Среда, 16 Мај 2018   
Вистината за создавањето на грчката држава (5. дел)

makedonska-nacija-logo

Македонска нација

Јакоб Филип Фалмераер го објаснувa потеклото на Хелените во „Историја на полуостровот Мореа за време на средновековието“. Во предговорот тој ќе напиши дека: „Родот на Хелените во Европа е изумрен – па така ниту една капка вистинска и непомешана крв не тече во вените на христијанското население кое живее во денешна Грција“. По воведот, тој објаснува дека античка Грција била оставена без население и заборавена уште во римско време. Пристаништа биле уништени од секакви варвари, а од глад и чума земјата била целосно опустошена. Но во текот на големата преселба на народите повторно била населена од славјански племиња, кои под византиско ропство биле погрчени. Во 14 век, на овие дополнително им се придружило ново племе од албанските планини кое се населило на копното, на Пелопонез како и на островите Хидра и Специја. Фалмерајер своите истражувања за „албанските елементи во Грција“ ги објавил во три дела од страна на академијата во Минхен (1857, 60, 61).

По доаѓањето на Баварците во Грција ќе се запрашаат „како може да биде  Хелен некој така сиромашен и очаен уличен питач во Атина, кои зборува Арватски (Албански)? Албанците без противење биле прифатени за составен дел од населението во кралството Грција, особено бидејќи нивното постоење е констатирано уште на самиот почеток. Но, после ваквата фактична состојба, разочараните хеленовљубеници по враќањето во Баварија ќе кажат: - Таму долу, во Грција, ние неможиме да направиме ама баш ништо. Никој неможи да ја спаси таа земја. Овие денешни Грци со оние од античкиот свет немаат ама ништо заедничко, што ги поврзува.“

Сотир Гроздановски пишувајќи за обидите да даде историски континуитет на хелемизмот на новосоздадената грчка држава на почетокот на 19 век, за која се зборува во документарниот филм за создавање на современата грчка држава, кој ги шокира самите Грци, ќе забележи:

„Спрема нивните сваќања, континуитетот на Хеленизмот во Грција бил воспоставен уште во времето од пред 1850 те години. Тие тврдат, дека немало прекини на континуитетот во историјата. Но можно е да се случувале "нестабилни и стабилни временски периоди" , кои нашиот колега од Бавариа, историчарот Фолмераер ги нарекува прекини или пукотини во континуитетот, кои заправо се поврзници.

Затоа, спрема пишувањето на Папариголопулос и Забели, нацијата е обновена и континуитетот е воспоставен, но неслагањата на историчарите остануваат и понатака, само не како идеолошки или историски, туку политички, со кои државата би требало да се позабави што побргу. Таа работа  треба од мултиетничко општество да креира единствена обединета грчка нација.

Тука тие мислеле на Албанците како најмногубројно малцинство, кое било многу заслужно во борбите за независност. Инаку, кога сме кај Албанците, тие се народ поделен на две групи: - на православни и муслимани, или како некој ги нарекуваат ТУРКОАЛБАНЦИ. Најважните водачи во борбите за независност на Грција од 1821 година биле од редовите на православните Албанци, кои се истакнале со големи способности и храброст, особено оние од островите Хидрати, Острива и Спетсес, како и Сулиотите во борбите на копно.

Не е на одмет да се спомене и фактот, дека луѓето од тие времиња биле доста образовани и способни за интелектуална работа. Така, Марко Бокари составил говорен грчко - албански речник... Тој добро ги познавал двата јазика, грчкиот и албанскиот, што го осмелиле да се впушти во една ваква јазична авантура. Јас би рекол и дека Бокари го познавал и турскиот јазик покрај ова два, но слободно би можел да речам, дека се служел и со Колокотронис.

Историчарот Папариголопулос во фалењето на Албанците и нивните компатабилни особини за интеграција во новото грчко општество, малку претерал, бидејќи ги зел за пример само православните, а ги запоставил муслиманите, со што ги покажал и своите неприфатливи верски склоности, како научник.

