Среда, 16 Мај 2018   
Македонската емиграција во Швајцарија со широка акција за самостојна Македонија

Anastas Kotsarev„Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собрание на Македонците, на кое присуствувале 14-15 лица... д-р Коцарев истакнал дека Македонија не може да и припадне ниту на Србија ниту на Бугарија. Таа мора да биде одделна независна држава, а Македонците, според веќе истакнатиот принцип на „самоопределувањето на народите", имаат да решат каква државна форма сакаат и дали сакаат со нив да бидат во заедница.“ – пишува во доверливиот извештај бр. 1009 на Застапникот на Министерот за внатрешни работи и Министер за финансии на избегличката влада на Србија од 7 септември 1918 година.

При крајот на Првата светска војна македонската емиграција во Швајцарија, составена главно од интелектуалци, покажала жив интерес за судбината на својата земја. Под раководство на д-р Коцарев, лекар, приватен доцент во Женева, таа се бори за афирмација на идејата за самостојна Македонија. Основната девиза со која истапуваат пред својата и светската јавност е дека Македонија не им припаѓа ни на Бугарите, ни на Србите, ни на Грците.

Во услови на Првата светска војна, македонската емиграција во Швајцарија доследна на основната програмска цел на македонското национално движење започнува широка акција со која се пропагира барањето за автономија на Македонија, што ќе го привлече вниманието на српските власти. Нивната борба за самостојна  Македонија, може да се види и од извештај на српскиот делегат во Женева, испратен до Стојан. Протиќ, застапник на претседателот на Министерскиот совет и на министерот на надворешните работи.

Застапникот на Министерот за внатрешни работи и Министер за финансии, чиј потпис не јасен, во доверливиот извештај бр. 1009 на Министерството за внатрешни работи од 7 септември 1918 година, за активностите на македонската емиграција во Швајцарија ќе напише:  

Господине Министре, од својот делегат во Женева го добив овој извештај:

Чест ми е да го известам Господинот Министер дека на 12 тек. месец во Женева било одржано едно собрание на Македонците, на кое присуствувале 14-15 лица.

Иницијативата за ова собрание ја зел д-р Коцарев, родум од Охрид, приватен доцент на Женевскиот универзитет, кој од пред 10 месеци има наш паспорт, бидејќи не сакал да се одзве на поканата од бугарските власти, нити да го прими нивниот паспорт. Како свикувач на собранието, д-р Коцарев им објаснил на присутните дека целта на нивниот состанок е да се договорат за да се организираат сите Македонци што живеат во Швајцарија и во странство и да создадат веднаш еден комитет кој би ја раководел нивната заедничка работа. Во почетокот на својот говор д-р Коцарев истакнал дека Македонија не може да и припадне ниту на Србија ниту на Бугарија. Таа мора да биде одделна независна држава, а Македонците, според веќе истакнатиот принцип на „самоопределувањето на народите", имаат да решат каква државна форма сакаат и дали сакаат со нив да бидат во заедница. Развивајќи ја теоријата за потребата од самостојна Македонија, д-р Коцарев укажувал на лошите резултати кои, според него, ги покажала Србија во време на своето управување, а особено го нападнал денешниов државен режим во Македонија кој, според неговите зборови, е многу полош и понеподнослив од српскиот и кому апсолутно не може и не смее да му се верува.

По кратко објаснување собранието преминало на избор на комитет кој би ја претставувал организацијата и во печатот и пред владите, како на војувачките така и на неутралните држави. Според една на собранието подготвена листа во комитетот би требало да влезат: покрај д-р Коцардв од Струга, д-р Шајканов од Кочани (можеби од Штип или од Крива Паланка), д-р Морголијан од Скопје со брата си (Ерменци), двајца Турци, двајца Албанци, еден Грк, а од Србите единствено присутниот Александар Богоевиќ, трговец од Тетово.

Бидејќи на собранието се забележало дека не се доволно застапени сите народности што живеат во Македонија, раководителот на собранието д-р Коцарев предложил изборот на комитетот да не се заврши, туку да се свика друго собрание за избор на комитетот, а дотогаш сите најживо да работат што повеќе да ги заинтересираат своите земјаци, подвлекувајќи дека за тоа што во комитетот не се доволно претставени сите народности, а особено Србите, би им се приговорило дека не работат искрено, па можеби и за туѓа сметка.

"Известувајќи го Господинот Министер за ова собрание, чест ми е да наспоменам дека иницијаторот д-р Коцарев уште од порано е познат како приврзаник на самостојна Македонија, која би имала да влезе во една балканска федерација. Дали тој и во овој случај работи од убедување или, свесно или несвесно, сака да им служи на бугарските интереси во моментот кога се забележува дека Македонија е изгубена за Бугарија, не може засега со сигурност да се рече, но јас ќе водам сметка за неговата понатамошна работа и за се ќе имам чест да го известувам на време Господинот Министер. Што се однесува пак до Богоевиќ, кој, како што погоре спомнав, бил присутен на собранието, него веднаш го повикав и можам да речам дека нема да биде во идната организација ни во комитетот, ако воопшто дојде до нивното создавање".

Чест ми е да ви го испратам горното на Ваше знаење и да Ве уверам во мојата особена почит.“ (Архив СР Србије (Београд), Министарство унутрашњих дела. Избегличка влада. Фонд Крф. Полициско оделење пов. бр. 1009.)

Во 1918 година, под раководство на д-р Коцарев во Швајцарија било формирано „Македонско друштво за независна Македонија“, чија цел исто така се состоела да ја спроведува идејата за независна Македонија. Во тој поглед, посебно место му припаѓа на емиграцијата во Швајцарија, чии друштва се обединија во „Генерален совет“ во Женева, кој развил жива активност во Европа и Америка за афирмација на оправданите барања на македонскиот народ пред Мировната конференција. Генералниот совет најостро реагирал против обидите на бугарските дипломати да истапуваат од името на Македонија. Во еден момент тој побарал од Мировната конференција Македонија да се организира како автономна единица и потоа да се приклучи кон новата држава, позната како кралство на Србите, Хрватите и Словенците (СХС).

Меѓутоа, по војната, ниту едно од барањата на македонскиот народ не било земено во предвид. Париската мировна конференција едноставно ги санкционирала одредбите од Букурешт од 1913 година. Единствена  корекција што била направена е приклучувањето на Струмица и околината со 60 илјади души кон новоформираното кралство на СХС.

(извор: Историја на македонскиот народ, Скопје, 1988 г., стр. 213 – 215; Долументи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, Скопје, 1981 г., стр. 593 - 595) 

Македонска нација

 

На прво место

News image

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Мицкоски: Референдумот нема да успее

Историја

News image

Едмонд Бушие де Бел напишал книга под наслов: „La Macedoine et Les Macedoniens", (Раriѕ 1922, 80, IV. 303)

Едмонд Бушие де Бел, роден на 23 август 1878 година во Везиње, Франција. Завршил класична гимназија ...

Иселеници

News image

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски - најголемиот инвеститор од македонското иселеништво (11)

По осамостојувањето на Република Македонија, господинот Ат...

Култура и туризам

News image

Македонски литературен кружок во Софија

Македонскиот литературен кружок беше формиран во август 1936 година, при редакцијата на весникот „Ма...

Фељтон

News image

Александар Македонски (50)

И овој пат ќе нагласиме дека во изминатите, а и во наредните продолженија ќе се обид...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.