној начин. Така, анимозитетот на Грците кон Македонците е потсвесниот страв кои постои од уште антиката, а кој денес станува евидентен во спорот со името.

(продолжува)

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.