Среда, 09 Мај 2018   
Вистината за создавањето на грчката држава (4. дел)

makedonska-nacija-logo

Македонска нација

„Лажниот пат по кој тргна новата грчка држава се должи на доаѓањето на баварските владари. Доваѓајќи во нашава земја, тие затекнаа дисфункционално општество, во секој поглед. Насекаде сиромаштија и очај, во застрашувачки размери. Нивното разочарување беше големо, кога не најдоа народ со хеленски дух во кои тие беа вљубени, туку улични питачи кои зборуваат Арватски (Албански), на место старо грчки...“ – се вели, според пишувањето на С. Гроздановски, во документарниот филн кој ги шокира Грците

По назначувањето за крал на Грција, Отон I пристигнал во земјата на почетокот на фебруари 1933 година. Бидејќи имал само 17 години, според Лондонскиот договор, со земјата управувало регенство  назначено од неговиот татко баварскиот крал Лудвиг I. На чело регенството бил поставен грофот Јозеф Лудвиг фон Армансберг. Со помош на 3.500 баварски војници и офицери, регенството го вовел германскиот јазик како официјален јазик на администрацијата, која била пополнета со  Баварци.

Уште на почетокот на владеењето на  Отон I, регенството се соочила со голема криза во земјата, поради што зела заем од големите сили. Воведувањето на бројни даноци за отплата на долгот, потоа баварократијата во земјата која била полоша од владеењето на Турците и одбивањето на Отон I да го прифати православието, предизвикале во Грција нови конфликти и обид за државен удар на чело со Колокотронис, кој бил упасен и осуден на смрт, но потоа смрттната казна му била заменета 20- годишен затвор.

Во 1835 година Отон I станал полнолетен и ја презел власта од регентите, создавајќи апсолутна кралска власт. Гроф Армансберг бил назначен за претседател на Министерскиот совет со чин Канцелар. Кралот го преселил главниот град на земјата во Атина. Во 1837 година Армансберг бил отстранет од власта, а кралот започнал да управува со кабинети, во кои влегувале и Грци.

Во 1838 година Баварскиот воен контигент ја напуштил земјата. Но, апсолутното владеење на кралот не ги решило проблемите на земјата, која ја чувствувала големата финансиска криза. Прозападните партии се ориентирале кон уставна монархија и зачувување на династијата, а русофилската партија се ориентирала кон замена на Отон со православен крал. Режимот на Отон постепено ја загубил и меѓународната подршка во лицето на големите сили.

На поделеното грчко општество му било потребно обединувачка сила, како што беше Мегали идеја. Така, во надворешната политика Отон бил следбеник на грчката Голема Идеја. Ова се противело на интересите на англиската политика, која стоела зад Отоманската Империја. Поради ваквата грчка политика, во 40-те години на векот односите меѓу Грција и Англија се влошиле, но од друга страна пак се засилило француското и руското влијание во земјата.

Сепак, поврзување на тогашните Грци со древните Елини,  патот по кој тргнаа Германците во создавањето на новата грчка држава, не соодвествуваше на теренот, а наиде и на спротивставување и во самите баварски научни кругови.

Сотир Гроздановски пишувајќи за состојбите во новосоздадената грчка држава на почетокот на 19 век, за која се зборува во документарниот филм за создавање на современата грчка држава, кој ги шокира Грците, ќе забележи:

Лажниот пат по кој тргна новата грчка држава се должи на доаѓањето на баварските владари. Доваѓајќи во нашава земја, тие затекнаа дисфункционално општество, во секој поглед. Насекаде сиромаштија и очај, во застрашувачки размери. Нивното разочарување беше големо, кога не најдоа народ со хеленски дух во кои тие беа вљубени, туку улични питачи кои зборуваат Арватски (Албански), на место старо грчки.

Како може да биде  Хелен некој така сиромашен и очаен уличен питач во Атина, кои зборува Арватски (Албански)? - изјавиле хеленовљубениците при доаѓањето во Грција. Тука нема никаква поврзаност ниту логичност меѓу овие факти на теренот и оние во кои ние верувавме при нашето доаѓање. После ваквата фактична состојба, разочарани се вратија во Баварија и рекле: - Таму долу, во Грција, ние неможиме да направиме ама баш ништо. Никој неможи да ја спаси таа земја. Овие денешни Грци со оние од античкиот свет немаат ама ништо заедничко, што ги поврзува.“

Ова го потврдува Јакоб Филип Фалмераер (Jakob Philipp Fallmerayer; 10 декември 1790 – 25 април 1861), кој е новинар, истражувач и историчар. Како истражувач на историјата тој патувал низ Ориентот во 1831, 1840-42 и 1847-48 година. Во својата научна работа Фалмерајер го изнесува ставот дека Хеленската империја била уништена во Средниот век, а денешните нови Грци се најчесто од словенско-албанско потекло. Во научниот свет Фалмерајер своето место го зазема со своите дела „Историја на империјата Трапезунд“ и „Историја на полуостровот Мореа“.