Папариголопулос во понатамошната научна расправа уште повеќе скршнал од патот на науката и се впуштил во матните води на расизмот и не толеранцијата што го  прави уште по неверодостоен и во полемиката со историчарот Фолмераер.

Расправајќи за квалитетите на двата народи, грчкиот и албанскиот, те и за идеалната комбинација при компонирањето на новата грчка нација, тој рекол дека Грците биле интелектуално, културно и цивилизациски по напредни, а пак со Албанците, грчката раса добива виталност, снага и единство.

Во овој контекст е вредно да се спомене и фактот, дека Албанците, интегрирани во грчкото општество се чувствуваат поголеми Грци и од самите Грци, што зборува нешто само за себе. Тие ја потврдуваат тезата на германскиот историчар Фолмераер за потполно изчезнатите врски на денешните Грци со оние од пред многу векови.“

Во врска со јазикот и идентитетот, кои нашите денешни македонски политичари тешко можат да го разберат, Гроздановски ќе забележи:

Јазикот и идентитетот се тесно поврзани. Без јазикот нема идентитет, но и без идентитетот и јазикот него бидува за ништо. Затоа, борбата за јазикот е постојана и приоритетна. Како и во секоја нација, така и во грчката, јазикот изигра видна улога. Тој беше застапен прво во православието и трговијата, а потоа со организацијата на образовниот систем, одигра голема улога во обединувањето на расцепканите општествени заедници во една нација. Со јазикот се ствара и заедничка култура, преку која се идентификува и нацијата. Исто така, јазикот придонесе и во просветеноста на револуционерните водачи, кои на крајот ја извојуваа и слободата и независноста. 

Ова го разбра и првиот претседател на грчката држава Јоанис Каподистрија уште за време на првата година од херијската војна кога, настојувајќи да ги постави темелите на државата, отвори универзитет и други училишта, кои изиграа важна улога во развојот на разурнатата Грција во тие времиња.

Јазикот и образованието се едини елементи кои имаат моќ да ја обединат општествената заедница и створат нација. Можи слободно да се речи, дека образованието беше почеток на силата на грчката држава. Грчките училишта беа вистинските победници.

Што го идентификува националното единство на едно општество? Секако неговата култура! А што би требало да ја идентификува културата како таква? Се разбира Јазикот. Кога е сега и тоа постигнато, вратите на прогресот се ширум отворени. Вели професорот Танос Веремис.

Сите кои учествуваат на било кои начин во образовниот систем, се Грци. Исто како Изократовиот концепт, кој е отворен националистички концепт од 19 век, но сепак различен од оној од 20 век. Дури онај концепт од 19 век му одговара на биолошкиот континуитет спрема Фолмераеровата теорија, овај широко е отворен и убав. Типичен пример на таа убавина е и прифаќањето на машкиот фустан, кој се носел на Балканот, и тоа само кај Албанците.

И претседателската гарда денес носи фустани и опинци со женски пуфки како дел од униформата базирана врз, како рековме погоре, на обичаите кај Албанците.

Во продолжение на разговорите и одење кон крајот на настаните со кои се покушава да се внесе нов и по цивилизиран дух во лажната грчка историја, учесниците од грчката страна продолжија со помирлив и по флексибилен јазик. Тие се обидоа во концептот на чисто грчко национално општество да внесат и повеќенационален елемент, во што Спирос Софос од Лондон се обиде да ги вклопи своите размислувања. Велејќи дека не е можно во повеќенационална империја да се бара чиста грчка нација, како што и ние неможиме да бараме исто кај Албанците, Турците или некое друго општество.