Во контекст на ставовите на Фалмерајер, кој патувал со рускиот генерал Александар Иванович Остерман-Толстој од 1831 до 1834 година низ Грција и Блискиот Исток, а кои се изнесени во документарниот филм за грчката држава, Гроздановски пишува:

„Дури грчкото кралство покушава да стане на ноsе, баварскиот историчар Фолмераер (Fallmerayer) излезе со својата теорија насочена против поборниците на цврстите врски со античка Грција, како непрекината нишка. Која беше неговата цел? Своите домашни вљубеници во Хеленизмот "да ги врзи за столбот на срамот", заради нивните налудничави идеи!

Фолмераер тврди, дека сегашните Грци како раса, немаат никаква врска со старите Грци. Се разбира, неговите тврдења и теории направија голема паника во кралството не само затоа што тој не ги прифаќа нивните желби да ја преточат лагата во вистина, туку затоа што ги саботирал промоциите на поволните легенди на монархистичкиот режим и народот во државата.

Фолмераер бил огорчен со експлозијата на хеленистичките љубители и обожаватели во Баварска, па се одлучил на уште по радикален чекор: - со цврсти докази да ги разувери, дека сите тврдења на актуелните власти во грчкото кралство за непрекинатите врски на денешните Грци со античките се само фикција и потполно лажни.

Овај познат германски историчар е набрзо прогласен за најголем непријател на Грците затоа, што отишол и многу подалеку од она што го очекувале неговите противници од круговите на власта во Грција, но особено во Баварија. Тој ги изнел на светлото на . денот сите докази од времето на римското владеење со античка Грција, па се' до доаѓањето на Славјаните на балканските простори во 6 век и завршувајќи со преселувањето на Албанците од северот, во 14 век.

И така, спрема Фолмераера, врските кои би ги поврзувале сегашните Грци со оние од античките времиња се измислени, лажни и затоа не постоат, бидејќи се прекинати не само еднаш, туку три пати. Со тоа, Фолмераер ги отфрлува сите врски кои би ги поврзувале денешните Грци со античките како лажни и не постоечки, а континуитетот на Хеленизмот како нација, за фикција.

Па ете како овој познат германски историчар и чувар на историските вистини си го заслужил пиететот: - НАЈГОЛЕМ НЕПРИЈАТЕЛ НА ГРЦИЈА!

Спрема нивните сваќања, континуитетот на Хеленизмот во Грција бил воспоставен уште во времето од пред 1850 те години. Тие тврдат, дека немало прекини на континуитетот во историјата. Но можно е да се случувале "нестабилни и стабилни временски периоди" , кои нашиот колега од Бавариа, историчарот Фолмераер ги нарекува прекини или пукотини во континуитетот, кои заправо се поврзници.

Затоа, спрема пишувањето на Папариголопулос и Забели, нацијата е обновена и континуитетот е воспоставен, но неслагањата на историчарите остануваат и понатака, само не како идеолошки или историски, туку политички, со кои државата би требало да се позабави што побргу. Таа работа  треба од мултиетничко општество да креира единствена обединета грчка нација.“

Ставот на Фалмерајер дека „родот на Хелените во Европа е уништен… и ниту една капка благородна и чиста хеленска крв не тече низ вените на христијанското население во денешна Грција“, ја шокира тогашна Европа и Грците. И покрај хрониките на Монемвазија, Грција и нивните поддржувачи направија се што е можно неговите ставови да бидат отфрлени.

Монемвасијската хроника или Летопис на Монемвасија е анонимна средновековна хроника,  ран среден век на тема Елада и воопшто во некогашните антички грчки земји. Напишано во X-XI век. Првиот познат препис на хрониката, од вкупно три, е пронајден од италијански научници во Торино во 1748 година, но поради својата фрагментација, не наоѓа сериозен научно одраз во тие години. Како вистински откривач на хрониката се смета грчкиот научник, професор по класична историја на Универзитетот во Атина, а подоцна професор и премиер на Грција - Спиридон Ламброс (1851 - 1919). Овој ракопис ја поддржува во целина тезата на Јакоб Фалмерајер за сомнителниот континуитет, на хеленистички основа, меѓу древните Елини и "модерните Грци". Преписот откриен од Ламброс во Иверскиот манастир е објавен од него под името "Иверски препис на летописите на Монемвасија" и излегува заедно со другите два подоцнежни преписи на хрониката. Третиот препис, исто така бил откриен од Ламброс, но во друг манастир светогорски манастир "Кутлумуш". Книгата беше објавена во 1884 година.
Составувањето на хрониката е датирано од научниците меѓу 970 и 990 година. Монемвасија е град-тврдина во јужен Пелопонез.

(продолжува)

Македонска нација

 

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.