Ние во оваа проблематика гледаме одвнатре да најдеме можности кои дозволуваат флексибилност за компромиси. Сметаме дека е потребна флексибилност кај секоја нација, како би изнашла погодни начини за прилагодување во новиве околности. И можеби во тоа се крие и нашата совест која преовладува денес во Грција, поминувајќи низ многу промени и прилагодби на својот пат низ времето. Нашето прилагодување постигна висок степен. Дури и Ромеите дозволија така и официјално да се викаат. И тоа не само децата на Грци и нивните потомци, туку и денешни Грци.

Во оваа прилика вредно е да ги споменеме зборовите на поетот Гиоргос Сефарис изречени за време на доделувањето му Нобелова награда во Штокхолм во декември 1963 година, кои гласат:

"ЈАС НЕ САКАМ ДА РЕЧАМ ДЕКА НИЕ ИМАМЕ ИСТА КРВ СО СТАРИТЕ ГРЦИ, ЗОШТО МРАЗАМ РАСИСТИЧКИ ТЕОРИИ. НИЕ ЖИВЕЕМЕ НА ИСТАТА ЗЕМЈА СО НИВ И ГИ ГЛЕДАМЕ ИСТИТЕ ПЛАНИНИ, КОИ ЗАВРШУВААТ ВО ИСТОТО МОРЕ".

Од 1821 година измина скоро 1 1/2 век. Две Балкански војни и две светски војни од како ние, сппрема зборовите на поетот Сефарис, го обновивме нашиот грчки идентитет на интернационално рамниште со соврена дефиниција и ако има нешто со што треба да се гордееме е следното: -Местото каде живееме, нашата историја, можноста да одлучуваме за својата судбина толку, колку што можиме. И на крајот, ова не беше можно без 1821 та година и нашата Револуција, без борба, без идеи за нашата иднина и без нашите легенди. Како ја користиме слободата, зависи од нас. Но, мора да е од корист за нашиот патриотизам, за љубовта спрема местото во кое живееме, со почит спрема пролеаната крв на праведен или неправеден начин и пред се' за препородот на нашата таковина, денешна, модерна Грција.“ – пишува Гроздановски

Анализирајќи ги изнесените ставови, авторот на крај ќе упати и порака до македонските и грчките политичари во која се вели:

„Смелоста на учесниците во оваа научна дебата да ја изнесат вистината за темелите на денешната грчка држава заслужува внимание и поштовање, но прикаската ќе биде целосна и уште по веродостојна, ако и денешните грчки политичари ја разберат и прифатат горчливата вистина и им подадат рака на Македонците во знак на помирба и уште поширока добрососедска соработка.

Впрочем и зборовите на поетот Гиоргос Сеферес влечат кон таков еден однос со соседите, а особено кон односите со Македонците во Грција и посебно кон односите со Македонците во Република Македонија.

Вистината излегува на видело секој ден се повеќе и повеќе и затоа нема зошто да се преговара за нашето име. Македонија не била никогаш дел од Грција и нашата историја е само наша, како што нивната е само нивна.

Нашите политичари и научниците на Македонија имаат прилика да ја одбранат честа и достоинството на македонскиот народ од неправдите и понижувањата што сме ги преживееле до сега, само ако имаат смелост, воља и знаење. Шансата им е дадена. Предизвикот треба д а се прифати, зошто нечесната совест на непријателот му ја јади душата и моли за прочка.“

(крај)

Мамедонска нација

 

 

На прво место

News image

Четвртиот Илинден ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

ОМД: “Четвртиот Илинден” ќе биде денот кога Македонија ќе се повлече од т. н. преговори за името

Историја

News image

Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собр...

Иселеници

News image

Илинденски поздрави од „Св. Ѓорѓи“ од Мелбурн, Викторија во 1983 година (35)

Од илинденските свечености и академијата на Македонската...

Култура и туризам

News image

Христијанството во Преспа

Македонскиот народ во неговата долговековна борба за своја сопствена држава, за национална и за култ...

Фељтон

News image

Александар Македонски (32)

Хиероглифските текстови сведочат дека Александар Македонски ги носел традиционално к...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.